Тутуноберачите

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.653
Поени од реакции
15.587
Возраст
71
Локација
Skopje
Не од Коста Рацин, но добро е некој да ја постира после воведов.
А воведот го копирам(да се пофалам и тоа научив пред 2-3 дена) од Драга Кајгана.
-----------------
Тутуноберачи се вративте ли дома.Ги симнавте ли кошевите од добиците. Ги измивте ли рацете.
Што ме потсети ова утро на ова. Можеби сонцево. Веќе почна да пржи,а тоа значи дека тутуноберачите се вратени дома, бар оние на кој им се поблизу нивите. А да и нована тема „Одмор“, а баш студентите порано одморот го поминуваа така и таму на берење тутун и потоа нижење цел ден.Ако има базен во градот можеби и ќе појдат до таму потоа,ама прво тутунот.
А ако е Црна ,Крива или Треска во близина тогаш во река. Баш така беше прашајте ги - моја генерација.
Јас многу години сум одел на ова берење и нижење тутун по прилепските,поречките,велешките и радовишките села,затоа и ова го знам,кога ќе опече сонцете и почнат прстите да се лепат на рацете,време е за назад.
Дали некој сега,годиниве се уште сади тутун.Ако Да,тогаш сигурно се бере на истиот начин како некогаш со раце.
Но има ли раце за берење тутун. Кого сега ќе разбудиш-натераш во темница да стане и да оди на нивата со тутун.
Дали имаме овде Кајганаџии кој утрово биле на берба на тутун
 
Ахх, тутуноберачите. Една од најтешките работи е да береш тутун. Стануваш во 4 сабајле, кога сеуште не се гледа прст пред око, одиш на нива, и почнуваш да ја кинеш зелената нафта :))))). Онака 4 часа си постојано клекнат зе додека не наполниш 2-3 кошници полни со тутун. Се враќаш дома околу 9 часот посабајле и почнуваш да го нижеш лисјата... тке што имаат машини полесно им иде работата, за 4-5 саати завршуваат со работа, но затоа они што го работат рачно окапуваат цела ден со тутунот. Секоја им чест, потоа одкако целиот ќе го нанижат почнуваат да го редат на скелиња со цел побрзо да се исуши. Многу макотрпна работа е, цела ден ти поминува во бирање на тутунот, мала големина, средна и голема. Додајте на тоа што во лисјата можеш да најдеш најразлични видови на инсекти, уште толку погад а ти станува работата :-/. Луѓето кои се бават со оваа работа и немаат некои си добар живот, стануваат во 4 сабајле, а си легнуваат во 9 навечер исцрпени од работата. За нив нема кафичи, музика, филмови,излегување навечер и останување до доцна во вечерта... за нив е одмор ако го фатат дневникот на телевизија па да одмораат 30 минути од работата.
Сум го искусил ова, а и вака кога ќе видиш и не им се исплати многу работата, па ако тука ги додадеме и временските непогоди што ги има во текот на целата година, па тури му пепел

Се извинувам за печатните грешки од мобилен пишував :-)
 
Зелено море ...
16072014150.jpg

Станување во 4 е грешка, тоа само ако денот е влажен (облачно е) и има роса, инаку пред 4 на нива... за враќање кога ќе излезат мушичките и не те оставаат да дишиш... нижењето рачно плус машински, Од годинава им ги забранија машините кои го шијат тутунот затоа што по некоја логика нивна, на компаниите, таквиот тутун не бил квалитетен, после 50 години употреба на истиот тип машини. Значи само рачно или машини „бодалки“ (со касети). Пружирањето под скеле (со најлон е зафркнато иако краткотрајно) Замисли сауна+ мушички + миризба + тежина во кревање и местење на низите. И така ката ден од пред Вртолум па одмораш на св. Наум, на Иванден, на Петровден, Павловден , Илинден, Пантелемон, едната Богородица, другата Богородица, Крстовден... десетина денови од почеток на јули до средина/крај на октомври... зависно кога ќе падни слана (ноќе ќе е минус температурата и тутунот (водата во него ) ќе замрзни на нива.
 
Баба ми и дедо ми секоја година сејуваат 6+ декари тутун и сами двајцата го работат е се по 60+ години. Стануваат секое утро во 4:00 и од 4:30 се на нива и берат до 9:30, потоа одмараат до 14:00 и го нижат на машина. Сум берел и јас тутун, не е нитумалку лесно, но сиот труд се исплаќа на зима, во јануари кога ќе го бројат купчето со пари кои макотрпно ги заработиле. Не е ниту најмалце лесно ова.
 
ептен се исплаќа трудот,ќе ги дупчат околу цената на тутунот и дали тутунот е прва класа или не.Само за помалце пари да добијат.

Иначе има и машини за нижење тутун,листовите се редат на рака,одат на лентата,се пушта после машината и автоматски ги прави низите со тутун.После тоа се сечат на доволно големи парчиња за да се закачат под скеле.А тоа е тешко на таа температура.Тешко мачно и мирисот е загушлив.
Има и мака околу чистењето на рацете од кога ќе се заврши со работа :D
 
Тоа дупчење го има само кај нас, оти имаме добра влада. Во други земји не верувам да е така, да има толку разврски околу цената за тутунот.
 
ептен се исплаќа трудот,ќе ги дупчат околу цената на тутунот и дали тутунот е прва класа или не.Само за помалце пари да добијат.

Иначе има и машини за нижење тутун,листовите се редат на рака,одат на лентата,се пушта после машината и автоматски ги прави низите со тутун.После тоа се сечат на доволно големи парчиња за да се закачат под скеле.А тоа е тешко на таа температура.Тешко мачно и мирисот е загушлив.
Има и мака околу чистењето на рацете од кога ќе се заврши со работа :D
Ај прочитај ме погоре и стегни на линкуваниот текст. Инаку Годинава шетаат оф одкупните по куќи и ниви, Ако видат нешто што не ги бендисува или деца на нива прести се од договорот а и од откупот...
 
Јас лично не сум берел тутун, ама верувај дека и денес постојат вистински берачи на тутун. Ако ги бараш таквите, оди во Крушево......, дури во 4 саат насабајле стануваат, кога е темница за да берат тутун..... и тоа не го прават само постарите, тоа го прават и помладите луѓе кои имаат дваесетина и нагоре години:)
 
Абе какво 4 сабајле, баба ми кажуваше во 2 станувале во 3 веќе почнати да берат.
 
Абе какво 4 сабајле, баба ми кажуваше во 2 станувале во 3 веќе почнати да берат.
Сепак тоа е индивидуално, но како и да е тука некаде стануваат да берат и како и да е, сепак е рано:)
 
Сепак тоа е индивидуално, но како и да е тука некаде стануваат да берат и како и да е, сепак е рано:)
За мене (индивидуално) тоа е касно...Тогаш легнувам да спијам кога сум изморен од седење на компјутерот :D
 
За мене (индивидуално) тоа е касно...Тогаш легнувам да спијам кога сум изморен од седење на компјутерот :D
Да, но затоа си легнуваат во 7, а стануваат во 3 навечер, ама затоа и добиваат нешто наречено пари, а ти стануваш во 2 на ручек, си легнуваш во 2 навечер, не добиваш пари, а добиваш мамурлак и уништување на видот од компјутерот :)
 
Точно.
 
Анчо ти нели беше стар скопјанец? Шо бараш да береш тутун, пази си ги голубите.
 
Back
На врв Bottom