Turkish Airlines EuroLeague 2024/25

Кои тимови покрај Реал, ПАО и Олимпијакос ке одат во четвртфиналето?


  • Вкупно гласачи
    33

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.298
Поени од реакции
7.025
Басконија - Болоња, што беше ова драги гледачи :pos:

Водство на Басконија 2 разлика, 10 секунди до крај и 2 слободни. Промашува првото, погодува второто, Виртус тргнува во напад. И очигледно, играчите на Басконија не му е позната старата ЈУ школа, односно правилото кога водиш 3 разлика и има помалце време од 24 секунди, се прави фаул за 2 пенали, од кај знаеш дека ќе ги погоди и двете, а и да ги погоди имаш 1 разлика и твоја топка :LOL: како што спомнав, Виртус тргнува во напад, во последна секунда (1.9 до крај т.е.) постигнуваат тројка под фаул, и на крај добиваат. Циркуз е Евролига годинава дефинитивно..
Многу јаки утакмици вечерва, како и цела сезона впрочем, Монако го тепа Фенер 30 разлика во Истанбул, Алба-Партизан, Басконија-Болоња и Баерн-Макаби утакмици на 1 посед буквално, глеав прво полувреме Реал-Жалгирис, сеа пак гледам и ептен ќеиф ми прави ова што им се дешава на Реал сезонава, му ебам фаците штакорски на Љуљ и Кампацо..

Многу, многу луда Евролига сезонава, (речиси) секоја утакмица е уживанција за гледање. Обожавам дупло коло, реално изгледав можеби 80% од утакмиците (што директно, што репризи).

Звезда прва и единствена непоразена сеуште, Париз губи дома од Звезда и на гостински кај Милано, па го победува актуелниот шампион Панатинаикос и еве со Баерн е натпревар на 1 топка. Партизан по стартните 2 порази, сега има 2 победи по ред и наредно коло дома со Болоња. Реал се мачи сезонава и во домашно првенство, по првите 3 кола во ЕЛ веќе има 2 порази од Басконија и Баерн, утакмици што до лани му беа чиста рутина, а вечерва без преголеми напори го победи Пао (настрана 4 разлика на крајот, најголем дел од времето Реал имаше двоцифрена предност). Милано ја фатив малце, водеа 27 разлика во 25-та минута дома против Жалгирис, на крај изгубија 3 разлика, полоша екипа немам искрено видено (во смисла ОГРОМЕН буџет, никаква игра - дај му ја на Шилдс во напад или на Миротиќ, другите нека се тргаат на страна, жал ми е за Димитријевиќ, тешко да ја организираш таа банда без команда, колку и да си добар). Барса изненадувачки добра, и покрај кратењето на буџетот и се, ќе видиме утре против Звезда. Мислам дека сезонава ќе биде ЛУДНИЦА, ама буквално ЛУДНИЦА до последно коло и дека е намалена разликата помеѓу екипите (уствари, АСВЕЛ и Алба пак ќе бидат доле, мислам дека и италијанските екипи Армани и Болоња ќе бидат тешки дупки оваа сезона, меѓутоа со поголема шанса да забележат некоја победа од лани кога имаа 5 и 9 победи). Позитивни изненадувања, освен стандардните нели ми се Париз, иако играат 1-2, сепак се покажаа како доста заебани и можат многу скалпови да земат, понатаму Жалгирис кој што веќе е на скор 3-1, другите во рамките на очекувањата..Разочарување ми се италијанските како што спомнав погоре, како и Реал кој што не успева да го надополни отстуството на сенаторите од лани - фалат многу Руди, Чача и покрај тоа што веќе во одминати години, сепак самото влијание во соблекувалната си носеше позитивни работи, исто како и Поириер и Јабуселе.
Near нострадамус, ова е пишано по одиграни 3 кола :LOL:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.603
Поени од реакции
115.047
Fala kurcu i Partizan da dobie tesna utakmica.
Али како... Нереална екипа се понекогаш, мислам дека Жељко тироидна и шеќер ќе добие од нив, ако веќе и нема добиено после се што се дешава. Не може бе цела утакмица да водиш и на крај да се погубиш тотално, да губиш 88-84 и да се вадиш у последни моменти. И ај све тоа ок, ама кога дојдоа на 2 разлика и 1.7 секунди до крај, како бе може таква аматерска одбрана да изиграш? Па 95% се знае дека ќе иде цепелин, немаат време ебаве идиотите умрени. Вања кој си бе ти мајмун еден мајмуносан, те пофали пола свет за одбраната против Пао и сеа све ќе посереше за малце. И ај што направи фаул, тој кретенот го утна првото, второто сакаше намерно да го утне и зема го погоди :pos: , ама што направи Дејвис после тоа.... :facepalm::facepalm::facepalm: Не сфаќам како може да се случи на професионален кошаркар такво нешто, Жељко да можеше ќе го убиеше на лице место. Значи му прават одма фаул овие од Алба, ликот првото го утна ајде ок, се дешава, ама второто само требаше намерно да го промаши за да истече времето, или да го погоди сеедно зашо овие немаа тајм аут, а имаше 1.6 секунди до крај, а ликот зема ја наби топката у табла божем фрла ѓуле, да му ебам се неписмено. Жими мајка не сфаќам како е можно професионален играч да го направи она, сум играл кошарка и играм се уште и не капирам како може да ти се деси онакво нешто. Среќа немаа Алба тајм аут па мораа да изведуваат од нивна половина, али фалеше да погодат некој циркузантски шут и Жељко официјално да се самоубие сред Берлин со сите почести.
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
850
Поени од реакции
2.542
Е Партизан Партизан, дрва некастрени небањати. Ќе играте плеј ин на куров со порази од Виртус и Асвел да ви ебам умрените.
Многу повреди имаат,и во петок ќе изгубат од Ефес на гости.Добра серија имаа во секој случај пред денешната утакмица.
Автоматски споено мислење:

Сезонава кога го гледам ме потсеќа на Ларкин во сезоните 18-19/19-20/19-20 кога му немаше конкуренција и беше класи над сите .
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.603
Поени од реакции
115.047
Многу повреди имаат,и во петок ќе изгубат од Ефес на гости.Добра серија имаа во секој случај пред денешната утакмица.
Сеедно, оваа мораа да ја добијат. Не може да се надеваш на нешто повеќе со порази дома од екипи како Виртус, Асвел итн. Имаш водство на полувреме и дозволуваш бродолом во 3/4, во 4/4 никаков притисок, глупирања и еден куп промашени слободни фрлања.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom