Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
200pxblackpearlandhissh.jpg



Ш К О Л К А

Да се претворам во школка,да живеам во дното на моето море на самотија,да бидам сама,без тага,без болка.Да ме носат бури,да ме тркалаат по дното,ситен пасок да ја затвори мојата болка,од таа болка да се создаде црн бисер,тој црн бисер нека биде закопан ,никој да не може да го пронајде.
Школка создадена од јад,безумие,јаук кој никој не го слуша,не го слуша ниту Севишниот,тој бесконечно се сити од туѓата болка која му дава сила од која опстанува,од туѓата мака со која се храни,а неговата светлост се солзите од плач на планетата.
Нека не се скрши школката,од неа ќе излезе црниот бисер од кој ќе се разлее црнила од болка...подобро е да остане на дното на морето,сама како и досега.
 
Ми стигна обемна, контроверзна, но веднаш до неа уште една сончева и лелеава... Порака...
 
Сонцето зајде, а јас се’ уште чекав. Таа тргна на пат, движејќи се кон својата цврста иднина. Кога ја испраќав ми рече дека ќе ме извести кога ќе пристигне. Се качи на авионот, и замина. Ех, колку долго траеше тој период од два саати. Сфатив дека вусшност и не биле така малку.
Но ете, кога последен ќе ја чуеш веста, и кога последен ќе дознаеш за несреќата, времето закочува и се’ околу тебе умира, заедно со онаа мала ведрина која останала во тебе.
Авионот се урнал, неа ја нема повеќе, а јас се’ уште ја чекам пораката дека таа пристигнала...
 
П О Р А К А

Таа беше пратена да ја пренесе пораката,но никој не ја слушаше.
Всушност ја слушнаа,беа зачудени од нејзината порака.Пораката не укажуваше на ништо што би можело да се случи од онаа што таа го слушнала гласот од нејзината способност да предвиди,да гледа со нејзиниот внатрешен глас кој ја прави да биде видовита.
Заборавија на жената која неколку пати им укажуваше дека некое младо униформисано лице би можело да загине.
Истата жена повторно дојде кај нив со истата порака:
-„Ви велам некој во униформа ќе ви загине во фамилијата!„
Чудно,навистина чудно,жената како да сакаше да се сетат кој би можел да биде тоа униформисано лице од фамилијата,но ништо.
-Непознаваме никој кој би можел да биде,не ние немаме таков човек.
Сепак ги остави на размислување,додуша и се уплашија од таа жена која катадневно настојуваше да ги предупреди.
Не помина ниту една недела а во фамилијата се случи трагедија.
Се случи нешто страшно каде ниту на сон не би помислиле дека ќе се случи таква загуба и несреќа.
Загина мојот братучед Кирил Петрушевси,полицаец кој заедно со уште двајца негови колеги беа на задача,кои во 2000 година загинаа во селото Арачиново.
Во моментот кога ни се јави чичко ми да ни ја објави таа вест сите се сетивме на пораката.
-„Порака!Каде е жената која ни ја соопшти таа порака?Зошто не ја послушавме?
Жената која ни ја соопшти пораката никогаш повеќе не дојде,никогаш не ја видовме...таа ја соопшти пораката и исчезна.
Слушајте ги пораките кои во себе носат вистина,иако тоа е од обичен човек како нас,но со пораки од својот внатрешен глас кој го слуша.

Даница Петровска „09„
 
Порака носам во душата, порака поголема од Хималаите, подлабока од Бајкалското езеро. Одамна сакам да ти ја кажам, да ја почуствуваш нејзината смисла и нејзината топлина што ја крие во себе. Не...нема шанса, нема теорија...не би можел сега да ги изговорам тие зборови. Нешто ме влече наназад, ми вели да не ги мрдам усните, да не го слушам срцето. Болката веќе е преголема, но сепак ми е верен другар, кој знае убаво да притисне и да ги убие сите чуства во мене. Ден, два, педесет...поминува цел живот ,јас не можам да ја отворам устата. Се плашам најпрво од себе, па од тебе. Не ме прашувај зошто, не знам да ти кажам. Сепак длабоко во себе знам дека те сакам, но ти тоа нема да го дознаеш. Поради стравот и неодлучноста моја. Ах...зошто постои психологијата кај човекот, зошто убива моќта на длабоката потсвест? Пораката е прејака и убиствена за мене. Можам да ја напишам без ти да ја прочиташ...
ТЕ САКАМ ОД ДНОТО НА ДУШАТА, ОД ДНОТО НА МОЕТО БИТИЕ...
 
Не си тука без причина, го знаеш тоа. Имаш цел зацртана пред тебе, да го убиеш оној господин со одвратен мирис и уште поужасен изглед кој мисли дека може да го скрие со раскошната облека. Пфф, па ми се гади од такви луѓе. И тебе, знам, ти се познава оној жар во очите кога ќе го спомнам.
Сигурно е болно да се присеќаш на таа сцена, но обиди се. Ти треба тоа за да ја разјасниш сликата и да си го олесниш патот кон неговото немо заминување. Ајде сега.. легни на каучот и затвори ги очите. Влези низ таа порта на горчливи спомени со грдо пакување, но остави ја отворена.
..Темно е, ти си во големиот ходник на старата куќа, но не можеш да го препознаеш. Не се плаши од тоа каде си, ниту од звуците на старата столица на тремот. Не е сега време за плашење. Ги гледаш скалите, пред тебе се, нели? Да, така, качувај се нагоре, но без шум. Токму на време. Не, не прави ништо. Остави нека гневот се насобере во твоето мало, чисто душиче. Остави да се извалка тоа бело платно со темните бои на изопачената реалност. Таа е.. добро го позна нејзиното тенко, детско гласче. Вика за помош, плаче и умира полека во себе додека нејзината бајка тргнува сосема погрешно. Каде си? Ах, онаму, позади вратата се криеш и ти од енормната сенка која ја покрива неа..
Однатре распарана, засекогаш обележана таа ќе продолжи да живее до некаде нормален живот, туркајќи ја сликата од таа вечер во што потесно катче од нејзината меморија.
Одмазди ја. Таа е слаба, секогаш зависна од некој, не може. Но, ти можеш. Направи го тоа, за неа.
Но, колку е за неа, толку е и за тебе. Колку години те јаде она чувство на вина што не се тргна од ќошето во кое се криеше, што не викна некој на помош, што остави само да гледаш како таа страда во грубите и суви машки раце без да направиш ништо? Уште полошо, знаеш и самиот колку си себичен, како и тогаш, така и сега. Не е таа главната причина. Ти текнува ли кога ја сретна и и' го кажа токму овој план, а таа те молеше, те преколнуваше да не го правиш тоа, затоа што тоа е нешто што било и поминало и не може ништо да го промени тоа? И што направи ти сега.. повторно се сврте кон себе и одлучи да не го промениш својот пат.
Тап удар, тресок, крв. Зарем е готово?
Честитај си. Сега си нов човек, чист, без грижа на совест за минатото. Но.. каде е сегашноста, мил мој?
И на крајот.. дали воопшто ја разбра скриената порака во нејзините очи?
 
„Зошто оваа болка? Зошто овој чемер се насобира на мојата душа? Зошто овој бигор ја 'рѓосува? Зошто не можам да сфатам каква порака сакаш да ми пратиш? Зошто упорно ме осудуваш на мачење?“ ... Сите овие прашања и беа сеуште неодговорени на младата девојка, која непрекинато се молеше во црквата. Почна да испарува. Дури не го ни забележуваше својот одраз во огледалото последниве денови. Сега стана и почна да зборува со најголемата икона: „Зошто ми го правиш ова? Невидлива сум за сите! Никој не ме приметува. Секое сеќавање за мене исчезна. Ако не ме памтат, исто како да не сум постоела. Знаеш, таа огромна фамозна Порака, што требаше да ја раширам на цел свет? Ни сама не ја сфаќам! Не ја сфаќам Господе!“ Одеднаш почувствува како некоја сила ја повлече натаму. Накај болничката соба број 28. Се виде себеси, и сите луѓе што ги сака, како нетрпеливо чекаат таа да се разбуди од кома. Некое чудно чувство ја обзема, и иако знаеше дека тие не ја слушаат и гледаат, беше среќна што ги гледа, макар и за последен пат. Но! Дали е можно чудо? Почувствува како некоја сила ја влече накај нејзиното полумртво тело. Одеднаш, па таа е будна! Ги гледа сите, овој пат и тие можат да ја видат неа. Иако со малку сила, таа успеа да сврзе неколку збора, и да им покаже колку е среќна што е жива. Се` заврши среќно за пациентката од собата број 28.

Не секојпат пораката мора да биде несфатена и грешно пренесена.:pipi:
 
Пораки..

Бура на пораки. И јас престанав да постојам. Секој ден по мал дел од мене умира. Премногу пораки, премногу изумрени клетки. Една клетка примила ваква порака: „Живеј и однесувај се, исто како да не постои“.. Примачот се придржал кон пораката. За жал. Престанав да постојам поради бура од пораки. Еден стар импулс повторно почна да пулсира во својот домен. Ми побара средба со претпоставка дека оваа клетка сеуште е во интеракција. Перманентноста пак направи услуга. Постојани пулсирања се случај со јаболкото кое за чудо се врати во живот и рече: „Сакам заедничка иднина“. Примачот остана без зборови, што често беше случај кога стануваше збор за јаболкото, и како претходниот, ја прифати пораката, и покрај претходното епистатично однесување. Наредната порака се однесуваше на убиено его. Најлоша и најгрозна смрт. Многу пораки, збунувачки и навидум злобни, од непознати и познати извори, лесно препознатливи и обоени со мирис на јогурт од цреша, и тоа его подлегна на ударите. Веројатно вистината боли. Веројатно. Времето беше доста релативно и си замина. Ми рекоа дека е катастрофа, ужас. Тоа беше пораката, за извалканите пантолони и гласот кој застрашува со својата боја и акцент. Наредна порака. Како и обично најважните анти-тела ми упатуваат пораки во кои ме одбиваат, затоа одбивам да постојам. И покрај настојувањата и заканите од Тартарус. Други овошја пак претпоставуваат погрешно. Јаболкото пак, тврди дека ќе ја смени историјата со својата посветеност.
Времето е релативно. Секундава е веќе минато. Пак сме заковани под календарот, стоиме во негова сенка прегрнати со грст од пораки. Пораки кои го пресушуваат животот во нас. Пораки кои оставаат отпечатоци од овошје или пак од црви кои го нагризуваат овошјето. Бурата на пораки опстојува постојано и го натера моето јаболко да го одбива моето одбивање да постојам.
Склоп на околности, искуства, и пак пораки и бурата на пораки веќе некое време престана да ме допира. Пораките не ги примам, немам увце да слушнам, не гледам ништо, не чувствувам ништо ...
Ме праша Татко ми зошто?
А јас како од пушка му одговорив: „Затоа што тоа што се праќа, не вреди да се слушне, види, почувствува... Киселините во форма на невистина и дволичност ја нагризуваат секоја порака упатена кон надворешноста, ме тераат да одбивам да постојам, ме згрозуваат. Не сум тука за да ги осудам пораките или праќачите но, можам да ги селектирам. Има нешто во мене кое вреска по животот, кое ја буди секоја клетка, кое не може да му одолее на хедонизмот и мазохизмот, и покрај општите етички стандарди. Поради што станав имуна на пораките.
Исто како да не постојат!“​
 
Note


Again, I find myself lonely in the mornings when I don't wanna get out of the bed. I just know that I'll live the day without you and the time will pass and leave me with nothing. Just memories. They aren't enough , not for me , not for you ... Not for us.
Us , that's the word that keeps the breath in my lungs. Cause everytime I scream , I deeply penetrate in my heart , piercing it deeply. It's hard to notice the light that comes out of my heart , when you're only looking at the cracks. Each crack on it's own as each tear in my eye rolled down , toward my face.A single tear.
I don't feel fine , as you can see, but how can I when you're not near ? And you are never here when I wake up, you always let the tear finish her decaying path of loneliness.
Again and again , I try to remember what's left besides the memories. Pictures faded away (even the once that were never taken) , memories are irrelevant , all that it's left from you is that one single note you gave to me.
And I read it , over and over , and I cry , over and over, and I scream ,over and over , and I lay me down to bed, again. And I hope for better days, I hope that I won't need that note anymore. I hope I won't need to erase any memories of you. I hope that you will be here forever , so I won't need to read that note and cry .

I don't have any more tears of sadness to cry , I just hope that this tears of joy will not be concealed deep beneath me.
 
Порака … таа порака која цел живот ја знаеше и се што требаше да направиш е да ја примениш..непознат глас на твојот мозок ти говореше нешто тивко, токму како на сон … не гледаш но разбираш, не слушаш но чуствуваш…во тој момент ти го чуствуваше забавеното движење на животот.. дали ти се отвори нов хоризонт на твојата свест, нова насока по која ке се движат твоите мисли? знаеше само ти, зошто само ти можеше да го смениш и контролираш она што го поседуваш… .
Имаш стаклено срце немој да дочекаш таков момент кога нема да можеш да го залепиш последното парче… тие парчиња кои дотогаш составуваа една прекрасна целина која можеше да воодушеви секого сега ке го пресечат крвотокот на твојот живот.. Ти и не знаеш дека и очајот е дел од гревот …затоа престани да ја оплакуваш твојата наводна судбина зошто таа е фикција, нашиот премил Бог ти даде можност сам да ја обликуваш сегашноста на твоето духовно и материјално егзистирање.. Разбуди ја твојата свесност без грижа колкаво лудило ке ти препише овој свет, денеска е многу релативно она што е нормално… и најважното никогаш немој да ја заборавиш оваа порака…сети се на неа кога ке мислиш дека си на дното дека се е готово и дошол крајот…јас со сигурност ти кажувам дека крајот е фиктивен и не постои, не постои смртта туку само преминот кон животот… има само почеток… Каков ли ке биде твојот нов почеток?
 
Се сеќавам,ми рече еднаш дека низ се ќе ми покажуваш љубов.Низ ветрот,низ сончевите зраци,низ дождот,низ снегот...Се сеќавам,рече дека сонцето како што свети и ни дарува светлина и топлина,така јас тебе те исполнувам со среќа.Се сеќава рече и дека кога дождот паѓа,сакаш да си со мене.Ха,ќе трчавме на дождот среќни,нели,се сеќаваш,така рече?А за снегот.Ооо,рече дека како што паѓаат снегулките и се лепат за телото,так моите зборови ти се залепиле за срцето.Рече дека изгледаат сите исто,но како што секоја снегулка е различна,така и еден ист збор може да свучи различно.Ми кажа и за погледот мој.Како да сакам да те запознаам иако знам речиси се за тебе,така ми рече дека сум игледала кога те гледав.Душо,се знам само едно не.Има зборови некажани,но ниедни не се како чекани кои го кршат моето срце како твоите.Што сакаше...што сакаше да ми кажеш кога лежеше на таа бела постела,кога ми објаснуваше за ветерот?Ми рече:Љубена,за ветерот не ти кажав...требба да знаеш за ветерот...ветерот кога ќе те погали,да знаеш дека...
Ооо,зошто смртта ми те зема?!Зошто?!Срцето,повеќе не изгледа како сввиткана тупаница.Во моето тело шетаат скршените остри делови од тоа мое срце.Од срцето кое некогаш го имав,а го изгубив тогаш,кога замина ти.
Седам денес,на ливадата.Од жолтине нарциси ми правеше букет,се сеќаваш ли мил мој?Ветерот пак продува...а јас се прашувам...душата ми се боли прашувајки се...каква порака ветрот,од тебе ми носи?
 
И баш кога ме стигна бранот на црно бели сништа.. И дозволи да се вивнам и да отпловам некаде далеку од светот.. Ме разбуди звукот на мобилниот.
Ѕвони?
Не порака. Нема врска, ќе ја прочитам утре..
И повторно се свртев накај ѕидот и пробав да го фатам сонот кој впрочем не беше ни сосема заминат. Но.. Бип. Уште една порака.
Ај да видам што е.. Да не е итно нешто.
Станав од креветот го земав телефонот од бирото и седнав на столицата.
Check Inbox
2 непрочитани пораки. Добро знам. Ајде отвори се.

Jas imam nesto prekrasno nesto edinstveno nesto sto site ne mozat da go imaat. Jas te imam tebe i gord sum na toa. Te sakam. Stefan

Се фрапирав!! Не ми се веруваше воопшто.. Инаку Стефан е мојот бивши дечко во кој сеуште сум заљубена до даска.. А тоа копиле ми рече дека нашол друга и не ме сака повеќе..
А што е сега со поракава? Хм..
Да ја прочитам и следната..

E Marina izvini za porakata, ne bese nameneta za tebe, go zgresiv brojot.. Pozdrav. Stefan

Оф леле Боже..
А дали можеби лаже?
Ма незнам единствено што памтам од таа ноќ е дека тажно и разочарано се чувствував додека се тркалав во креветот обидувајќи се да заспијам. И дека конечно потонав во сон без никој и ништо да ме буди.
Сабајлето бев на работа. Козметички салон во центарот на градот.
Немаше дента многу работа.. Околу пладне додека пушев цигара на столчето надвор здогледав познат лик. Стефан.. Станав пробувајќи неприметено да се шмугнам во салонот. Но залудно. Не успеав.
-Марина! Застани малку те молам. Сакам да прајме муабет..
Застанав и го погледнав со прашален поглед..
-Дали ти навистина мислеше дека пораката беше пратена по грешка?
Го погледнав збунето и пред да успеам да кажам нешто ме бакна.
Онака нежно, слатко, единствено како што само тој знаеше.
Од тој ден има поминато 3 години. Јас и Стефан сме сеуште заедно само што сега и живееме заедно. И секогаш ќе ја паметиме онаа смс порака што не спои повторно.
 
Се гужвам во ќебето што мириса на некој прашок што мајка ми рандом го купила додека била во продавница, ги затварам очите и мислам на тоа кога последен пат сум се силувала себеси.Одамна.
Облечена во старите трењерки што некогаш ми беа мали а сега ми се прешироки чекам некој да заѕвони на ѕвончето и да ме удри во плакарот за да можам да почувствувам емоција во себе и да ја спуштам главата на сопствените колена за да можам да дишам.
Не сакам да бегам и да се размачкувам со креон за да ми се допаѓа она што ќе го видам, зошто ќе биде доволно патетично за да биде уметност, бар во дел од секундата.Потоа си ставам една чаша за да ме инспирира и се надевам дека со тоа повеќе ќе заборавам.Што?
Не знам.
Сите пораки на мојот ум се топат во лавата на мојата потреба за секс и внимание и тогаш размислувам дали една чаша ќе биде доволна за да се сетам покасно што требало да заборавам?

Си го крпам срцето како фустанот што вчера кај него дома сум заборавила зошто бил доволно искинат за да не покрие ништо од тоа што не треба да се види.Секогаш сум ги сакала дупките кои што се затварат со помали дупки, вгнездени во живо месо кое што отрпнува додека сам себе се сечеш за свое сопствено добро.
Уште една голтка за ми дојдат зборови кои што нема да бидат обично, едноставни и заборавени, а тогаш ми доаѓа како молња во глава фактот над фактите, дека сите зборови се забораваат и сите емоции остануваат заробени во нив, а тие се забораваат, забораваат, забораваат, се додека некој не ги запише.

Па затоа сите пренесуваат пораки што мислат дека ќе имаат импакт и си ја убиваат желбата за постоење со самото мизерно живеење.Никој не го интересира вистинската симболика на пораката, само сексот и парите се адут за внимание.
Сите на распродажба!
 
Се што е убаво кратко трае. Зарем..

На тебе секогаш ќе се сеќавам како на бесниот исфарбан тип, кој изгледаше како да е од некоја насловна. Полека се приближи до мојата лежалка, штета не можев да видам каде ти запре погледот поради темните наочари. Ни помалку ни повеќе туку мораше да се сместиш на онаа дијагонално позади мојата.
Спонтано некако почнавме да комуницираме, не бевме сами но се однесувавме така. Истото однесување продолжи и наредните неколку дена.

Некои работи никогаш нема да ги разберам. Ни еден единствен бакнеж немаше. Зошто? За да копнеам повеќе.. за да видиш до каде можеш да издржиш.. Ти си таков знам, чуден си и поради тоа си ми интересен. Си поставуваш некои чудни планови, одиш по најкомплицираните патишта за нивна реализација.. некогаш си помислувам дека не те ни познавам.
Знам само едно.. се грижиш за мене. Не знам зошто, не знам како се случи сето тоа. Секојдневни телефонски разговори, неколку ноќи заедно, утрински кафиња.. не е тоа многу, а богами не е ни баш така значајно.

Времиња, периоди.. Поминаа и тие мигови. Никогаш не се скаравме за нешто..едноставно престанавме да комуницираме. Ми фалеше од време на време ама никогаш не ти се јавив.
И оваа вечер ќе беше вечер како и сите други. Некој филм, малку музика.. и телефонот. Баш во оваа дождлива вечер, исполнета со некаква меланхолија ми стигна порака од тебе.
`Мало никаде те нема. Еее кики со што ли заслужив вака? Ако..фала ти многу. јас мислам на тебе..`

Одговор на пораката не доби. Не знаев што си..сега знам.. Немир.. тоа си ти.
 
Си помнам како дете како со татко ми присуствував на сечење на дрво. На моето прашање зошто го сечат дрвото татко ми фино ми објасни дека почнува да станува масивно и по раст и по големина и густина на корењата и ќе смета на просторот. Има некој величествен момент во целиот тој процес на сечење. Звукот на пилата кога ќе се запали и кога ќе почне да го гризе телото на гордиот херој почнувајќи од епидермисот па се до срцето. Како и секој жив организам и тоа пружа отпор ама ретко кога природата извојува победа против ултимативниот предатор-човекот и неговата моќна алатка-технологијата. Целата таа борба а особено крајниот исход, падот се една тажна а воедно и возвишена глетка за еден осумгодишник. Збунувачки беше моментот што продолжија да сечат со пилта по трупот на таму кај што некогаш беше стеблото. Пак стариот мудрец образложи дека тоа се прави за да не изникне нова фиданка на веќе постоечкиот труп. Неколку години после тоа и јас ја набававив мојата моторна пила која што на неколку наврати морав да ја употребам. Секако дека многу поинтензивен е моментот кога ти си во функција на сторител одколку само на посматрач, далеку е покомплицарано да се решиш на таков чекор а уште пострашна е самата изведба. Тешко е нешто што си го гледал како расте и развива во текот на годините, нешто што ти давало сенка за жега и плодови за глад да го снема за неколку моменти од твојот видик. Разбирливо секој нареден пат станував се повешт и повешт со пилата. Една работа што никогаш не ја научив како што треба е како да ефикасно да ги изведам тие последни удари врз трупот за да не никне ново дрвце. Мора секогаш да се враќам на труповите и некогаш изненадно да наоѓам нови стебленца што никнуваат како порака до мене дека или не сум ја усовршил вештината до перфекција, или дека не постои вештина против природата. И како тоа да не е доволно, после колку време и да поминеш и да не никнало ништо, макар и за милисекунда ќе ти се јави привидение на дрвото што си го исекол како да е уште таму ама и тоа не е крајот па кога тогаш ќе ти се јави во сон еднаш на месец, година, 5-10 години чисто да те потсети дека горенаведената порака е stare decisis и дека не постои акт без последица.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom