Турнир во CS 1.6 од Гејмзоун-МК

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
идам и јас ако има место нормално :)

Кој успее да му даде нож на TonInter влегува во тимот. Јас веќе сум му дал повеќекратно, така да треба и лидер да бидам. Си знае Тони на какви тактики изгуби против нашиот underdog тим, значи ќе ви бидам ко Мурињо!

Wot ќе ни биде најјак, ама ќе пишеме сите дугачки имиња за да не знаат кој е кој од прва и да се плашат од сите нас!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Јас сум за, ако сака некој да направиме еден нов и привремен кајгана тим :)
И јас сум за ама викам пошо ке има повеке пред тоа на некој сервер да исплешеме една партија до две ради селекција.
 
Онлајн турнир на кој не се плаќа учество со непозната организација ( простете ми ако само јас не ве знам ) .Од 32 екипи што ќе се пријават да речеме 10 нема да им текне дека се пријавиле и кога треба да и граат , 10 ќе играат со скроз други играчи од тие што ги пријавиле 5-6 ќе бидат реалативно активни и ако стигне лигата до таа фаза на четврт финале ќе наликува на онлајн лига горе долу..Плус онлајн ништо не е сигурно така да наградите може и да не се добијат а може и да исчезне целата организација 5 минути по одигрувањето на финалето ( доколку се дојде до истото ) . Не ме сфаќајте погрешно не хејтам него од искуство ви кажувам како ќе биде од прилика :) доколку ви се пука асално каман во сабота у инсомниа железара лан турнир со плаќање учество некако поцивилизиран настан :) доколку зборуваме само за забава и отидено време од мапа две тогаш онлајн океј е , доколку се спроведе како што треба секако :) поздрав до организацијата

Убаво кажано, но непозната организација?
Се разбира дека сме непознати и правиме нешто, т.е. креираме искуство за да луѓето после би збореле или лоши или добри работи за нас, сфаќаш?
Ако ние не играме стегнато и ги држиме сите други под конец, лесно ќе се распадне турниров, но доколку не е така - тогаш добар глас ќе не бие, и нема да има потреба од инсомниа и незнам што ;)
 
Кој успее да му даде нож на TonInter влегува во тимот. Јас веќе сум му дал повеќекратно, така да треба и лидер да бидам. Си знае Тони на какви тактики изгуби против нашиот underdog тим, значи ќе ви бидам ко Мурињо!

Wot ќе ни биде најјак, ама ќе пишеме сите дугачки имиња за да не знаат кој е кој од прва и да се плашат од сите нас!
Повеќе сум по снајпер одколку по нож ..:)
 
Повеќе сум по снајпер одколку по нож ..:)

Баш со снајпер ако ти дојдат на кампингот треба да ги заколеш!

Плус на CW со нож одлучуваме на почеток кој ќе биде кантер и кој ќе биде терор!

Unacceptable!
 
Убаво кажано, но непозната организација?
Се разбира дека сме непознати и правиме нешто, т.е. креираме искуство за да луѓето после би збореле или лоши или добри работи за нас, сфаќаш?
Ако ние не играме стегнато и ги држиме сите други под конец, лесно ќе се распадне турниров, но доколку не е така - тогаш добар глас ќе не бие, и нема да има потреба од инсомниа и незнам што ;)
Види , го почитувам тоа што се трудите , секако добро е да се проба доколку имате услови ,луѓе и капацитет да го направите турнирот како што треба , секоја чест :)
Но ако зборуваме за нешто попрофесионално да кажам тоа мора да биде лан.Така да поголемиот дел ( мада малку ги има ) од активните и поуспешни играчи нема да учествуваат на онлајн турнир , уште помалку доколку се сомневаат во организацијата :D
Со среќа уште еднаш , ќе пробам да го проследам турнирот да видам баш како ке се одвива :)
 
Би играл, ако не се лути wot дека нема да биди најак во тимот ако играм јас :$
 
Абе ви треба нубче за играјач? Не се нервирам лесно, а и не користам микрофон, така да нема ни да ве пцујам:D, само ќе слушам што ми викате:LOL:
 
Епа ајде дајте стимови, или било каков друг контакт да се договориме и да пријавиме едно „Кајгана.про“ тимче. :D
 
Епа ајде дајте стимови, или било каков друг контакт да се договориме и да пријавиме едно „Кајгана.про“ тимче. :D
Јас веќе го пишав тоа, ама сеуште чекам да се пријават уште 5-6 души за да склопиме тим.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom