Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
Каде може да се најде сериалот книги "игра на троновите" на македонски или српски јазик ?
 
Каде може да се најде сериалот книги "игра на троновите" на македонски или српски јазик ?

Јас ги имам првите четири дела на хрватски, во е-форма. Преводот е солиден. Ако сакаш, можам да ти ги пратам. Ако прашуваш конкретно за книги од книжара, тогаш не знам :)
 
Конкретно за овој комплет, и не е богзнае што. Ако имаш среќа за другиот комплет - Сенка на ветрот, Игра на Ангелот, Затвореник на маглата - земи ги овие попрво. И Марина како одделна приказна мораш.
Па ќе видам а Марина обавезно сеа овие денови ке отидам до библиотека да видам дали ја имаат.
 
Јас ги имам првите четири дела на хрватски, во е-форма. Преводот е солиден. Ако сакаш, можам да ти ги пратам. Ако прашуваш конкретно за книги од книжара, тогаш не знам :)
Сакам :)
livrinovski@drisla.mk
Благодарам
 
Некој ја прочитал книгата Мраз од Јацек Дукај?
Впечатоци, споредби, препорака?
 
Може да ми препорачате некоја книга од Темплум од едицијата Магма освен Парфем ,Ако една зимска ноќ некој патник и Лолита (само овие ги имам прочитано од нив)?
 
Може да ми препорачате некоја книга од Темплум од едицијата Магма освен Парфем ,Ако една зимска ноќ некој патник и Лолита (само овие ги имам прочитано од нив)?

  1. „Новела за сонот“ - Артур Шницлер
  2. „Природен роман“ - Георги Господинов ((y) го обожавам Господинов)
  3. „Љубов за 17 1/2 долари“ / Чарлс Буковски (преводот е мноооогу добар)
  4. „Цинк“ - Давид Албахари (краток роман, но се чита на сабајле)
  5. „Необични приказни“ - Давид Албахари (многу зен)
  6. „Во земјата на магијата“ Анри Мишо (мај фејворит)
  7. „Антропологија“ -Ден Роудс (кратки раскази, мислам дека секој има 100 збора)
  8. „Едноминутни новели“ - Иштварн Еркењ
  9. „Трска што мисли“ - Нина Барберова
 
Има ли барем нешто од Стивен Кинг на српски ј. кај нас? Знам дека нема превод на нашки освен Мобилен али не била кујзнае што. Има ли некои други добри писатели на мистерии/хорор а да имаат преводи на македонски?
 
Има највеќе кај продавачите на стари книги на улица Македонија и на плоштад. Од таму имам земено две книги од него на српски. Во Табернакул исто имаше неколку негови книги, не сум сигурна, мислам дека имаше една и на македонски. Во Топер ја има Талисман на српски, како и Shining (Isijavanje) а се наоѓаат и делови од Dark Tower серијалот, ама само делови - не целиот серијал.

За други писатели на хорори - Ден Симонс е одличен. Не знам колку е преведуван на македонски, али мислам дека српски изданија на неговите книги се наоѓаат колку толку. Од него можам да ги препорачам Leto noci и Teror.

Ако не ти се допаѓа изборот кај нас, има една страна од каде што нарачував српски изданија. Не ми текнува во моментов точно, ама ако сакаш ќе ја побарам.

:)
 
Фала мнг. Не да не ми допаѓаат преводите туку ете што да правиме кога не се певедуваат некои подобри книги на македонски.. Незнам во што е проблемот.
 
Фала мнг. Не да не ми допаѓаат преводите туку ете што да правиме кога не се певедуваат некои подобри книги на македонски.. Незнам во што е проблемот.

Овде побарај „Стивен Кинг“, излегуваат 5 негови книги на српски. Можно е да има нешто и во Топер, носат доста книги од српски издавачи.
 
Страв од најлошото - Линвуд Баркли
Мистериозен трилер кој ве држи во неизвесност со до последната страница. Се работи за тинејџерката Сидни која наеднаш без збор исчезнува. Колку повеќе нејзиниот татко пробува да ја најде толку повќе сваќа дека воопшто не ја познава сопствената ќерка.
Каде може да се најде книгава? Интересно звучи...
 
Може некој во кратки црти да ми каже за Заговорот Моцарт? Ми изгледа како супер книга.

Ја имам читано, ама некако содржината ептен ми се меша со "Деветата симфонија" која пак е за Бетовен.
Во главно се работи за лесно трилерче, каде мислам дека се' ќе почне од едно пронајдено писмо на Моцарт х-години после неговата смрт. Ако ти е онака за разонода тогаш прочитај ја, нема да ти даде да ја испуштиш од раце, за 2-3 дена ќе ја смачкаш. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom