Тувалу ја призна Македонија под уставното име

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
img85559531.jpg


Република Македонија и државата Тувалу вчера попладне, во просториите на Постојаната мисија на Македонија во Обединетите нации, воспоставија дипломатски односи под уставното име и на амбасадорско ниво.

Тувалу е 132 земја која ја призна Република Македонија под уставното име.

Според соопштението од Министерството за надворешни работи, двете земји односите ќе ги развиваат во согласност со принципите на взаемното почитување, пријателство, немешање во внатрешните работи на двете земји, како и признавање на територијалниот интегритет и суверенитет на двете земји.

Тувалу е држава која се наоѓа во Тихиот океан, помеѓу Хаваите и Австралија, во делот на Полинезија. Според пописот од јули 2010 година, во државата живеат 10.472 жители. Тувалу независност од Велика Британија стекнала во 1978 година.

Извор: Точка

Ајде сега сите на одмор таму... :D
 
поен повеќе за нас...не е битно што е мала по население и површина....
 
како стекнале независност,кога пола знаме е од Голема Британија...
добро и овие 10 000 не признаа:sick:
 
Малку е неразбирливо, како им се смееме на Косово кога ќе ги признае некоја Тувалу-like држава, али затоа пак го преценуваме истото кога нам ќе ни се случи.
 
Каква таква сепак е држава, ајде нека се множат државите што не признале со забрзано темпо :)
Што повеќе толку подобро за нас, инаку првпат слушам за државава.
 
дај ние од населбава во прилеп , да се осамостоиме и да ја признаеме Македонија негде околу 3-4 илјади популација сме... :)
 
сега на ред сме самите себе да се признаеме и тоа е тоа
 
дај ние од населбава во прилеп , да се осамостоиме и да ја признаеме Македонија негде околу 3-4 илјади популација сме... :)
тогаш ние од другите населби ќе ве нападниме и ќе ве ставиме по контрола :)
Абе Тувалу независна држава е?
Независна е (не е битно дали имала знаме На ГБ) и Австралија има знам на ГБ...
Членка на ООН е?
членка е од 5 септември 2000та
што повеќе толку подобро...уште 60 земји ја признаваат Македонија под референцата
 
како стекнале независност,кога пола знаме е од Голема Британија...
добро и овие 10 000 не признаа:sick:
И Австралија го има Британското знаме... па никому ништо.

Добри сме, напредуваме. Се ближи денот кога педерите од ЕУ ќе останат сами...
 
Извор... “Точка“ ..... не заебавајте!


Ставајте подобри извори кога отварате вака важни теми!
 
Првпат слушам за земјава,ама во секој случај тенкју вери мач.Не е битно колкава е земјата битно е дека е членка на ОН и дека не призна под уставното име.
 
Извор... “Точка“ ..... не заебавајте!

Ставајте подобри извори кога отварате вака важни теми!
Значи тебе појќе да ти верувам дека лажи точка ,отколку Веста шо е изјавена?
 
баш ми е мило, уште колку вакви држави има за кои не знаеме?
 
Извор... “Точка“ ..... не заебавајте!

Ставајте подобри извори кога отварате вака важни теми!
Значи тебе појќе да ти верувам дека лажи точка ,отколку Веста шо е изјавена?
http://kurir.mk/makedonija/vesti/34716-Uste-edna-zemja-né-prizna-pod-ustavnoto-ime
http://zurnal.mk/content.asp?id=201163011119
http://inpress.mk/?ItemID=58BA49140189D145AB4F8FCA0260D46A
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom