Труд или талент

  • Креатор на темата Креатор на темата Blackout
  • Време на започнување Време на започнување
И двете :) Ако имаш талент за цртање, а не се трудиш..нормално дека кога ќе седнеш ќе нацрташ убаво, ама ако не учиш за мешањето на боите, за апстракција, линии и слично нема да го усовршиш талентот и да се издигнеш на повисоко ниво.
Значи и тоа и тоа. Талент и МНОГУ труд.
 
Зависи за што конкретно збориме. Во некои сфери талентот и те како е битен. Според мене талентот не е за пофалба бидејќи тоа е нешто што го носиш во себе уште од моментот кога го испушташ првиот плач. Тоа е дар. Од друга страна, трудот е нешто што заслужува почит бидејќи не секој е способен да работи напорно за да ја постигне својата цел.
 
Ако не те бива за пеење можеш да се трудиш до изнемоштеност пак нема да те бива...го немаш тоа во себе...
Талентот за нешто или го имаш или го немаш...треба да го пронајдеш својот талент и да работиш на него...да се трудиш, да се усовршуваш, да инвестираш...е тогаш има смисла и има успех...
 
Работа, само работа. Упорност. Не го потценувам талентот, знам талентирани луѓе, ама знам дека некои од нив се изгубија од чалам и останаа со прстот в уста. Испадна дека други, помалку талентирани, ги претркаа.
 
Партиска книшка и пријатели....пожелно е и да си крадец, дифтар, силеџија(доаѓа во комбинација понекад) и евентуално албанец.....и ќоро и сакато "успеа" овде. Сите се "успешни" во својата дејност, Македонија врие од трудољубиви и талентирани особи.
 
Талентот е поважен.
Колку повеќе талент, толку помалку труд е потребен. Оние кои постигнуваат со многу, многу труд подобро да се откажат. Тоа значи дека се просечни или, пак воопшто немаат талент за тоа што го прават.
Просечните луѓе се трудат, упорно се трудат и после неуспех мислат дека не се труделе доволно. Не можат да сфатат дека трудот не ги спасува.
Да, со труд може да се постигне, но само до одредено, пониско ниво. Со труд не можеш да се искачиш на врвот, со труд се добива само тројка.
Секако, и без ич труд не бидува. Сепак, мора малку да си го мрднете газот, но талентот ја игра главната улога.
Ако нешто саката, а за да го направите ви треба многу труд, престанете. Никаде нема да стигнете. ЕДноставно, поченете нешто што ви оди од рака. Така ќе ја искористите вашата вистинска вредност и ќе бидете добри во онаа што го правите.
А, ако нешто ви оди од рака, тогаш и го сакате, нели?
На пример, еве на многу луѓе не и оди математиката. Па, тие луѓе сигурно не ја сакаат математиката.
Ако ви требааат пет часа за да научите за утре на школо, тогаш не разбирам зошто воопшто учите?
Кога мене би ми требало толку време, би учела колку да ја поминам годината и би се занимавала со нешто кое ми оди од рака.
 
Талент дефинитивно,зашто ако си антиталент за нешто но си запнал со труд и работа, нема да завршиш со успех на истото..Но доколку поседуваш талент за нешто и не работиш на истото, не напредуваш, не вложуваш енергија,труд и време, успехот нема да ти дојде сам по себе...
Не ја сакам упорноста кај некои луѓе кога гледаат дека не им иде, и не се надарани за истото - но упорни се. Најчесто за да би се докажале пред некого ради комплекси што ги поседуваат, или да бидат подобри од некого кој е талентиран во тоа поле..Пример а милион Тошевци после Тоше..:rolleyes::confused:
 
Талентот е потенцијал, а потенцијалот ако правилно не се искористи не вреди пет пари...трудот пак, е релативно вреднуван, некогаш повеќе, вообичаено, кај нас помалку, ама секогаш вреди.
 
Ако крајниот резултат е еднаков на трудот по талентот...
Труд=2
Талент1=2
Талент2=10

Резултат1= 2X2=4
Резултат2= 2X10=20

Гледате?
Со ист труд некој постигнува помалку, а некој повеќе...Зошто? Затоа што едниот има помалку талент, а другиот повеќе.
На пример, мене не ме бидува за пеење. Така и ќе остане. Јас колку и да се убивам од вежбање, никогаш не би била пејачка...:)
 
Талент треба само во уметност, за се останато е труд. Ако се потрудиш можеш да станеш и физичар и хемичар. Се се учи, нема нешто што неможе да се совлада. Не ти идело математика и физика, не си учел, а не не ти идело. Има работи што ги сакаш и им се посветуваш и работи што не ги сакаш и ги игнорираш. Ако дојдеш до степен да мораш да го научиш нештото и кинески ќе научиш заедно со квантна физика.

Ако не се трудиш нешто да го направиш баш како што треба, ни талент не те спасува.
 
Талент треба само во уметност, за се останато е труд. Ако се потрудиш можеш да станеш и физичар и хемичар. Се се учи, нема нешто што неможе да се совлада. Не ти идело математика и физика, не си учел, а не не ти идело. Има работи што ги сакаш и им се посветуваш и работи што не ги сакаш и ги игнорираш. Ако дојдеш до степен да мораш да го научиш нештото и кинески ќе научиш заедно со квантна физика.

Ако не се трудиш нешто да го направиш баш како што треба, ни талент не те спасува.


Талентот оди „во пакет“ со самиот труд.Нема талент (односно мотивираност за остварување на целта) нема и труд, зошто ќе се нема желба да се вложат напори во работата да се оствари.Ако зборуваме за остварување на целта на квалитетен и ефикасен начин.А ако говориме за вложување труд сосила, односно од инает, тогаш и можеби нешто може да се направи но нема да биде исто со она што е остварено со талентот (кој оди секако во пакет со мотивацијата) и трудот.
 
Талентот оди „во пакет“ со самиот труд.Нема талент (односно мотивираност за работата да се оствари) нема и труд, зошто ќе се нема желба да се вложат напори во работата да се оствари.Ако зборуваме за остварување на целта на квалитетен и ефикасен начин.А ако говориме за вложување труд сосила, односно од инает, тогаш и можеби нешто може да се направи но нема да биде исто со она што е остварено со талентот (кој оди секако во пакет со мотивацијата) и трудот.
Да ако гледаме во услови каде лицето може да бира што сака да биде :) Во некој паралелен универзум. Во сите други и без талент со труд ќе постигне успех во областа во која се нашол. Се разбира ако се потруди. Може нема да му е лесно како на оној што има желба тоа да го научи, али за некој временски период ќе бидат еднакви.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom