iksimkd
ШшшШшшШ...
- Член од
- 31 јули 2007
- Мислења
- 5.000
- Поени од реакции
- 2.184
Република Македонија и државата Тувалу вчера попладне, во просториите на Постојаната мисија на Македонија во Обединетите нации, воспоставија дипломатски односи под уставното име и на амбасадорско ниво.
Тувалу е 132 земја која ја призна Република Македонија под уставното име.
Според соопштението од Министерството за надворешни работи, двете земји односите ќе ги развиваат во согласност со принципите на взаемното почитување, пријателство, немешање во внатрешните работи на двете земји, како и признавање на територијалниот интегритет и суверенитет на двете земји.
Тувалу е држава која се наоѓа во Тихиот океан, помеѓу Хаваите и Австралија, во делот на Полинезија. Според пописот од јули 2010 година, во државата живеат 10.472 жители. Тувалу независност од Велика Британија стекнала во 1978 година.
Извор: Точка
Ајде сега сите на одмор таму...