Не ја сфаќам туѓата предозираност со кофеин.
Како небаре влева неверојатна храброст и натприродни моќи.
Само тогаш луѓето добиваат инспирација да се почувстуваат разбудени од кашата во која живеат.
Последниот пат кога пиев кафе, завршив на доктор.
Беше прегорко,толку јако што ми создаде тахикардија, ми го падна шеќерот и просто речено во комбинација со лигавата ми емотивна состојба - ме кутна.
Колабирав, не знаеја што да ми направат.
Не ми се зборуваше. Не ми се одговараше на тоа па тоа истите прашања на докторите.
- Да не си нешто загрижена? Да не имаш некој проблеми? Нервози? Ништо такво? Да не си вознемирена? Да не те мачи нешто?
Како не ми текна да им речам: - Да, вие ме мачите со глупите прашања!
Американец на ова би рекол,тие само си ја работеа работата и јас би потврдила, бидејќи знам дека не е лојално од моја страна да ги обвинувам нив,што јас потајно знаев зошто срцето ќе ми излеташе од градите и како.....една толку безначајна доза прејак кофеин ме тутна во рацете на луѓето со бели мантили.
Негирав, демантирав,одбивав.
Бледа бев како дух, и не стоев на нозе, докторите кршеа прсти, сестрите си ги средуваа ноктите со турпија, специјалистите се чудеа, а интернистите едноставно прашуваа да не ми фрлил некој магија. Греој.
Последниот кај кого ме однесоа, спокојно седеше на неговото биро и читаше весник. Го спушти весникот и пред него никна една бела шолја црно,врело кафе. Опоен мирис што шири загадочност.
И горчина.
- Млада сте.
- Ваљда.
- Речиси сеуште дете.
- Не до толку.
- Сега сфаќам зошто е погорко денес кафето. - воскликна. - Млада дамо... уште кога влеговте ме ослепи тој познат сјај во очите кој светна како блиц од апарат. Одете си дома. Или помирете се или не гледајте назад.
- Што ќе напишете во дијагнозата тогаш?
- Amorae melancholis cupidonorum.