Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
Не од Коста Рацин, но добро е некој да ја постира после воведов.
А воведот го копирам(да се пофалам и тоа научив пред 2-3 дена) од Драга Кајгана.
-----------------
Тутуноберачи се вративте ли дома.Ги симнавте ли кошевите од добиците. Ги измивте ли рацете.
Што ме потсети ова утро на ова. Можеби сонцево. Веќе почна да пржи,а тоа значи дека тутуноберачите се вратени дома, бар оние на кој им се поблизу нивите. А да и нована тема „Одмор“, а баш студентите порано одморот го поминуваа така и таму на берење тутун и потоа нижење цел ден.Ако има базен во градот можеби и ќе појдат до таму потоа,ама прво тутунот.
А ако е Црна ,Крива или Треска во близина тогаш во река. Баш така беше прашајте ги - моја генерација.
Јас многу години сум одел на ова берење и нижење тутун по прилепските,поречките,велешките и радовишките села,затоа и ова го знам,кога ќе опече сонцете и почнат прстите да се лепат на рацете,време е за назад.
Дали некој сега,годиниве се уште сади тутун.Ако Да,тогаш сигурно се бере на истиот начин како некогаш со раце.
Но има ли раце за берење тутун. Кого сега ќе разбудиш-натераш во темница да стане и да оди на нивата со тутун.
Дали имаме овде Кајганаџии кој утрово биле на берба на тутун

)))). Онака 4 часа си постојано клекнат зе додека не наполниш 2-3 кошници полни со тутун. Се враќаш дома околу 9 часот посабајле и почнуваш да го нижеш лисјата... тке што имаат машини полесно им иде работата, за 4-5 саати завршуваат со работа, но затоа они што го работат рачно окапуваат цела ден со тутунот. Секоја им чест, потоа одкако целиот ќе го нанижат почнуваат да го редат на скелиња со цел побрзо да се исуши. Многу макотрпна работа е, цела ден ти поминува во бирање на тутунот, мала големина, средна и голема. Додајте на тоа што во лисјата можеш да најдеш најразлични видови на инсекти, уште толку погад а ти станува работата :-/. Луѓето кои се бават со оваа работа и немаат некои си добар живот, стануваат во 4 сабајле, а си легнуваат во 9 навечер исцрпени од работата. За нив нема кафичи, музика, филмови,излегување навечер и останување до доцна во вечерта... за нив е одмор ако го фатат дневникот на телевизија па да одмораат 30 минути од работата.