Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
Храбар нов свет од Хаксли, ја има некоја издавачка куќа преведено на македонски јазик?
Ти препорачувам на српски да ја читаш ако немаш проблем со јазикот. Преводот не е баш најдобар.
 
Ти препорачувам на српски да ја читаш ако немаш проблем со јазикот. Преводот не е баш најдобар.

Ја имам прочитано на англиски, само сега сакам да ја земам како поклон за пријател кој не стои добро со англискиот. Фала ти за препораката во секој случај :)
 
Ја барам Преобразба од Кафка. Изданието од Темплум е исцрпено. Единствено што можев да најдам е изданието од Ѕвезди на светската книжевност. Има некој искуство со таа книга дали ја бива?
 
Ја барам Преобразба од Кафка. Изданието од Темплум е исцрпено. Единствено што можев да најдам е изданието од Ѕвезди на светската книжевност. Има некој искуство со таа книга дали ја бива?
Тоа издание на Ѕвезди на светската книжевност како што гледам на cobiss.mk е превод на Ранка Грчева која е наградуван преведувач, а и коавтор на најобемниот и најдобриот германско-македонски речник издаден пред неколку години... Мислам дека и подолго време живее во Германија.

Иако ја немам книгата, мислам дека се работи за квалитетен превод...
 
Знае ли некој дали кај нас се издадени сите делови од "Во потрага по загубеното време" од Пруст и кои делови од која издавачка куќа?
 
Знае ли некој дали кај нас се издадени сите делови од "Во потрага по загубеното време" од Пруст и кои делови од која издавачка куќа?
Да, издадени се, ама тешко се наоѓаат сите. Само да ги најдам податоците, и ќе ти пишам.[DOUBLEPOST=1535650986][/DOUBLEPOST]
Знае ли некој дали кај нас се издадени сите делови од "Во потрага по загубеното време" од Пруст и кои делови од која издавачка куќа?
Еве ги:

1. „Накај Сван“ - целосно е објавен во Ѕвезди на светската книжевност, Магор е издавачот, мислам. Првиот дел, „Комбре“, е објавен од Три во некоја едиција Планета, веројатно одамна се распродадени. Вториот дел - „Една љубов на Сван“ е самостојно објавен од МПМ, во едицијата Бисери на светската книжевност

2. „Во сенка на девојките во цут“ - целосно е објавен во Ѕвезди на светската книжевност.

3. „Околу Германтови“ - објавен од Три во едицијата Планета, само не знам дали е цел или само 1 дел.

4. „Содома и Гомора“ - објавен од Три во едицијата Планета, само не знам дали е цел или само 1 дел.

5. „Затвореничка“ - објавен во 2 дела од Магор.

6. „Бегалка“ - објавен од Магор како „Исчезнатата Албертина“.

7. „Повторно пронајденото време“ - објавен целосно во Ѕвезди на светската книжевност. Во Магор е објавен првиот дел.
________
Ако ги поделиш по делови како што некаде ги делат, на 13 книги, во Магор можеш да ги најдеш 9, 10, 11, 12. Од МПМ едицијата - Бисери на с.к. се наоѓа 1, на старо многу лесно се наоѓа. 1, 2, 3, 4, 12 и 13 ги има во Ѕвезди на светската книжевност, а 5, 6, 7 и 8 се ретки.
 
Последно уредено:

Мислам дека првиот дел Комбре не е од Три. Од 2 до 8 мислам дека се издание од Три, а од 9 до 12 од Магор. 13 дел мислам дека не е издаден.
А од Ѕвезди на светската книжевност како што кажа има две книги изданија од Три: 'Накај Сван' и 'Во сенка на девојките во цут', но не знам дали 'Накај Сван' почнува со Комбре кое не е издание од Три(можеби беше од Зумпрес?) т.е. дали е целосно. А исто така и не знам дали е излезена од печат 'Повторно пронајденото време' бидејќи до сега не ја имам сретнато како целосно издание од Ѕвезди на светската книжевност.
Како и да е фала ти на инфото.
 
не знам дали 'Накај Сван' почнува со Комбре
Ако зборуваш за тоа издание од Ѕвезди на светската книжевност на Три/Арс Ламина, само тоа го немам од новите, не го најдов тогаш, па не сум сигурен дали почнува со Комбре или е само вториот дел од Накај Сван. Но со оглед на тоа дека има 100-тина страници повеќе од првото издание на Една љубов на Сван од Три, а фонтот е значително помал во изданијата од Ѕвезди, претпоставувам дека е целиот прв роман, со Комбре на почетокот.
не знам дали е излезена од печат 'Повторно пронајденото време' бидејќи до сега не ја имам сретнато како целосно издание од Ѕвезди на светската книжевност.
Излезена е, ја имам јас, со тврд повез, ја начекав на штандот пред Саем лани, за само стотче. Ја имам и Во сенка на девојките во цут, исто тврд повез од Ѕвезди на с.к. исто 100 ден, само како што пишав погоре, првиот том го немаше.

Да, точно, сега проверив - Комбре е во издание на Зумпрес. Значи ако ја сметаме поделбата во 13 книги, вака би одело:

1. Комбре - Зумпрес
2. Една љубов на Сван - Три и МПМ
3. Околу госпоѓа Сван - Три
4. В сенка на расцутените девојки 2 - Три
5. Светот на Германтови 1 - Три
6. Светот на Германтови 2 - Три
7. Содом и Гомор 1 -Три
8. Содом и Гомор 2 - Три
9. Затвореничка 1 - Магор
10. Затвореничка 2 - Магор
11. Бегалка (Исчезнатата Албертина) - Магор
12. Пронајденото време 1 - Магор
13. Пронајденото време 2 - самостојно не е објавен

Од Ѕвезди на светската книжевност, издадени се 3 тома:
А. (1 и) 2 - Во потрага по загубеното време 1
Б. 3 и 4 - Во потрага по загубеното време 2
В. 12 и 13 - Пронајденото време
 
Знае ли некој дали кај нас се издадени сите делови од "Во потрага по загубеното време" од Пруст и кои делови од која издавачка куќа?

Златкевичус ти ги пиша погоре, а еве како изгледаат и визуелно првичните изданија, пред да бидат реиздадени како дел од Ѕвездите на светската книжевност, не сите делови. Преводот е на Ѓорѓе Марјановиќ од Правен и затоа последните томови се поспоро издавани во зависност од можностите на професорот кој сепак е во години. Ми фали број 3, кој ОЦД кошмар е вака кога ги гледам :D. Ако налеташ ти или некој друг на неа некаде, обавести ме, сакам да ја купам

Prust.jpg

Ја барам Преобразба од Кафка. Изданието од Темплум е исцрпено. Единствено што можев да најдам е изданието од Ѕвезди на светската книжевност. Има некој искуство со таа книга дали ја бива?

Таа ти изгледа вака

Preobrazba.jpg

Опфатени раскази (извини за квалитетот на снимката не ме бива за сликање)

Sodrzina_1.jpg

Sodrzina_2.jpg

Таа на Ранка ја немам затоа што едицијата Ѕвездите на Светската Книжевност ги земам исклучиво во тврд повез, а така малку потешко се наоѓаат. Не знам кои се раскази се опфатени таму меѓутоа би било штета доколку ги нема: Во колонијата на казнетите, Дувло, На изградбата на кинескиот ѕид, Уметникот во гладување, кои се мали ремек дела.

Сега ми текна, да не заборавам. Темплум ја има издадено книгава 2 пати како дел од нивната едиција Магма. Првиот пат е под реден број 59 како што е на сликата погоре. Во тоа издание има и други раскази освен Преобразба.
Вториот пат ја имаат издадено под реден број 70 во истата едиција Магма, само што сега во книгата е само Преобразба без останати раскази и изгледа вака
Preobrazba_2.jpg

Би било убаво да го најдеш првото издание ако можеш. Ако не, тоа од Ранка е исто со повеќе раскази, не само Преобразба.
 
Последно уредено:
Во моментов ја читам Златниот Павилјон, доста интересна и чудна книга.
Последнава недела дознав за авторот Јукио Мишима доста ме заинтригира како личност и ставив во план да ја прочитам неговата тетралогија(sea of fertillity).
Се надевав има негови книги во библиотекиве, сепак немаше ни една од тетралогијата. Дали ги има преведено во книжаранициве?
П.С. Храбар Нов Свет ја имаат по бибилитеоки?
 
Дечки ја барам книгата Белканто од Ан Патчет не можам никаде да ја најдам.Видов и низ кеј и на плоштад да не ја има ама слабо.
 
Gi prodavam site knigi od dzambazov ako na nekoj mu treba neka mi pise
 
Каде може да ја најдам Последното предавање од Ренди Пош?

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Каде можам да ја најдам "Книга на проклетите" од Чарлс Форт?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom