Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Сонцето полека срамежливо заоѓа... Знам дека ќе заврши во тој миг годината која одминуваше уште од нејзиниот почеток - пред 365 дена. Уште 8 часа... кој ќе чека уште една третина од денот. А времето и не е најсјајно за прошетка надвор по снегот кој веќе со денови е паднат, залепен за асфалтот, правејќи го лизгав. Не... Не ми се седи дома, ме фаќа некоја нервоза...Го подигам телефонот типкам неколку бројки, чекам... нема одговор. Сите се излезени само јас, најголемиот кретен седам по дома. Шеткам нервозно околу каминот во кој оганот мирно пуцкеташе. Проклета тишина!!! Ми оди на нерви, не ме остава на мира. Седнувам на фотељата нервозно и ја земам книгата во рацете, таа можеби ќе ме смири. Читам ред по ред, страна по страна. Интересно... ме фаќа сонот полека полека, но не сакам да спијам...мора да останам буден. Ме буди ѕвончето на врата. Погледнувам накај часовникот, 00:00 часот. Дали е можно? Дедо Мраз? Ако е, зошто не дојде преку каминот туку мора на врата да ѕвони и да ми го нарушува сонот. Мрзоволно станувам и одам накај вратата. Слушам кикотење од другата страна. Збунето ја отварам вратата. Пред мене стои завиткана кутија со ливче кое вири од машната. Збунето гледам во кутијата - од кој би можело да биде. Го читам ливчето:“Погледај зад тебе’’. Ме опфаќа чудно возбудување. “кој би можел да биде’’ - шепотам и со подарокот се вртам и ја гледам неа. Навистина Дедо Мраз знае големи изненадувања да донесе.
 
Писмо до Дедо Мраз:


Драги дедо Мраз,

Ете ти оставив една чаша скиснато млеко и некои колачиња од некни.

Ако не ти се слоши досега, продолжи да го читаш ова, знам дека те интересира дали бев умна оваа година.
Прво, фала ти што ми го затна оџакот ланската година. Доволно имав кредит за плаќање, па уште и ти што ми го лупна оџакот на сред зима, таман ми дојде.
Подарокот, ништо посебно. Си ја утнал порачката, очигледно.
Не побарав ни сукало,ни калапи за колачиња, а уште помалку ренде.
Сакав 5-6 чоколада и некој добар седатив,за да ги преспијам тие глупите празници и студот кој демек прави атмосфера.
Не, јас не звучам несреќно и незадоволно.

Изминатава година беше средно жалосна.
Пари и немав многу, ама доволно ми е беа за секоја вечер помината пред телевизор. Барем не ме тужи Радиодифузија, а и далинското стана изверзирано. Отворив дупка во каучот, а мевов конечно може да се мери со твојот. Јебига, ионака не ми е ни гајле.
Нема зошто да ми е гајле.

Да бидам искрена, лоши времиња дојдоа и ти тоа го знаеш.
Немој да ме малтретираш пак и да ми оставаш домашни и тестови за решавање, колку да ме потсетиш колку наудолу сум зафатила.
Поарно крстозборки остави ми.
Не очекуваш веројатно да ти се испофалам нешто?
Нема таков збор во мојот речник.
Откако мама и тато ги снема, не знам практично зошто и продолжив да ти пишувам. Ама ај, нема кому друг.
Таа другата е презафатена купувајќи бунди. А и не гледам причина зошто таа би го читала сето ова.
Некни ми се јави да ме праша дали сум имала сребрен есцајг? Јас имам 2, со букви: две, вилушки. Таа другата не знам за кој ја чувам.
Арно ме потсети, ќе ја фрлам.

Ме удира во совеста што бараш од мене отвореност. Шо те интересира? Дали сум во депресија? Дали ми е тешко? Дали намеравам да се соземам?
Одговорот е не.
И нема да продолжам. Немам зошто. Немам зошто тебе да ти се правдам за својата несреќа и со тоа да те молам за 5 глупи чоколада.

Не те мразам и не туку ме жали.
Ако толку ти паѓа жал (за себе,што те третирам вака) остави ми еден Кувар со рецепти. Барем да ти направам некои поасолни колачиња.

п.с Се надевам нема да се лизниш на покривот оваа година.
Ај лани оџакот го правев,сега цела чатија ќе треба.

Твоја драга,
Принцезата од Дембелија.
 
~*~

Празниците дојдоа... со нив и неранимајковците се близу до нашите џебови. Бомби на сите страни, мраз во коски. Но има еден кој се грижи... да тој е тука... Дедо Мраз е на покривот

Седеше надвор пред вратата на својата сестра, премрзната, преладена, киваше, срцето одвај и чукаше додека прстите одамна престанаа да и функционираат.
Навистина жалосно што мораше да дојде до овде за да го гледа прозорецот на таа што засекогаш ја избрка од куќата на љубовта, на мирот, на среќата ... таму каде што се враќаше секоја вечер после пијанствата, местото каде се лечеа раните од грешките.
Не ја обвинуваше, не, не ... сама го избра својот пат, сама се реши да чекори по кривите непроодливи патеки полни со трња, но ете, вечерва, на Нова Година се реши барем од далеку да ја ѕирне, да види дали е добро.
Чекаше како статуа, не помрднувајќи се, надевајќи се дека ќе се појави на прозорецот, дека барем за момент ќе ја види, покрај се и беше сестра.
Но не ... цела ноќ, не.
Чукна 12.00, ја полазија морници од Градскиот саат на кој што секое отчукување му беше потешко од претходното, ги затвори очите, длабоко подголтна.
Ги отвори очите и Дедо Мраз беше на покривот, ја праша, како кога беше мало дете, што сака за Нова Година?
Му го покажа прозорецот ... кога сестра и се појави со детенцето во раце гледајќи го огнометот на небото.
 
Празниците дојдоа... со нив и неранимајковците се близу до нашите џебови. Бомби на сите страни, мраз во коски. Но има еден кој се грижи... да тој е тука... Дедо Мраз е на покривот
Мрзоволно ја пушеше последната цигара што ја најде во кутијата. Не и` беше убаво, но знаеше дека ако не се труе со никотин, ќе се труе со нешто друго. Убава девојка беше, секогаш. Таа вечер беше само обична. Просек, сивило, без никаков израз на лицето. Нејзин избор беше да биде таква токму таа вечер.
Сеедно и` беше, и така ќе биде сама кога ќе се поклопат стрелките.
Снегот што паѓаше утрото веќе беше претворен во грда лакавица. Музика немаше, единствено нешто што ја параше тишината беа звуците што ги правеа автомобилите кои поминуваа некаде долу, под прозорците и ја смачкуваа глупавата смеса од дождоснег.
Слушна крцкање на покривот.
-„Пак подрани овој. Ќе го чекам да се спушти низ оџакот, ама дали ќе го собере? Дебел е, навистина дебел. Плус, сигурно ќе му смета вреќата. Кој го ебе на крај краева.“
Не го дочека. Некој залутан гавран гребел со канџите по покривот. Можеби ќе има повеќе среќа следната година.
 
Понекогаш се чуствувам само уморен од се.Од деновите кои те дават во сопствената беда.Од луѓето кои неуморно го кршат секој твој мал филм и те тераат да се чуствуваш тажен понекогаш.Тие не се грижат за никого освен за себе.Сакаат да изгледаат убаво.Да прават лоши работи,кои ги прават среќни.И доколку можеа досега тоа и ќе го стореа,а мене ќе ме немаше повеќе.
Никогаш не сакам да се повтори 2оо7 година.Никогаш.
И когга часовниот ќе почне да одчукува,нешто на покривот од мојата куќа ќе се слушне.Но тоа нема да биде Дедо Мраз!Тој или починал од преголем стрес или мене ме заборавил одамна.Не ,тоа на покривот не е Дедо Мраз.А таа вечер посакав само повторно да заврне снег.
Среќна Нова!Во следнава година сакајте повеќе.Многу повеќе од минатава година.Па и ако вас ве заборави дедото облечен во црвено,не се плашете.Можеби имал поважна работа од вашата ебана желба.
Среќна Нова!И за негов инат, бидете свој Дедо Мраз.Сакајте повеќе.И станете подобри луѓе.
Среќна Нова на сите!
 
Немаше снег ноќта...Нити погледот нагоре носеше надеж дека тропосферата планира да го спаси шоуто. За дечињата кои го очекуваа, ова беше крајно разочарувачки. За него - кој постои само во вакви ноќи, роден во фантазијата на клинците или во лагите на родителите, залепен на камиони со Кока Кола или на постери по продавниците, за него - Исусот на late December, спасителот на годишната мизерија, докторот со вакцина против катадневната депресија во метастазирачка фаза, за него - кловнизираниот дедо со црвен нос, "Хо-Хо-Хо" лицето со магична позитива во гласот - оваа ноќ без снежни ѕвезди беше совршена за она што го имаше наумено.

Му беше преку глава од игнорантскиот однос на оние за кои постоеше месец дена годишно. Порано и не беше толку лут ради тоа - си наоѓаше време кога немаше задача да го забавува целиот свет како кол-грл на шипка во некое кабаре, да прави нешто што е само по неговиот ќеиф: одеше на скијање со џуџињата, планинареше во Јужна Америка, читаше книги по цел ден. Пред 10-тина години му ставија и кабловска, и не му бараа пари за претплата. Си ја имаше сватено работата и наоѓаше задоволство и смисла во неа, дури и кога смислата ќе ја снемаше. Сепак, откако едно од џуџињата падна од кочијата пред некоја година - некаде над Колумбија чинам беше, откако се смени директорот на фирмата аз кабелска после што му побараа камата за целото време додека имал гратис прием на Фешн Тиви, Дискавери и ТВ 1000, откако единствената жена во животот која му носеше радост после смртта на Баба Мразица и на која секоја година прв и носеше поклон - се омажи за Кими Раиконен... Дедо Мраз не беше ист.

Почна да пие. Еднаш го фатија како има секс со малолетничка (која, мора да повторам за сите кои ја пропуштија медиумската покриеност на случајот - дека беше типична курва). На двапати, во афект ја избричи брадата. Атмосферата во работилницата за играчки не беше иста. Дедото не беше истиот...Беше разочаран од луѓето, од целата таа шарада надвор а најмногу од улогата која ја имаше тој во истата. А писмата и понатаму пристигнуваа, жедта на луѓето за мала еднократна доза надеж не престануваше. Без разлика што писмата се напишани од мали невини душички...и тие еден ден ќе пораснат и ќе го заборават исто како и нивните родители. Ќе го земаат за потсмев... Е, нема повеќе. Беше одлучил да стави конечен крај на целата приказна.

Внимателно се подготвуваше за последниот чекор. Иронично, одлучи тоа да биде скок..еден голем скок за Дедо Мраз, а мал чекор за човештвото. Воопшто не се замараше со луѓето, и што за нив ќе значи неговото отсуство, рушењето на митот за веселиот и насмеан дедичко кој ревносно секоја Божиќна или Новогодишна ноќ одеше од оџак до оџак и оставаше поклони за добрите дечиња од списокот. Едноставно, не можеше повеќе да издржи нити секунда во својата кожа, во црвениот костим и глупавата капа чии реплики носеше кој ќе стигне. Види, просто кажано - Дедо Мраз сакаше исто што и јас и ти, исто што и секој жив човек на планетава ќе посака...неговите желби не беа ништо поразлични од оние на секое живо суштество кое издишува јаглерод диоксид. Сепак, никогаш не сме му пратиле поклон нему, нели? Единственото внимание кое сме му го посветувале, наш дар за него - биле празните чорапи закачени над каминот (ако го имаме) или празниот простор под елката кон кој прво итаме секое првојануарско утро.

Дали некој од нас му рекол: "Деде, ај паркирај ја кочијата и бујрум на пивце и чварки кај мене. Кажи ми шо има ново, кој има најчист оџак, за кого навиваш, каде за Нова Година (шега на негова сметка која не верувам дека би ја сватил погрешно доколку го поканите на пиво)...Никој, така?

Како што реков, внимателно ја одбра зградата. Беше најпознатата зграда во градот која ја користеа (само еднаш во животот) речиси сите ликови кои некогаш почувствувале суицидален нагон. Не кажа никому што планира. Ирвасите и неколкуте џуџиња кои тргнаа со него на редовното новогодишно патување низ светот ги остави две улици подолу и им рече дека ќе се врати за 20-тина минути бидејќи не е сигурен дали оџакот на куќата во која треба да влезе е поправен од минатата година (се сеќавате на муабетите дека Дедо Мраз добил астма од саѓта во некој оџак? Епа за истиот оџак ви зборувам).

Кога се качуваше по скалите кон кровот, се му беше некако однапред предодредено - идејата за деидеализацијата на Новата Година му зрачеше од секоја пора на телото и секое дупченце на црвениот волнен скафандер на него. Се качи на покривот. Се што имаше со себе беше една мала плоска со "најдобриот коњак на светот" - пијалок кој редовно го купуваше секоја година кога ќе свратеше во јужна Франција. Покрај плоската, со себе си го понесе и медаљонот кој многу одамна, за нивната свршувачка му го подари Баба Мразица, медаљон во кој имаше слика од нив двајца во раната младост, долго пред да почне сето ова лудило. И тоа беше се...Немаше лист хартија и пенкало за некакво проштално писмо, немаше ништо од тоа. Само што се искачи на кровот, се зачуди: Пред себе здогледа, стуткани во еден агол- момче и девојка. Зар е можно, помисли, дека има некој кој не го чека него вечерва? Уште повеќе, можно ли е некој да се нашол точно на истото место во исто време, половина час пред да се слушнат камбаните низ градот, некој - поточно некои луѓе кои имаат исти намери како неговите за поминување на последна прослава на новата година? Дедо Мраз е на покривот, со намера да се самоубие, а овие шмокљановци, во цутот на младоста не изгледаат ништо подобро од него.

"Фак" - помисли - "Ни ова не можам мирно да го направам".

Воздивна и полека, внимателно зачекори кон нив...


---------------------------------------------------------------
Забелешка од авторот:Можам да продолжам јас. Подраго ќе ми е ако продолжи некој од вас. Ајде кајганаџии....


"Хо-Хо-Хо"
 
*Си беше некогаш.. Некаде.. Позади 9 планини..*
Не, не, не. Чек од ново..
*Си живееше некогаш во некој дворец..*
ц.. Пак не..
Да пробам од ново?.. Да? Фала, ќе пробам..

Мразам Нова Година.. Ја мразев од мала..
И онаа Новогодишна Еуфорија.. Таа не ја мразев баш..
Мразам што цела година се стремиме кон една ебена цел.. Крај на истата.. Кон една ебена вечер помината со најблиските - во најдобар случај, со некои трети фаци - кога се нема каде.. Или сами.. Кога така бара душата..
И баш пред некој ден.. Тргнав кон Трговскиот, не се влага.. Сите сега решиле да се подновуваат.. Да искористат попусти.. И да се наќинџураат ко моми на чешма за 5 минути уживанција.. Ни више ни мање..
Отидов кај сестра ми на кафе и да однесам по некое чоколадо за малите.. Елката накитена 600.. Украсено сегде.. Брее.. Лудници..
Додуша и јас имам елка.. Ако не ја изело нешто досега нели..
Купив една пластична пред 10 години само што заборавив да ја накитам.. Како и да е.. Битно ја имам..
Од оваа атмосфера го сакам само снегот.. Зезната работа е за стари луѓе ама ако де.. Нек се чистат многу се.. Ако не друго на костозглобно му се прај промет и ѓужва..
Сепак можеа снегот место во зима во лето да врне да го наместат..
Тоа е тоа.. Јебига.. Другчие сакал оној горе..
И еве.. Уште еден 31ви Декември..
Не го чекам.. Ќе си седам дома.. Умри Машки е вечер на ТВ а разбрав и Бед Бојс 2 и уште некои добри филмчиња ќе се вртеле.. Добра синема најт ќе биде..
И таман си се улежав дома.. Гледам истура снег.. Се качив до покрив да го зачистам, да не ми падне покривот не за друго.. И.. Што да видам.. Човек у црвено.. Еј овој на Тв го иам видено.. Ааа.. Чек..
Да, Дедо Мраз е.. На кочијата пишува..
И - *Што сакаш за Нова Година?*
Што сакам?? Ме праша што сакам? Он мене ќе ме прашуе?
Е нема.. Го акнав со лопатата по глава.. Ми остави стапки на снегот на покривот..
 
Хм.
Дедо мраз,будало една.
Знам дека не ме обожаваш премногу,ма и никогаш не си ме посетил,ама give me a break,човек...
Мислам стварно,да бидеме реални,тоа шо го барам ја,ти никогаш нема да можеш да ми го спуштиш низ оџакот...
А не се осмелувам да барам милион евра,пошто знам дека нема да ми ги донесеш.
Ама пак,имам една желба до тебе.
Ти имаш пријатели на високи позиции,знам тоа.
Па нели можеш некако да ги замолиш,ништо повеке,само една мала,ситна,услугичка за мене....не е многу,ке видиш сега.
Речи им,дека моја желба е само да ми ја остават енергијата на мира.Нека ја пуштат да си тече,мирно по својот пат,каде и да води тој.
Да престанат веке со интервенции,да престанат да се заебаваат со мене.
Знам дека они ме гледаат како мало очајно човече,со мок која ни на сон не би можела да се компарира со нивната,и ете така,ме нашле мене за да им носам смеа,и со неа да си го исполнуваат своите досадни бесмртни животи.
Епа стварно,доста е.Ај те молам.Само малку одмор.Само една година мир.
Оваа што иде сега.2008.Речи им да ме остават да си го живеам животот по мое,и да си најдат некој друг да заебаваат.Или не,никој не го заслужил тоа.
Нека си најдат некоја друга занимација,бе.Ма шо ти ја знам,они ја поседуваат ултимативната интелигенција.Нека смислат нешто.Нека пробаат дрога.Може тоа ке им разбие монотонија.
Само нека се тргнат од мене и од мојата глава.И газ.Толку за тебе,Дедо Мраз,па на крај,праи си шо ти душа сака.Оди,храни деца во Африка,они заслужуваат далеку повеке помош од мене.
Ја сум само неблагодарно суштество,на кое му е дадено живот кој не знае да го цени.Вреди се што ке преживеам за казна.
Сепак,само една година.Ништо повеке.

искрено,Љупче.
 
Дедо Мраз е на покривот

Зима дојде есен пројде, се слушаше во секоја училница на основното во мојата населба. Снег нема ни за да се рече, кал има и тоа во големо количество. Јас шетам по пазарот и барам лимони зашто сестра ми е болна. Најдов ама скапи 150 денари кило, шо лимони ќе бевте бе? Најдов малце подоле по 100 денари беа, земав едно кило за атер на сестра ми си става во чајот. Тргнав накај дома по тоа калот, се направив како свиња во кочина, се напив вода од фонтанчето ни маалско заби ми смрзнаа душа ми остана таму. Преку оградата на градинката низ дворот до задната врата од кај што се влегува во мојата уличка начекав неколку вљубени цигани кои се кријат од мајките да не ги видат. Се изнасмеав од гледањето разни Ашери, Ерџан Стил и Марчело фазони и дојдов на улицата кај мене кај што најпознат е трачот. Прва што ме сретна беше комшиката која е најголема трачарка и очи не тргна од кесите што ги држев во рака. „Лимони се лимони„ иронично и реков и си продолжив без добар ден, понатаму ме сретна тетката која неколку пати бегала од болница за душевно болни, ја поминав и неа. На крај ко за беља ме начека еден наркоман кој по обичај бара цигара и 10 денари, ама прво прави муабет онака за времето кога бил млад. Останав без 10 денари и без една цигара, и влегов дома. Топло, печката бучи телевизорот си е уклучен, мониторот на компјутерот свети жолто. Исеков еден лимон половина и дадов на сестра ми за во чајот, а пола ставив во фрижидер. Јадев нешто ситно колку да се рече и заспав. Кога се разбудив беше ноќ и дома беше кочан ладно, сестра ми почна да вика „Дедо Мраз е на покривот, Дедо Мраз е на покривот„ и легна да спие за да и остави поклон.

Дедо Мраз е на покривот а мене огинот ми изгаснал, кој ќе цепе дрва...
 
Мигзи! ДЈ Мигз од Јамајка, го гледам нон стоп седи на мсн, ама не му пишам, знае да биде напорен... Ама синоќа додека чекав да се појави малку светлина низ ролетниве на мојата соба, истражувајќи ги можностите на мојот сакан интернет забележувам на Мигзи во personal message му пишува: "Santa u's a bitch ass nigga!"
Интересно. И покрај тоа што мисливе ми течеа во спротивна насока, сепак неговата реченица ми остана во потсвеста.
И денес, се чуствувам за никаде, како да сум спиела на мостот во Скопје, на ладното... Се ме боли. И јас повторно си седам пред мојот вечен пријател мислејќи си за тоа колку Дедо Мраз е за никаде!!
Нова Година е за никаде! Атмосферава е за никаде! Секоја година во овој период се чувствувам максимално за никаде!! Максимално празно, осамено, депресивно...
Но, не е важно. Мисливе ми се доволно...
А бидејќи понекогаш мисливе ми се одвиваат на чуден начин и тоа на англиси, сега додека почнува да ми пречи светлината од моето пријателче, тивко со поглед пропаѓам во Новогодишната бездна мислејќи си: "U really is a bitch ass muuhfucka Santa!"
 
Немаше снег ноќта...Нити погледот нагоре носеше надеж дека тропосферата планира да го спаси шоуто. За дечињата кои го очекуваа, ова беше крајно разочарувачки. За него - кој постои само во вакви ноќи, роден во фантазијата на клинците или во лагите на родителите, залепен на камиони со Кока Кола или на постери по продавниците, за него - Исусот на late December, спасителот на годишната мизерија, докторот со вакцина против катадневната депресија во метастазирачка фаза, за него - кловнизираниот дедо со црвен нос, "Хо-Хо-Хо" лицето со магична позитива во гласот - оваа ноќ без снежни ѕвезди беше совршена за она што го имаше наумено.

Му беше преку глава од игнорантскиот однос на оние за кои постоеше месец дена годишно. Порано и не беше толку лут ради тоа - си наоѓаше време кога немаше задача да го забавува целиот свет како кол-грл на шипка во некое кабаре, да прави нешто што е само по неговиот ќеиф: одеше на скијање со џуџињата, планинареше во Јужна Америка, читаше книги по цел ден. Пред 10-тина години му ставија и кабловска, и не му бараа пари за претплата. Си ја имаше сватено работата и наоѓаше задоволство и смисла во неа, дури и кога смислата ќе ја снемаше. Сепак, откако едно од џуџињата падна од кочијата пред некоја година - некаде над Колумбија чинам беше, откако се смени директорот на фирмата аз кабелска после што му побараа камата за целото време додека имал гратис прием на Фешн Тиви, Дискавери и ТВ 1000, откако единствената жена во животот која му носеше радост после смртта на Баба Мразица и на која секоја година прв и носеше поклон - се омажи за Кими Раиконен... Дедо Мраз не беше ист.

Почна да пие. Еднаш го фатија како има секс со малолетничка (која, мора да повторам за сите кои ја пропуштија медиумската покриеност на случајот - дека беше типична курва). На двапати, во афект ја избричи брадата. Атмосферата во работилницата за играчки не беше иста. Дедото не беше истиот...Беше разочаран од луѓето, од целата таа шарада надвор а најмногу од улогата која ја имаше тој во истата. А писмата и понатаму пристигнуваа, жедта на луѓето за мала еднократна доза надеж не престануваше. Без разлика што писмата се напишани од мали невини душички...и тие еден ден ќе пораснат и ќе го заборават исто како и нивните родители. Ќе го земаат за потсмев... Е, нема повеќе. Беше одлучил да стави конечен крај на целата приказна.

Внимателно се подготвуваше за последниот чекор. Иронично, одлучи тоа да биде скок..еден голем скок за Дедо Мраз, а мал чекор за човештвото. Воопшто не се замараше со луѓето, и што за нив ќе значи неговото отсуство, рушењето на митот за веселиот и насмеан дедичко кој ревносно секоја Божиќна или Новогодишна ноќ одеше од оџак до оџак и оставаше поклони за добрите дечиња од списокот. Едноставно, не можеше повеќе да издржи нити секунда во својата кожа, во црвениот костим и глупавата капа чии реплики носеше кој ќе стигне. Види, просто кажано - Дедо Мраз сакаше исто што и јас и ти, исто што и секој жив човек на планетава ќе посака...неговите желби не беа ништо поразлични од оние на секое живо суштество кое издишува јаглерод диоксид. Сепак, никогаш не сме му пратиле поклон нему, нели? Единственото внимание кое сме му го посветувале, наш дар за него - биле празните чорапи закачени над каминот (ако го имаме) или празниот простор под елката кон кој прво итаме секое првојануарско утро.

Дали некој од нас му рекол: "Деде, ај паркирај ја кочијата и бујрум на пивце и чварки кај мене. Кажи ми шо има ново, кој има најчист оџак, за кого навиваш, каде за Нова Година (шега на негова сметка која не верувам дека би ја сватил погрешно доколку го поканите на пиво)...Никој, така?

Како што реков, внимателно ја одбра зградата. Беше најпознатата зграда во градот која ја користеа (само еднаш во животот) речиси сите ликови кои некогаш почувствувале суицидален нагон. Не кажа никому што планира. Ирвасите и неколкуте џуџиња кои тргнаа со него на редовното новогодишно патување низ светот ги остави две улици подолу и им рече дека ќе се врати за 20-тина минути бидејќи не е сигурен дали оџакот на куќата во која треба да влезе е поправен од минатата година (се сеќавате на муабетите дека Дедо Мраз добил астма од саѓта во некој оџак? Епа за истиот оџак ви зборувам).

Кога се качуваше по скалите кон кровот, се му беше некако однапред предодредено - идејата за деидеализацијата на Новата Година му зрачеше од секоја пора на телото и секое дупченце на црвениот волнен скафандер на него. Се качи на покривот. Се што имаше со себе беше една мала плоска со "најдобриот коњак на светот" - пијалок кој редовно го купуваше секоја година кога ќе свратеше во јужна Франција. Покрај плоската, со себе си го понесе и медаљонот кој многу одамна, за нивната свршувачка му го подари Баба Мразица, медаљон во кој имаше слика од нив двајца во раната младост, долго пред да почне сето ова лудило. И тоа беше се...Немаше лист хартија и пенкало за некакво проштално писмо, немаше ништо од тоа. Само што се искачи на кровот, се зачуди: Пред себе здогледа, стуткани во еден агол- момче и девојка. Зар е можно, помисли, дека има некој кој не го чека него вечерва? Уште повеќе, можно ли е некој да се нашол точно на истото место во исто време, половина час пред да се слушнат камбаните низ градот, некој - поточно некои луѓе кои имаат исти намери како неговите за поминување на последна прослава на новата година? Дедо Мраз е на покривот, со намера да се самоубие, а овие шмокљановци, во цутот на младоста не изгледаат ништо подобро од него.

"Фак" - помисли - "Ни ова не можам мирно да го направам".

Воздивна и полека, внимателно зачекори кон нив...


---------------------------------------------------------------
Забелешка од авторот:Можам да продолжам јас. Подраго ќе ми е ако продолжи некој од вас. Ајде кајганаџии....


"Хо-Хо-Хо"
ај јас ќе продолжам

Ги загледа,беа млади,можеби 17-18 години.Кога го видоа не им се веруваше дека тој е оној правиот,the real one,вистинскиот Дедо Мраз.Со чуден,за него,сериозен глас ги праша:’Што правите вие тука?Зарем не треба да сте на некоја прослава или дома да ме чекате да ви донесам подарок?’
Тажни и разочарани му одговорија дека им се смачило од нивниот живот затоа што нивните родители ја забранувале нивната врска,па за да се спасат сакале да си ги скратат маките и да си го одземат животот фрлајќи се од оваа `самоубиствена`зграда.
Се зачуди.Сфати дека не бил само тој разочаран од животот,дека можеби децата што му ги праќале писмата навистина го очекувале со нетрпение,дека тој навистина барем за миг ќе им го разубави животот.Дека можеби тие што заборавиле на него,всушност имале големи проблеми па не им текнало дека тој е тука за нив секоја Нова Година,да им донесе еден мал подарок,малку среќа.
Сфати дека сепак тој придонесува за убавата новогодишна атмосфера,дека тој на некого му е навистина потребен,дека децата цела година се трудат да бидат добри за да можат само за еден миг да го видат него и да добијат мало внимание,мал подарок.Сфати дека неговиот живот навистина вреди многу повеќе отколку што тој мислел и дека неговата смрт навистина би погодила многу луѓе низ светот.
Им се обрати на момчето и девојката:’Мислам дека со тоа што ќе си го одземете животот нема да му направите добро на никој,ни на вас ни на вашите родители.Треба да уживате во животот и во оваа волшебна ноќ’.Сфатија дека е во право и заминаа во кафулето каде што беа нивните пријатели.
Дедо Мраз се симна од зградата и се врати кај неговата санка и неговите ирваси.Не им кажа каде бил затоа што сметаше дека тоа требаше да биде негова тајна,дека тој момент на слабост не треба да го дознае никој.Се качи во санката и замина да ги подели останатите подароци и да ја врати насмевката на тажните лица
 
...Абе сеа вии, признаам јебига дека сум у најбоља ситуација од сите колеги. Коа Џива ги делеше улогите, мене ми дае да бидам Дедо Мраз. Уживам јебига, сите ме сакаат, а работам само една вечер у годината. Останатото време се дебелеам со Скопско и вртам кобасички секоја вечер пред телевизор.
И не ми е проблем, рецимо као на Бетмен, шо мора да работи секој ебан и да живее у мочана пештера. Иначе добар момак е, воспитан, културен, али кој курац коа пиво ние. Е сеа коа ќе дое онаа вечер, нема бегање брате, мора да се `рмба. Си ги облекуем најубавите гаќички и највише им се радуем, пошо иам “дресинг код“ и морам да носам све црвено. Џива потпишал некој договор со некоја компанија и сеа тоа ти е. Знам дека изглеам ко педерче, ама шо да праам.
И сеа муабетот ми беше, шо ми се деси минатата година. Коа ја поминуем од оџак на оџак, тоа е ептен брзо... ја сум дебел, али елегантен. И застанав на покривот на една куќа на Фиџи, пошо на малиот ирвас му се примочка. У тој момент да ти се погоди копи еден пред врата да ме чека и да гледа нагоре. Ме виде и почна да урла ко малине копиљаци на кемени мост коа ќе им даеш 50 евра. Дедо Мраз е на покривот, Дедо Мраз е на покривот. Пробав да го смирам, тргнав надоле, се лизнав, паднав, си ја шинав кичмата. Искочи мајка му, викна полиција, ме приведоа. Чим почнав да мрдам се снајдов искочив, се враќам, Ирвасите ги украл некој. А едно топло, заебано... ја натрупан со тоа оделото шо не смеам да го соблечам. Се испотив ко свиња, ирвасите ги нема, поклоните отишле, каснам со работа, и ми звони Џива. Дечко, годинава шо ја заеба ја заеба, среќа при рака ми беше Миленко, ептен личи на дедо мраз па те замени. следната година ако поебеш нешо, ја ќе те одјебам тебе...
Мочко... ти кажуем. Цел свет му се клања, мене најде да ми се чатали. Му викнам тројца момци од Ѓорче нема да знае од кај да избега...
Али брат ти кажуем, за мене секој ден е ноа година, дали сум у Скопје или на Хаваи ич пакетчево не ме боли...
 
ај јас ќе продолжам

Aj jaс сепак...

Само момент му беше потребен за да се откаже од добровилските хумани мисли и да се врати во првобитниот Стејт-Оф-Мајнд."Не,не вечерва " -помисли-"Не повеќе". Глатко се заврти према работ,зема мал залет и полета. Може да замислите кој би очекувал паѓање на Дедо Мразовци од покривите...Да, веројатно никој. Ретко кој ја имал таа прилика да го види Дедо Мраз како лета. Не, не паѓаше.... Белобрадиот дедица леташе. Конечно,се осети слободен, само една милисекнда, еден момент пред да ја истури содржината од ентериерот кој го ограничваше со својот череп, на бетонот, 18 катови подолу.

Дедо Мраз е мртов. И Супермен е мртов, од поодамна.
За среќа, јас се осеќам сосема добро.


Среќна Нова Година.
 
Окееееееј, не сум сменил тема, убијте ме! Што е штосот?
 
Да, ме интересира ова прашање. Видете, во животот се` се менува. Panta rei беше латинското или тоа беше навивачкиот слоган на коњичкиот клуб од Спарта? Се разбираме нели...
За што се работи... го имате субјектот ГГ. Го испитувате со години, не го пуштате да мрдне без ваш надзор и ги пратите и паметите сите негови испади, успони, падови, успеси и бездни... кои сепак потоа се покажале како обични септички јами. Сепак имало излез и од нив. И сте забележале дека опитното глувче ГГ има обичај да ги менува своите навики и ставови во зависност од лично стекнатите искуства и влијанието од поставеноста на планетите. Знаете точно како реагира на одредени зборови, и определени ситуации, и најважно од се`... го разбирате, оправдувате а понекогаш и осудувате.
Но никогаш по толку години испитување, нема да сфатите која е таа навика, и која сила постои во него внатре, што нема да му дозволи да биде среќен, и да дозволи некој покрај него да биде среќен. Дали неговиот живот е рубикова коцка во рацете на Бог, кој ете е слаб играч? Или е можеби главниот лик во видео игричката на Луцифер и Исус, па ниту еден не си дозволува да загуби? Или едноставно, детето е такво. Фалично.
А знаев уште како малечок, кога покрај Вардар од мушмули некој фрли камен и ме погоди во центарот на тиквата, дека нешто ми преврте внатре. Вагата за чувства ми ја закочи. И сега оди продавај љубов на кило... не ојт!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom