не знам дали 'Накај Сван' почнува со Комбре
Ако зборуваш за тоа издание од Ѕвезди на светската книжевност на Три/Арс Ламина, само тоа го немам од новите, не го најдов тогаш, па не сум сигурен дали почнува со Комбре или е само вториот дел од Накај Сван. Но со оглед на тоа дека има 100-тина страници повеќе од првото издание на Една љубов на Сван од Три, а фонтот е значително помал во изданијата од Ѕвезди, претпоставувам дека е целиот прв роман, со Комбре на почетокот.
не знам дали е излезена од печат 'Повторно пронајденото време' бидејќи до сега не ја имам сретнато како целосно издание од Ѕвезди на светската книжевност.
Излезена е, ја имам јас, со тврд повез, ја начекав на штандот пред Саем лани, за само стотче. Ја имам и Во сенка на девојките во цут, исто тврд повез од Ѕвезди на с.к. исто 100 ден, само како што пишав погоре, првиот том го немаше.
Да, точно, сега проверив - Комбре е во издание на Зумпрес. Значи ако ја сметаме поделбата во 13 книги, вака би одело:
1. Комбре - Зумпрес
2. Една љубов на Сван - Три и МПМ
3. Околу госпоѓа Сван - Три
4. В сенка на расцутените девојки 2 - Три
5. Светот на Германтови 1 - Три
6. Светот на Германтови 2 - Три
7. Содом и Гомор 1 -Три
8. Содом и Гомор 2 - Три
9. Затвореничка 1 - Магор
10. Затвореничка 2 - Магор
11. Бегалка (Исчезнатата Албертина) - Магор
12. Пронајденото време 1 - Магор
13. Пронајденото време 2 - самостојно не е објавен
Од Ѕвезди на светската книжевност, издадени се 3 тома:
А. (1 и) 2 - Во потрага по загубеното време 1
Б. 3 и 4 - Во потрага по загубеното време 2
В. 12 и 13 - Пронајденото време