Трпе и Трпана

  • Креатор на темата Креатор на темата InF3cTeD
  • Време на започнување Време на започнување
Трпе се враќа дома рано сабајле, камен пијан и Трпана му отвара врата и го гледа како залудно се обидува со цигара во рака да ја отвори вратата и му вика:
- Еееј бре пијаничиште едно, се гледаш ли што правиш?
Во тој момент Трпе ја гледа цигарата и вели:
- Ту бе мајка му стара, пак сум го испушил клучот.
 
Јадат Трпе и Трпана шпагети. Трпана се испрскала по фустанот, па вели: - Леле, изгледам како свиња! Трпе ја погледнал и вели: - А уште и си се
накапала!
 
-Го прашува наставникот малиот Трпе:
-Трпе кој синоќа се качуваше на мојата јаболка?!
-Наставниче овде во последната клупа ништо не се слуша.
-Како не се слуша? Дојди седни на моето место, рекол наставникот, а јас ке седнам на твоето па ми постави прашање.
Откако ги промениле местата Трпе прашал:
-Наставниче кој синоќа спиеше со мојата мајка?
Наставникот одговорил:
-Имаш право Трпе, овде во последната клупа стварно ништо не се слуша.
 
Трпе се шетал по селскиот пат и го видел Рамче како копа седејки.
- Абе Рамче, оти копаш седејќи?
- Епа оти пробав лежејќи, ама не бива.
 
Го покануваат Трпе на 30-годишнина од матура.
-А бре луѓе, кај најдовте среде сесија да ме викате.
 
Оди Трпе во рибарница и бара риба.
- Рибава свежа е?
- Сигурно дека е свежа, гледаш дека е жива!
- Па и жена ми е жива, ама дека е свежа, не сум сигурен!


Починала Трпана и отишле на погреб, кога завршил погребот, најблиските заминале кај Трпе. Времето наеднаш многу се влошило, почнало да светка и да грми многу силно. Тогаш Трпе излегол на тераса погледнал кон небото и рекол:
- Ете ја, стигна.
 
Се јавува Трпе кај девојката и и вика:
- Ај дојди кај мене, нема никој.
Оваа се дотерала и отишла кај Трпе и таму стварно немало никој!
 
Го прашуваат Трпе дали би поебал мечка за 100 евра.
- Зошто да не, кога би имал пари!
 
Се караат Трпе и Трпана и Трпана му вика:
- Како не ти е срам, фудбалот ти е поважен од мене. Тој е сè во твојот живот. Никогаш не излегуваме заедно. Не ми купуваш подароци. Или си на натпревар или гледаш фудбал на телевизија. Сигурно не можеш ни да се сетиш кога се зедовме.
А Трпе враќа:
- Е можам! Се зедовме на денот кога Пелистер и Вардар одиграа 1:1 во Купот.

--- надополнето ---

Трпана полага возачки пред комисија.
- Госпоѓо што ќе се случи кога ќе ја подигнете левата нога.
- Тогаш го отпуштам квачилото!
- Добро, а кога ќе ја дигнете десната нога?
- Тогаш го отпуштам гасот.
- Добро, а што ќе се случи кога ќе ги дигнете двете нозе?
- Е изгледа дека тогаш ќе положам!
 
Отишла Трпана на преглед на гинеколог, ја прегледал докторот, па бидејќи брзала да не задоцни за на забар, ги заборавила гаќите.
Стигнала Трпана на заболекар, седнала на столчето и зинала за да може забарот да види кој заб ја боли.
Но, во меѓувреме додека да дојде Трпана, гинекологот му се јавил на забарот да му каже дека ќе дојде Трпана и да и каже дека си ги заборавила гаќите кај него. Арно ама, забарот решил да се пошегува со Трпана па и рекол:
- Ти жено не носиш гаќи!
- Од кај знаеш?
- Па гледам преку устата дека си без гаѓи.
Се помислила Трпана, па ја кренала сукњата, ги раширила нозете и му рекла на забарот:
- Е па ај сега види кој заб ме боли!
 
Влегува Трпе во соба, ја гледа Трпана пегла и и вели:
- Што правиш срцка?
- Еве пеглам на коњот.
- Добро колку пати да ти кажам дека не се вика коњ тоа на кое што пеглаш, туку магаре.
- Не ми се секирај, знам да разликувам магаре од коњ.
 
Учениците добиваат состав за писмена работа: "Што би направиле доколку сте директор"? Сите ученици пишуваат само малиот Трпе седи и чека. Учителката налутено го прашува: -Зошто не пишуваш? -Чекам да дојде секретарката да и издиктирам
 
Отишла Трпана кај својот доктор, но кај него имало многу гужва па овој ја препратил кај неговиот помлад колега. По пет минути излетува Трпана од кај младиот доктор и целата испаничена трча и вришти по ходникот. Ја сопрел нејзиниот доктор и ја прибрал во неговата канцеларија да види што се случило. После неколку минути, влетува право во ординацијата на помладиот колега:
- Па добро бе колега, ти нормален ли си, женава има 63 години, две ќерки, четири внучиња, како си можел да и кажеш дека е трудна?
- Колега, а престана ли да ика?
 
Трпе работел во продавница за погребални сандаци и шефот му рекол да биде љубезен со муштериите.
Доаѓа првиот муштерија, Трпе му продадил сандак и на крајот му вика:
- Фала господине, дојдете ни пак!
 
Трпе се вози во воз. Наспроти него седи постар човек. Одеднаш, крај левото уво на Трпе долетува плунка. Трпе се чуди и го гледа постариов човек како собира плунка и повторно плука, но сега крај неговото десно уво.
- Простете. - Се извинува постариов човек. - Но јас сум светски првак во прецизно плукање...
Трпе не вели ништо, само собира плувачка, плука и право на овој в лице.
-Ох, извинете. - Вели Трпе. - Јас сум само аматер...
овој ѕвер ее:pos2::pos2::pos2::pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom