Bush(av)
Aut inveniam viam aut faciam.
- Член од
- 30 април 2007
- Мислења
- 758
- Поени од реакции
- 7
Јас, кловнот
Затвори очи, па погледни ме. Погледни ги зелените очи со примеси на сино скриени зад дебелиот слој на бела шминка. Погледни го бледо розовиот образ покриен со вечната небесно сина солза, под која не се гледаат вистинските солзи што го горат лицето. Но тоа не е битно.
Одсекогаш сум се плашел од кловнови.
Си велев, замисли да го сретнеш во темна уличка. Страшно морбидни. Никогаш не ги сакав. Ама...Секогаш е тука тоа проклето ама, што не прашува дали се појавува во погрешно време.
Ама, се најдов во улога на кловнот. Без циркус. One man show. One man audience. Огледалото ми се смееше. Се виткаше од смеа на моите патетични обиди да се соберам и да ја залепам пак вечната насмевка на лицето. Но тоа не е битно.
Ја извадив маската. Готова маска. Мрза сум, не можам да минувам низ целиот ритуал на шминкање. Само солзата ја лепам на крај. Цирконче обично. Колку да не е без ич. Но тоа не е битно.
Сакам да излезам. Огледалото не може да се смее. Сега е тажно. Не му се исполни желбата да ја догледа претставата. Ама не е битно.
Ја намонтирав насмевката и излегов на сонце. Барем тоа ќе е секогаш битно.