Турски / Индиски / Шпански и останати „Ш“ серии - тема само за хејтери!

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
И јас немав комодоре, видеото ме спаси... sort of... сите филмови Американ Нинџа со Мајкл Дудикоф ми се гледани по 18 пати :pos:

:pos:Мајкл Дудикоф. Нико покасно излезе од Нинџата? Кај мене во селово секој филм до ден денеска со Стивен Сигал се вика Нико. Кога ќе излезеше филм со него се праеше муабет, го имаш гледано најновиот со Нико? Ако не се сигурен за кој се работи се прашуваше тој што му ја силоваа женската или пак тој што му ја отепаа фамилијата?
 
Три години покасно, веќе имаше два дела од Нинџата. :) А имаше и со оној другиот нинџа, Шо Кошуги :) Nine deaths of the Ninja! :)

Иако тие филмови веројатно сме ги гледале со 4-5 години доцнење, ама во видеотеките беа апсолутни хитови, поим за филм беа :) Во тоа време Династија растураше на ТВ, а како што знаеме сите, Династија е виновна за сите овие Ш/Т/И/ серии денес... да можам да се вратам во времето, ќе ја спречам Династија да излезе :)
 
Ама ај што ги има многу...него и се репризираат за кратко враме,демек по барање на гледачите...мижи Асан да ти бајам.
Незнам дали Радиодифузија гледа и дали има ингиренции...да ги опомени,затоа што не отрува.

Па види вака.. има вистина во тоа дека одредени бараат повторно да се репризирааат серииве.... а сега ќе ти објаснам зошто.. :D
Баба ми пример.. без разлика колку репризи да гледа од сериине,секојпат исто ги доживува и притисок и се качува и плачки лелекања.. после цел ден е тажна или нервозна зошто на малечката невеста и паднало китчето од глава:D и сега ти замисли да има во државава бар 500 ко баба ми :D (а ги има сигурно)... одма ти станува реална можноста навистина гледачите да бараат да се репризираат одредени серии
 
И јас немав комодоре, видеото ме спаси... sort of... сите филмови Американ Нинџа со Мајкл Дудикоф ми се гледани по 18 пати :pos:
you, lucky bastard! :D:D
--- надополнето: 25 мај 2012 во 17:33 ---
:pos:Мајкл Дудикоф. Нико покасно излезе од Нинџата? Кај мене во селово секој филм до ден денеска со Стивен Сигал се вика Нико. Кога ќе излезеше филм со него се праеше муабет, го имаш гледано најновиот со Нико? Ако не се сигурен за кој се работи се прашуваше тој што му ја силоваа женската или пак тој што му ја отепаа фамилијата?
оној што му ја скрши кичмата...
--- надополнето: 25 мај 2012 во 17:35 ---
Кај мене во селово секој филм до ден денеска со Стивен Сигал се вика Нико. Кога ќе излезеше филм со него се праеше муабет, го имаш гледано најновиот со Нико?
врв!:cuc::cuc::cuc:
 
Аман до кога вака,до кога..... :mad:
Гла не можи да се крени,не највасуваат со 24часа би требало да имаме по 25-26 часа дневно за да можат и репризите да ги даваат од турскиве...
Почнав да ги хејтам ова не го бива сигурно од 10 серии ќе ми се бендисат две,ама ова не се трпи само турско,турско,турско...
 
Enjoy
Не бе луѓе крај нема ова......нема светло на крај на тунелот.

И ни иди уште една најгледана, феноменална, неповторлива, серија која ќе не остави без здив и тако даље и тако даље.
 
Три години покасно, веќе имаше два дела од Нинџата. :) А имаше и со оној другиот нинџа, Шо Кошуги :) Nine deaths of the Ninja! :)

Иако тие филмови веројатно сме ги гледале со 4-5 години доцнење, ама во видеотеките беа апсолутни хитови, поим за филм беа :) Во тоа време Династија растураше на ТВ, а како што знаеме сите, Династија е виновна за сите овие Ш/Т/И/ серии денес... да можам да се вратам во времето, ќе ја спречам Династија да излезе :)
Не ја потценувај Враќањето во Идн со култната сцена змија во послужавник што се кажуваше три години по прикажување. Уф колку бевме смотани, ако не беше ноќната програма и хрватите да даваат Монти Пајтон или пак Црна Змија ќе бевме ептен затупени. Кога ќе дојдеа нашите, Србите, Босанциве да бидат главни пошто се ротираа сите телевизиски центри се некој глупи серии се даваа во ноќната програма.
 
Враќањето во Идн кратка серија беше, Династија не заврши додека секој не не го заеба секого... :) Не памтам што каде се даваше, ама сите глупи серии заедно од тоа време не се ни приближно до ова што сега оди во етер... ни фалат специјализирани телевизии, една телевизија што ќе пушта само спорт, една што ќе пушта не-турбо-фолк музика и една за вистински серии и филмови...
 
Ах... Индиските серии :love:

Таму едно да се разбериме - нема глума. Се е направено според вистински случаи, исто како овој ремек дело "спот"


Тек на 3:04 кога прави "Draw me like your french girls" поза :icon_lol:

Урнебес е еј. Цел ден го ммкам.
Тининини нииии нининини :giggle:
 
Вие не сте отвориле на Фемина да видите во темата за Величествениот што се случува :pos:


24 Мај 2012, 22:38
Не бре какво знаење..Хатиџе незнае како се вика.Таа изгубена во просторот и во времето е па уште да предосеќа.
emoticon-0112-wondering.gif
(за Ибрахим и Нигер)
Епа Паша ...се гледа твојот крај.Скулптура ќе си правел.хаха..
Алчноста и желбата за власт ќе го понесе кон дното !
Валиде Ајше Величествената-ќе го мажела Мустафа за Ајбиге од Крим,за да не ја доживеала втората Хурем.(за Нора се мисли) Изгледа В.Султанка си замислува дека еден ден Махи ќе биде Величествена а Мустафа светски султан па Нора ќе му го одземе паметот и ќе ја венча.(Всушност добро е школото на Хурем)
emoticon-0102-bigsmile.gif

Ама ај,да не се секираме - сите го знаеме ова-Хурем и се е можно.
Ќе се смисли нешто и таа венчавка нема да се реализира.
emoticon-0116-evilgrin.gif


Sara123



331452
Мислења: 1266
Зачленет: 30 Мај 2011, 19:46
Локација: Во тврдината каде што сум Император-ка
http://www.youtube.com/watch?NR=1&a ... jiAsOZxSWI

Hurrem Sultan - Ante Portas

Еве уште еден пациент од многуте:pos:


17 Мај 2012, 00:46
Кучките Махидевран и Валиде остај тоа што и спремија стапица на Хурем туку и се погрижија за нејзините соучесници (Ѓул ага затворен во перална а Нигар кај Махидевран демек коската ја советува/предупредува ако сеуште и помага на Хурем не ќе биде добро за неа) направија се за да ги спречат да бидат таму со Хурем и да и помогнат. Ајбиге ангелу Даје и ти исто
emoticon-0106-crying.gif
... Кога ја видов Нора како се обидува да ги спречи робинките да и се приближат на Хурем на момент ме посети на Нилуфер...
Леле како ме изнервира таа робинката со слама косата и како гоблин у суратот - водичот на робинките проклета да е ми ја изгоре Султанката
emoticon-0121-angry.gif
Ама знам дека Хурем ќе им врати мило за драго can't wait
emoticon-0130-devil.gif

Заборавив да спомнам уште едно thanks на Хатиџе, ма да она повеќе верувам дека го направи тоа како обврска за да и врати на Хурем кога она на неа и помогна а и најверојатно за да ја спречи мајка си и Хурем да не ја влошат бетер работата за после Сулејман да не ја замрази мајка му. Али Хурем како Хурем нема да дозволи да мислат дека е поразена и си се врати назад во Топ Капи сарај и тоа одма појде во одајата на Ајше додека Махи беше таму и им го покажа нивното ремек дело (нејзиното изгорено лице) и им кажа дека е далеку од поразена и дека секогаш ќе се врати се посилна и посилна
emoticon-0178-rock.gif
А тие кучките какво само лицемерие и безобразлук невиден!Сите три ја знаат вистината ама овие кучките уште и викаат
“со помин да е“ па уште прават фаци демек згрозени од гледката и како демек жал им е за неа и тврдат непотребни лаги дека тие немаат никаков удел во оваа работа
emoticon-0114-dull.gif
А кога Хурем им кажа дека испратила писмо до Сулејман за нејзината состојба и тоа потпишано од Даје, срцето у пети им слегло на крвопијките
emoticon-0116-evilgrin.gif
(Махи стварно личи на вампир -да не се повампирила? Целата бледа во костур фацата)

Кутра Даје само си ја врши работата (она неутрална е) не го заслужува ова од Ајше ама дека она и помогна на Хурем па затоа сега ќе биде неправедно казнета. Леле леле како ме изнервира тоа гнасно копиле Ибрахим
emoticon-0183-swear.gif
Со кој памет крие таква информација од Сулејман, нормален ли е???
Тој, Валиде, Махидевран не се свесни со каков непријател од сега понатаму ќе се соочат хахахах Кога тие и удираат шамар Хурем им враќа тродупло али сега - бегајте спасете се(ако можете ) Затоа што сега Хурем ќе почне да напаѓа со сета сила и нема жалење за никого. Сега и да се претвори во монструм има и зошто!
1.gif

9411f2ad.gif

prokletidiot.gif

А за тие радозналите како мене што сакаат да видат што ќе се случи со таа што ја изгоре Хурем
бујрум повелете отворете го спојлерот
Скриен текст: сокриј
3d95633c35c3d29f39df605ef40de90f.jpg




Hurrem-Aleksandra



82160
Мислења: 137
Зачленет: 13 Мар 2012, 02:57
Локација: А битно ли е?

Мислам океј и јас ја гледам серијава, ама не навлегувам во вакви детаљи и не се соживувам до толку со ликовите па да правам gif. сликички кај што им ги горам фаците. Сешто.
 
Допрва ќе ги видиме последиците од ваквите срања кои се мотаат по телевизиите. Уствари веќе ги гледаме. Еве во градинката кајшо оди внук ми, за први април 90 посто од децата беа максирани во ликовите од Султанот и Долина на волците. Да не беше жално, ќе беше смешно. Ама не се децата криви, туку родителите кои плачат за стап.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom