VOLK2234
еврофоб и хомоскептик
- Член од
- 16 септември 2008
- Мислења
- 5.517
- Поени од реакции
- 4.387
Турците се подготвуваат да окупираат остров во Егејско Море

Грчките вооружени сили се во состојба на највисока борбена готовност, бидејќи Турците се подготвуваат да окупираат еден остров во Егејското море, пишува во своето денешно издание грчкиот весник “Авриани“, пренесува Нетпрес.
“Со нескриена поддршка од САД, провокациите на Турција во Егејското море, ескалираат и се на пат да доведат до нова Имија“, коментираат за весникот извори од грчкото министерство за одбрана.
Имија се два мали ненаселени острови, кои Турците ги нарекуваат Кардак, и кои во јануари 1996 година беа причина за конфликт меѓу Грција и Турција. Тогаш двајца турски новинари, на едниот од островите поставија турско знаме, на местото на грчкото, кое пак таму било ставено во 1995 година. Веднаш потоа 24 воени бродови на грчката морнарица го опколија островот. Конфликтот, познат како Кризата со Имија, беше решен по неколку дена по дипломатски пат. Двете држави беа приморани да ги повлечат воените сили од тој реон.
“Воената агресивност на Анкара со план за дестабилизиација на Грција, е подготвена по рецепт на тајните служби на САД, чија цел е соборување од власт на непожелните“, додава во својот текст денеска грчкиот весник.
Грчката опозиција бара свикување на Националниот совет поради состојбата со Турција

Грчката коалиција на радикалната левица “Сириза“, настојува за свикување на вонредна седница на Националниот совет за надворешна политика поради ескалацијата и затегнување на состојбата во реон во Егејското море на границата со Турција, објавува весникот “Навтемборики“, пренесува Нетпрес.
Според текстот, писмото со барање, “Сириза“ го испратила до министерот за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани. Во него било наведено дека свикувањето на Националниот совет е неопходно за да биде дефинирана позицијата на Грција.
“Големо беспокојство дава последниот развој на случувањата во Егејско море, за што е нужно да биде дадена информација“, било посочено во писмото на “Сириза“, во кое биле наведени и провокациите на турски воени авиони насочени кон Грција над одредени острови во источниот дел на Егејското море.
Интересно
http://netpress.com.mk/vest.asp?id=47716&kategorija=5