Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
-До каде, лепи?
-Шознам, не ми се иде нигде.
-Не дупи бе, ако се возиш, кажи. Ако не, искачај. Не се ебавам со таксиво цела вечер за да ми се клибери некој шупак без попаметна работа.
-Кај да идам бе чичко? Ај ти кажи ми. Мене све ми е скурчено.
-Абе иди лечи се пизда ти материна наркоманска.
-Немој така бе шефе. Држи пеес' денари. А сеа кажи ми кај да идам.
-Ти сериозно? Од скриена камера да не си? Неам време за вакви срања.
-Држи уше пеесе. Не бе, мртов озбилен сум. Секоја вечер искачам од дома и се качувам у такси. Неам кола а ме мрзи да се шетам. Битно ми е да стасам негде. Али сите улици ги измерив више, нема каде.
-Добро бе, ти работиш нешто?
-Студент, чичко. Моите ме плаќаат да ги секирам.
-Лесно ти е тебе. Ја треба фамилија да издржавам. Неам време за досада. Мора напред да се тера. Шо не стиснеш зуби и почнеш да праиш нешо со себе? Млад, здрав, прав а се лигавиш. Како не ти е срам?
-Напред, јасно. Али на каде? Тоа и те прашувам од прееска. Сакам да најдам нешо интересно. Уметност, култура, живот. Знаеш како иде тоа. Образован чоек, софистициран вкус.
-Мала станица сакаш?
-Не бе, сум бил таму. Тапа е некако. Пуно снобови. Купуваат култура за еспресо од шеес денари.
-Серко. Епа кај да те носам? Не ти е ова Париз, ебате.
-Ти кажи ми.
-Ти само за у лудница си бе.
-Нц. Неќу таму. Лоши дроги даваат. Те праат ко таксиста у три сабајле, без навреда.
-Значи те потрефив. На вена си, а? Од такви ко тебе ми се лоши. Треба на клоци да те избацам.
-Грешиш, чичко. Не сум на вена, на воздух сум. Али и тоа е превише овде. Извини за гњаважата. Идам ја.
-Чекај бе, земи парите. Нигде не те однесов.
-Задржи ги. Да имаше каде, ќе ме однесеше. Идам надвор, на улица. Нема дестинации више. Остана шетњата само.
-Како ќе кажеш, мали. Господ нека ти е напомош.
-Важи. Се глеаме.
-Пријатно.
 
Улицата, сељачаната и мостот на желбите

За да купиш поклон во кој ќе учествуваат твоите 100 денари, потребно е истата сума да ја извадиш во пијачка или јадење. Секогаш општо прифатено правило е дека за роденденски поклон во кој даваш 100 денари минимум е дозволен келепур во неодредени количини. Беше 11 септември, ноќ во која според наши пресметки на роденденската забава требаше да испиеме 5 пелинковаци за да си ја извадиме сумата што ја дадовме во пари. И другарот сакаше поклон пари, и сите задоволно поминавме само со пари, без некоја креација, која изгледа не не' напушти изминатиов период, па се дружеше со нас повеќе отколку што очекував.

За 7 души по 100 денари, 700 денари за еден се премија. Уште кај вратата од пивницата не' пречека извесен М. од село Велмеј, за кого повеќето сигурно сте слушнале за таа случката кај што го фатија кај шо се шлепат со други мажи.
Сакав да се изнасмеам гласно, ама културата не ми дозволуваше па се смеев во желудников, и во тој момент помислив дека во иднина треба да го проширам или да земам старо за нов, или да земам уште еден плус, овој веќе парче го направив од смеење внатрешно.
М. од село Велмеј, стресе поприлично убава глупост со која уште повеќе ми идаше да се насмеам, рече:
- Ако после 12 сатот ме видите случајно да паничам, бегајте в ќош.

Влеговме шо влеговме, му честитавме на другаров, таа пивницата личеше на ходник, а ние бевме сместени баш в ќош, па у курац да немаме кај да бегаме. Столчињата беа едвај 20-30 сантиметри, па стоев исправен потпрен на еден камин, кој имаше неколку исцепени дрва под него, кои не знам по која случајност се погодиле тука, изгледа некој знак да можам да се мавнам во глава со нив во случај на бескрајна агонија од тоа место.

Тој певаљката првото нешто што го стреси беше - Ако имате некоја идеја како да го подобрам евентуално настапов, пишете ми на Фејсбук.
Ние нормално, немавме Фејсбук, како и сите нормални луѓе кои немаат Фејсбук. Почна со "Она је лепша од ночи" и од околу гледаш како почнаа да се кршат чаши, па едни питекантропуси си ја потпевнуваат со усните по малку, тивно ама сигурно во тоа што го пеат.
Таму на другиот крај, еден австралопитекус цела ебана вечер седеше со криглата в рака, испиено пиво, и само гледаше во неа. Сигурно имал некој тежок ден.
Наоколу сегде опкружувани од грди фаци додека уживавме во втората тура пелинковаци. Грди фаци, машки и женски, ама и некоја грда аура ширеа. Ми се чинеше дека подобро би гледал 2 епизоди по ред од Забранета Љубов отколку да одам уште еднаш на онакво место. Другаров му рече на славеникот дека си одиме до 12 сатот, инаку во спротивно ќе умриме сите тука.

Додека си правевме сами забава опкружени со раслечени орјаци од кои течеше водопад, падна кладба дека не сум можел на певаљката да му речам да ја испее "Нисам добар био". Јас пак, ретко кога толку самоуверен ојдов да го прашам, па ми рече дека ја немал во компјутерот ама и не знаел да ја пее.
Ја завршивме петтата тура пелинковаци, и за среќа ниедна чаша не заскита кај нас, а не пак нешто друго. Излеговме точно во 12 и 05, и првото нешто кога излегов го слушнав еден другар кај што се раздери дека на вакво место повеќе не одиме. Јас се сетив на онаа од Саут Парк дека научивме нешто од ова, а и стварно научивме повеќе таму да не влезиме, или да влезиме ама за сума од 5 цифри, иако сумљам дека е вредно и за толку.

Немав никакви симптоми на нетрезен, случај во кој не си трезен целиот, а јас за прв пат ништо не осеќав, уствари, не осеќав дека сум испил и толку, што за некого се многу малу, за некого не се. Се стресија неколку глупости по пат како и по обичај, па овај новиов мост од Велија не го имавме испробано па се упативме таму.
Па ко одиме да ти се викал Мостот на желбите, и на средината од мостот се поставени сите хороскопски знаци, па да застаниш кај својот и да фрлиш паричка и замислиш желба и ќе ти се исполнит. Јас првин застанав по грешка кај Стрелец, место кај Јарец, па незабележително одма застанав кај Јарец, па видов дека немам железна паричка и фрлав книжна.
Одсекогаш сум замислувал здравје, пари, среќа. Здравјето го немало, парите ги немало, среќата уште помалце. Сега за прв пат во мојов живот замислив желба не да имам нешто што го немам, туку да ми остане тоа што моментално го имам. Сигурно ја посакав толку силно за да поминам уште еднаш на тој мост со некоја нова желба спремана од дома.
Најголемиот првенец во грешење на знакот беше еден другар, кој цели 10 минути седеше кај Стрелец место кај Шкорпија, па ние од далеку моравме да му викаме дека не се наоѓа кај неговиот знак. Имено овој истиов слави роденден во Ноември, беше сабота и обичен ден во кој ние незнаевме дека има роденден. Па излеговме вечерта и на крајот тој се понуди - Абе јас частам роденден имам денес, не ми текна, видов на Фејсбук.

Легендарно за крај игравме фудбалски асоцијации, јас одма го погодив Ѕола и имав веќе 5 поени од старт, после не им теквеше на другите за Јон Дал Томасон, и пак собрав уште 5 поени и бев прв. Све на све прекрасно помината вечер со многу поуки, многу желби и многу сеќавања на детството кое цело го поминав на улица, место каде што се воспитав многу, и да не беше немаше да имам 3 конци на прстов и по 2 на три места на вилицава.
 
Сигурно песните на The Temptations смируваат додека ги лупиш пиперките за ајварот, упс се извинувам ајверот, и се нервираш зошто струмичанецот ти продал лоши пиперки, а на сета мака заборави дека даски брзо горат... Се прашувам дали освен двајцата другари кои се идиоти, ама идиоти по првобитна дефиниција, луѓето и се чудат од кај си ја ископала таа музика која сигурно е секташка иако не звучи за таква. Зарем секташите лупат пиперки за ајвар?

Како може девојче да ја одржи својата 36, кога дома и ги фалат чварките на комшијата и баба и и дава од топлиот леб кој само Господ знае како успева толку убаво да го направи. Што знае комшијата што е тоа 36, а на баба ти да и кажеш дека топол леб е ко цемент за желудник ќе ти каже дека цели 77 години го јаде така. И сега некако не ти е логично, да ја слушаш баба ти , или онаа со диплома? Ама баба ти е намачена жена, ваква е од кога знаеш за себе, а нутриционистот...Зарем нутриционистите користат ботокс, некако е неверојатно колку и е затегнато лицето?

Како може да ти тргне денот кога те буди другарката во 10, зошто тогаш немало гужва во град и се чекало по само пола саат на каса. И ај вариш кафе, и се потсетуваш на мирисот на ракија кој го чуствуваше секое утро кога дедо ти ќе направеше салата. Зарем можно е кафето да е поштетно од ракија на сабајле? Па со оглед на тоа дека дедо ти живееше 90 години... И пушташ Зајди Зајди на алфа, единствено што ти останало да те потсеќа на тоа време, и ете судбоносното прашање од младите филозофи ,, Па како може ова да го слушаш, а да не ти се допаѓа српско? " Прашањето од витално значење ја прободува Прошетал Димчо рашетал, што ја чекаш од кој знае од кога да ја запее некој, и се мислиш, зарем е можно да е до целиот свет, а не до мене?

Ех само колку мудрости ја преплавуваат мојата улица, колку многу други уникатни случки за паметење има. На улицата карши мојата тоа се е позачинето, таму има клупи, а на клупите трпеливо чекаат старите репортери кои внимателно складираат се што ќе помине.

Такви се улиците на Скопје, секоја приказна за себе, секоја проголтувана од реалноста на нејзините жители.
 
Кажи ми која е твојата приказна? Кој е најсрќниот човек што поминал по твојот искинат асфалт?Кој бил најтажниот човек, чиви чекори те поминале тебе?
Не, тоа не би требало да биде истиот човек.
Денот ги буди твоите погледи, а јас крадам уште малку од мојата носталгија. Некој обичен ден, звонењето го убива послениот дел од овој немирен сон. Нов ден во стар календар, повторно го заокружувам и си ветувам на себе си дека денес неморам да зезнам. Се мијам, ги земам клучевите од овој мал стан и излегувам. Го имам целото време на овој свет, никаде не брзам. Затоа седнав на една клупа за да се слушнам себе си. Да видам дали сеуште имам што да си кажам, но наместо тоа-прозборе улицата. Ја предупредив дека не е добродојдена во мојата глава. Веднаш и кажав дека моите мисли уриваат се пред себе, како најсилни бранови. Сепак таа продолжи да ми зборува, а јас знаев дека безнадежно се борам со неа. Со мојот дух, одамна разумот не владее.
Ја сослушав. Се што имаше да ми каже беше толку наивно и погрешно. За мене толку незначајно и просто. Сепак ја слушав.
Оваа улица имаше само едноставни приказни и толку многу податоци за сите луѓе кои поминале по неа. Се прашував како едноставното истовремено може да биде затрупано со толку многу податоци.
И така додека зборуваше, ме спомна мене и неа. Оваа улица после се, немаше друга намера освен да ме прошета низ спомените. Но јас заминувам понатаму. Минатото е мртво, затоа им го оставам на мртвите.
Заминувам, оваа улица е пуста ако нема кој да ја сослуша.
 
На ова треба да се пристапи со посебен пиетет, и неконцептуално, мислам дека самиот термин наложува така. Постои уште од правек преку неопходноста да се стигне до посакуваната локација. Улицата е бескрајна а е почеток и крај на се. Величината не може да се обопшти, стесни или синтетизира. Затоа што е главен двигател на едно општество и затоа богато наградува и сурово казнува. Еден мој близок угледен и успешен кариерист ќе рече дека 10 факултети се џабе ако ја немаш уличната школа. Сета практика и искуство што ги стекнуваш на овој свет оди преку медијаторство на улицата. Се останато е некаков медиум преку кој примаш информации кои што ти се залудни ако не се практично искористени. Хаксли ќе рече дека има работи за кои знаеме и работи за кои не знаеме а дека меѓу нив постојат врати. Јас само ќе додадам дека тие врати се поврзани со улици. Улицата е општествената форма и пандан на џунглата во природата. Нема вистински одговор, нема 2+2=4 и дефинитивно не е нешто што луѓе навикнати на принципот ако-тогаш може да го дешифрираат. Од организирани грабежи, преку заљубени парови до фиксање во вена и свадбени коли накитени со машни што свират додека парадираат на типичен сељачко-Балкански а сепак толку мил начин. Кога ќе сретнете некој за кој сметате дека е цреп и ќе се запрашате како тој повеќе успеал во животот од оној докторот на науки одговорот секогаш е-преку улицата. Кога ќе се запрашате како интелектуалецот се оженил со некоја радодајка а алкохоличарот со еснаф-домаќинка, одговорот е пак преку улицата. Секоја нова револуција добра или не започнува од улицата. И на Ганди и Мартин Лутер Кинг и Владимир Илич Улијанов и Адолф Хитлер улицата им била неопходно средство како што им било на сите уметници, режисери, па и криминалци и психопати. Улицата е уметност како замокот на Кафка. Вечно можеш да ја усовршуваш а никако да ја доусовршиш. И војни и природни катастрофи не можеле против улицата. Може само човекот. Човекот ја прави улицата и обратно само за разлика од кокошката и јајцето тука човекот мора прв да почне. А најтрагично е што во последно време токму таа улица замрува. Голем но не и пресуден удел овде има Интернетот и иако го нарекуваат Information Superhighway, сепак Интернетот не е улица. И додека седите скриени позади пикселите на екранот запамтете една работа. Вашите амбиции, вашите битки, вашите подеми па и падови незаобиколно се среќаваат на улицата. Вашите пријатели и непријатели исто така. Вашите љубови и разочарувања такуѓере. Ако сакате доказ дека сте живи, ако не најбезбедно препарирано е секогаш во 4 ѕида.

Со огромна должност кон Леофорија, Ватци, Целетна, Вацлавске Намести, Ла Рамбла, Књаз Михајлова, Кочо Рацин, Народен Фронт, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Партизански Одреди, Наварину....
 
Во недостиг на инспирација и сугестии, ќе ве замолам да се обидете да ни раскажете нешто за... Чудото од соседството
 
Чудото од соседството
-Слон со бонтон

Бидејќи е вистинска реткост, да се види тропско животно во оваа поларна земја, циркусите се како од мајка родени. Веројатноста е голема дека на слонот-бегалка не му се допаднале рушевините на Маџар Маало, па решил да се врати од каде што ескивирал. И додека сите се оптоваруваат со одговорности и плашење за човековите животи, ретки се оние кои умеат да уживаат во овој симпатичен подарок од боговите. Циркускиот Дамбо е можеби единствената шанса во животот, да видите слон, ако сте ја пропуштиле покојната Анка(починатиот слон од зоолошката градина). Нашата зоолошка е жална. Ако немаме животни, значи не ги сакаме. А кој не сака животни-не сака ни луѓе. Проверено.
 
Аааааааа... - Токму така, „аааааааа“ беше единственото нешто што го слушав од соседната куќа. Куќа во која пред неколку вечери се досели еден чуден старец кој немаше ништо друго освен еден голем дрвен сандак, од оние старите, селските, што се користат за чување облека.
Таа вечер беше прв и последен пат како го забележав страшно-изгубениот поглед на тоа морничаво старче.
Што ли криеше тој старец кој деноноќно седеше затворен во трошната куќичка?
Беше ли тоа некој забеган изрод кој се криеше во дрвениот сандак за да не го видат? Беше ли тоа некој ритуал кој тој го изведуваше тајно, придружен од слични на него, стари жени?
Сè остануваше на мојата фантазија. А бидејќи се карактеризирав себеси со бујна фантазија, не ни сакам да помислам што сè не ми падна на памет.
Што и да беше тоа, сигурно не беше секојдневно. Ме плашеше фактот дека само јас сум тој кој го приметуваше ова чудо од соседството. Дали нешто не беше во ред со мене?
На ова прашање си дадов одговор дента кога во неговиот двор беа собрани цел куп на деца кои зашеметено гледаа кон малата тераса која се наоѓаше надвор од мојот видик кој го имав кон куќата.
Можете да замислите што ми падна на памет. Тој ужасен старец заведува мали деца и потоа ги измачува на најлошите можни начини. Одеднаш тоа аааааааа кое го слушав така често, почна да ми одекнува во главата разбисрутвајќи ми се дека станува збор за безнанежно пискање за помош...
И сето тоа остана да ме прогонува сè додека не собрав сила да отидам до дворот на старецот.
Тој седеше на малата тераса манипулирајќи со дрвените кукли со помош на конци. А децата без престан гледаа во интересната приказна која тој им ја раскажуваше.
Во тој момент чудото од соседството се претвори во обичен старец кој во животот изгубил сè при пожар во куќата, освен еден стар сандак во кој се наоѓале дрвените марионетки.
 
“-И? Ајде..Објасни ми какво е чувството кога седиш сам дома, знаејќи дека никој не те сака..
Ајде, кажи ми како е кога си свесен дека ја изгуби личноста која те сакаше повеќе од што можеш да замислиш?
Плачеш?
Би сакала да те видам како плачеш, навистина би сакала..
Не, би сакала да те видам како урлаш од болка, како не можеш да дишеш давејќи се во сопствената тага и осаменост..
Сам си, отсекогаш си бил сам и секогаш ќе бидеш..
Ти велев да го цениш она најмилото, да го сакаш со иста мера. Ти велев да престанеш со својата себичност..Хеј, ти велев јас многу работи, но сега не се важни..
За мене си мртов од дамна. И да, знам дека се чувствуваш мртво секој ден, и секој ден тоа мртвило те носи во депресија се поголема и поголема...
Живеј сега со спомените..Се надевам никогаш нема да те видам повторно....“


Приказнава не започнува тука.
Всушност, ова е крајот на долгата приказна...

Почетокот, како и секогаш беше прекрасен..
Вљубен пар, мислеа дека можат да го освојат светот така парталави, голи и боси..
Љубовта ги одржуваше во живот..
Не беше секогаш се совршено, имаа падови, бродоломи низ кои преживуваа борејќи се еден за друг...
Нејзе ја сакав повеќе од се на светот..Него..Го сакав и него долго време, штета што вистинското лице го покажа кога таа го заска повеќе од себе...
Се трудев, навистина се трудев, да и ги отворам очите на сите начини, но знаев дека е залудно...
Конечно, стапија во брак..
Убава беше венчавката, таа светеше..Поубава невеста немав видено и нема да видам...
Поминуваше време, се поретко ја гледав. Знаев дека он не и дозволува да лета многу...
Живеевме на иста улица, па секој ден кога одев или се враќав од работа-поминував покрај нивната куќа..
Една вечер поминувајќи слушнав викање:

“Кога последен пат си ме допрел?! А!? Кога?! Или можеби почна да ти се гади од мене?!?!?!
Погледни ме... Погледни ме говедо!!“
*звук на шлаканица*

Не знаев кој-кого удри, но според тишината што настана, претпоставив дека таа е повторно жртвата..
Да, тој пар СЕГА дефинитивно може да го наречам чудо...
Чудото од соседството....
Порано не ги гледав така работите. Младоста ме направи и слепа..
Битно се сакаа, другото само ќе си дојдеше...
Но не беше така многу години подоцна..
Треба да ги видиш какви се за да сфатиш, но ќе пробам да ти доловам..
Тој..слабо образован, интелигентен, но одбра на млади години да работи и да се издржува сам..
Физичката работа направи да изгледа премногу старо за годините, беше пропаднат и уништен..
Имаше безброј лузни по целото тело...
Пораснат само со мајка, никогаш не ја осети татковата љубов и топлина..
Секогаш беше деструктивен, тежнееше да гледа на негативните работи во се што го опкружуваше..
Менуваше расположенија зависно од текот на мислите..
Тоа мене ме убиваше кога бев во негова близина. Во еден момент беше супер расположен, следниот-молчеше и гледаше во една точка..
Ме плашеше, но тоа не беше мој избор.
Мислев дека ќе сфати дека не е за нејзе..
Она заслужуваше некој кој ќе ја чува како капка на дланка..
Таа..беше прекрасна во секоја смисла на зборот.
Престанав да ги бројам другарите кои ме прашуваа дали е слободна, имаше лице како ангел, убава фигура и секогаш насмеана.
Беше добродушна и помагаше секогаш кога некој ќе побараше тронка помош.
Емотивна и паметна..
Сон на секое машко..
Но, таа го одбра него.
Никогаш не сфатив зашто.......

Тој, кога беше нервозен кршеше предмети..Подоцна и удри шамар.
Еден шамар. Кога слушнав за тоа, влетав во нивната куќа и се заколнав дека ќе го убијам ако ја допре пак..Едвај се воздржав и тогаш.
Ја сакав како сестра, он немаше право да допре нешто што сметав за нешто свето..
Но..
Таа ми рече дека немало потреба од толкава драма и почна да се оддалечува од сите.
Прекинавме блиски контакти..Нешто што нема да си го опростам..
Можев да направам нешто...

Крајот на приказнава е всушност нејзината смрт...
Ја претепа до смрт..
Алкохолот и неговиот темперамент се лоша комбинација...

За крај, му посакав лоши работи, но вистината е дека се обвинувам себеси..Навистина можев да променам многу работи..
 
Го чекав лифтот дури луто тропкав со нозете по подот. Кај најде баш сега да ме прати по леб? Кога конечно дојде, видов дека не беше празен. Имаше две девојчиња. Соседки. Културно ги поздравив и застанав до нив. Настана непријатна тишина. Мразам непријатни тишини. А ги обожавам пријатните, кога седиш со некој и молчиш, а се разбирате поубаво од илјадници зборови.

Никогаш не сум била дружељубива. Пред да влезам девојките најверојатно зборуваа за луѓето кои штотуку се вселија во нашата зграда. Под мојот стан. Поточно, сигурно зборуваа за нивната ќерка Ана. Старите не им се интересни.

Навечер можев да го слушнам цело маало собрано под колоната од балкони. Озборуваа. Мразам озборување. А тие тоа го правеа, ги слушав, уште од првиот ден од кога и ние се вселивме, не многу одамна. Зборуваа за чудото од соседството, за Ана. Беше тоа големо соседство. Четири блока од згради. А тие знаеа се за секого. Сигурно знаеа и за мене, и за тоа зошто се преселивме тука. Сигурно знаеа за мојот психијатар, кој по несреќата со возот во која умре моето момче Игор им предложи на моите да се преселиме некаде каде ќе се излечам од депресијата.

Чудно ми се насмевнаа. Ги прекинав во разговорот. Одвај дочекав да излезам од лифтот. Надвор врнеше. Опцув. Кога успеа да заврне? Не за друго, очилата ми се слаба точка кога врне дожд. Морам да ги изадам и да ги пазам да не ми се скршат, бидејќи сум најголем баксуз што постои на светов. И само што ги извадив, ми идеше да опцујам пак. Од неверување. Спроти мене доаѓаше единствената светла точка минатиов месец. Димитар. Единственото суштество кое со мене се однесуваше како што треба минативе неколку месеци, со кое можев да направам опуштен две-реченичен муабет, и кое, конечно, ме потсеќаше на мојата мртва љубов. Затоа што ја имаа сосема истата лузна на челото. Мала, неприметлива. Но сепак, првиот пат кога го видов Димитар зјапав како да сум го видела Игор лично. И ми падна камен од срце што тој не го примети моето зјапање.

Сега, како и секогаш, ме праша како сум. Ух. Добро сум. Ми помогна селењето.

Му одговорив дека се чувствувам прекрасно.

Ги виде двете девојки од лифтот позади мене, чекаа да доправиме муабет. Им се насмевна со онаа негова прекрасна насмевка. Ги забрза чекорите за побрзо да стигне до нив. Ме нервираше тоа. Тој не беше толку лекоумен како нив. Или барем така мислев. И кога почнаа да шепотат дури се оддалечував, тогаш сфатив: чудото од соседството сум јас.
 
Се симнав да ги видам ,таа како кукла седеше на каучот, измиена очешлана ,тој го довршуваше ручекот ,полнети пиперки . Браво му реков , да се засрамам, јас уште не сум ни почнала, ти веќе си готов со ручекот. Видов дека е нервозен што многу ретко се случуваше одкако женаму доживеа излив и остана непокретна . Седни до нас му рече женаму ,само нешто работи .А кој ќе ми ја заврши работата одговори тој, твојата сестра доаѓа да те види испива кафе и си оди ,па и ќеркати го право истото . Се изненадив првпат го чув вака да зборува а секогаш за мене беше чудо , бидејќи иако болен (со неколку бајпаса и стентови а згора на тоа беше и шеќераш )храбро се носеше со несреќата што ги снајде и секогаш се трудеше да ја развесели неа кога ќе и дојдеше криза ,бидејќи веке две години не е самостојна и единствено со негова помош оди до тоалет . не знаев како да реагирам , тежок е животот продолжи тој ,таа скоро да заплаче ,тој ја погледна и полека му се смени ликот ,не ми се лути , ти знаеш колку ми значиш и не ми е тешко да те гледам ама и мене со моиве 70 год. и болест не ми е секогаш добро .Ни направи кафе и заедно го испивме .По некое време станав и си отидов ,уште долго не можев да ја избришам сликата од нив двајца седнати еден до друг на каучот .Да, за мене ова е чудо од соседството
 
Го чекав лифтот дури луто тропкав со нозете по подот. Кај најде баш сега да ме прати по леб? Кога конечно дојде, видов дека не беше празен. Имаше две девојчиња. Соседки. Културно ги поздравив и застанав до нив. Настана непријатна тишина. Мразам непријатни тишини. А ги обожавам пријатните, кога седиш со некој и молчиш, а се разбирате поубаво од илјадници зборови.

Никогаш не сум била дружељубива. Пред да влезам девојките најверојатно зборуваа за луѓето кои штотуку се вселија во нашата зграда. Под мојот стан. Поточно, сигурно зборуваа за нивната ќерка Ана. Старите не им се интересни.

Навечер можев да го слушнам цело маало собрано под колоната од балкони. Озборуваа. Мразам озборување. А тие тоа го правеа, ги слушав, уште од првиот ден од кога и ние се вселивме, не многу одамна. Зборуваа за чудото од соседството, за Ана. Беше тоа големо соседство. Четири блока од згради. А тие знаеа се за секого. Сигурно знаеа и за мене, и за тоа зошто се преселивме тука. Сигурно знаеа за мојот психијатар, кој по несреќата со возот во која умре моето момче Игор им предложи на моите да се преселиме некаде каде ќе се излечам од депресијата.

Чудно ми се насмевнаа. Ги прекинав во разговорот. Одвај дочекав да излезам од лифтот. Надвор врнеше. Опцув. Кога успеа да заврне? Не за друго, очилата ми се слаба точка кога врне дожд. Морам да ги изадам и да ги пазам да не ми се скршат, бидејќи сум најголем баксуз што постои на светов. И само што ги извадив, ми идеше да опцујам пак. Од неверување. Спроти мене доаѓаше единствената светла точка минатиов месец. Димитар. Единственото суштество кое со мене се однесуваше како што треба минативе неколку месеци, со кое можев да направам опуштен две-реченичен муабет, и кое, конечно, ме потсеќаше на мојата мртва љубов. Затоа што ја имаа сосема истата лузна на челото. Мала, неприметлива. Но сепак, првиот пат кога го видов Димитар зјапав како да сум го видела Игор лично. И ми падна камен од срце што тој не го примети моето зјапање.

Сега, како и секогаш, ме праша како сум. Ух. Добро сум. Ми помогна селењето.

Му одговорив дека се чувствувам прекрасно.

Ги виде двете девојки од лифтот позади мене, чекаа да доправиме муабет. Им се насмевна со онаа негова прекрасна насмевка. Ги забрза чекорите за побрзо да стигне до нив. Ме нервираше тоа. Тој не беше толку лекоумен како нив. Или барем така мислев. И кога почнаа да шепотат дури се оддалечував, тогаш сфатив: чудото од соседството сум јас.

Jас се извинувам за офтопик али откако добив една ПП, морам: ова не го пишував според вистински настан.
 
Од "хотелскиот" ресторан се ширеше арома, на безбројни вкусни видови храна. Но, како и со повеќето нешта во животот, сето тоа беше само лажна реклама, со која гостите треба да се привлечат да влезат, за потоа да им се сервира парчињата безлична храна, со вкус на без вкус...
Кога прв пат влагов во хотелски ресторант, уште кога ми го донесоа најисушеното парче лаб, најодвратниот путер и најреткото млеко што некогаш сте можеле да замислите, си реков, се заколнав дека никогаш повторно нема да влазам таму.


Тој декемвриски ден стоев токму пред истиот хотел, ништо се немаше променето. Итајки да влазам и да го поминам ресторанот заборавив дека одминувајки еден, се впуштам во друг ужас. Веднаш зад аголот на вратата од ресторанот беа скалите за горните катови, оние скали кои водеа до собите во кои се случија многу нешта кои ке останат засекогаш заклучени во минатото.

Одејки по мракот кој најверојатно таму вечно владее се искачив на петиот кат. Но потоа проклетство! Ја видов! Ја видов собара со број 513. Незнам зошто, можеби поради некоја чудна причина кога и да одев во хотелот секогаш ме сместуваа на истиот кат и во истата соба на крајот од ходникот. На вратата сеуште стоеја врежани буквите, минаа години, а никој не се сетил да ги премачка со боја. Во нив сите гледаа чкртаници, обични линии и кругчиња, но јас гледав букви. Букви кои треперат, букви кои молеа да бидат прочитани, букви кои испишуваа цели животни приказни.


Чукнав. Но вратата беше полу отворена, па си дозволив влегов внатре. Седеше свртен со грб кон мене гледајки во прозорот.

- Одамна те немам видено, си пораснал - ми рече откако влегов.

- Незнаев дали си сеуште тука, сакав да те видам повторно - му реков цо глас исполнет со тага.

- Каде би бил? - се насмевна гласно. - Знаеш дека живеам овде од тогаш кога прв пат дојдовме, ми се допадна, се сеќаваш? Ме праша во смеење.

- Да се сеќавам. Добро се секавам на сите муабети што ги правевме, се сеќавам како се преправаме дека спиеме, како си игравме, како во исто време уживавме во една жена.

- Да! Добро! - едвај кажа и почна да се натажува

- Си вражал уште букви во вратата не се само нашите, поубаво изгледа морам да признаам, така беше премногу празна. - му реков.

- Сакаш да отидеме на пиво? - го прашав. Сега пораснав ме немаш видено.

- Знаеш, дека неможам - ми рече. - Но, влази ќе си помуабетиме, има време кога да си одиш. Барем некоја минута поседи. Станува самотно овде.

Решив да останам. Седнав на креветот, се беше исто, не допрено, непроменето дури од тогаш, се секавам исто како да беше вчера иако бев копиљ. Почнавме да зборуваме за тотално неважни нешта, зборувавме за она време кога бевме заедно, за се она што го поминавме заедно. Ми ги раскажувасе сите смешни ситуации кои сме ги поминале. Сакаше да знае се. Сакаше да знае се за единствениот син што го имаше. Му кажав. Му кажав се. Плачеше како мало дете. Дојде 5 часот, утрото се готвеше, го гледавме како инаетливо се задева со ноќта. Тој ме научи да го сакам изгрејсонцето.

- Тато, од секогаш се прашував зошто не ни дадоа соба од другата страна? Барем еднаш да го видев со свои очи.

- И мене синко...- промрмори тивко. Ги избриша солзите и се сврте кон мене, и ме праша. - Зошто се појавуваш секогаш точно на 16-ти декември?

- Ме демне смртта. Имам потреба да се пронајдам себеси, да воскреснам однатре, вистински да се соочам со моите демони, а тоа го можам само тука со тебе, и никаде не друго место. - му одговорив.

- Ми рече можеш да зачуваш дел од приказната за сладниот пат кога ќе дојдеш - ми се насмевна.

- Ќе имам нови приказни го тогаш.

Не ми одговори ништо се сврте и одново зјапна во прозорецот.

- Знам дека е време да бидеме заедно. Го спомнав тоа што не смеев. За среќа утрото е тоа што знае да ми каже "време е да исчезнеш".

На излагување ја погледнав вратата, се загледав длабоко, морав да ги впијам сите букви кои мене ми значеа.
 
Несмасно натрупани и закопани стари спомени, а со нив многу искинати слики,запалени партали,искршен порцелан и неколку лузни.
Стара опаковка од парфем кој потсеќа на едно време...
Запознајте ги моите демони.
Премногу добро функцонираат заедно и често пати успеваат да ме соборат.
И доволно е да го помирисам воздухот од едно место-место коа потсеќа на стариот живот,старата јас и колку и да не се предавам,моите демони ја мирисаат мојата слабост.
Сурово и нежно ме примаат во нивната прегратка.
Сфаќам дека моите демони на моменти се вистински пријатели.Настапуваат на сцена кога највише боли.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom