Трпе и Трпана

  • Креатор на темата Креатор на темата InF3cTeD
  • Време на започнување Време на започнување
Трпе си возел со кола и го збркала полиција. Овој нагазил на двеста, а полицаецов упорно го брка. По некое време го фатил: - Аман бе човек што правиш, зошто не застануваш, едвај те стигнав!!! - А бе жена ми ме остави заради еден цајкан, па си помислив сега да не ми ја враќа!

Трпано зошто секогаш кога се бричам и се гледам во огледалото ми се дига? - Затоа што гледаш пи*ка во огледалото.

Малиот Трпе го прашува татко му: - Тато, тато, од кого ја имам наследено интелигенцијата? - Најверојатно од мајка ти, зошто јас сеуште ја имам.
 
Цветко го прашува Трпе:
- Што би направил ако Трпана ја нападне мечка?
- Не би се мешал, сам ја нападнал, сам нека се брани.
 
Трпе сакал да зафркава луѓе по телефон, па се јавува и вика:
- Ало, добар ден.
- Добар ден.
- Ви работи фрижидерот?
- Да, работи.
- Епа, дајте му плата!
 
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По некое време тој се урнал. Ја извадиле црната кутија и кога ја преслушале чуле:
- Хасо, дај усклучи го вентилаторов се смрзнав!
 
Се оженил Трпе и по првата брачна ноќ Цветко го прашува:
- Трпе како снаата, добро ли се работи?
- Не бе, ништо посебно!
- Да бе, па ти што сакаш, цел град маана и нема најдено, само тебе не ти чини.
 
Си го мете Трпана дворот и си разговара со комшиката:
- Комшике, сакам да те прашам нешто, да не имаш некој проблем, да не си болна?
- Ја болна, нема везе, здрава сум ко дрен, шо ти текна тоа да ме прашаш?
- Па, глеам веќе три дена по ред, секое сабајле ти доаѓа доктор.
- Аман комшике, тебе коа ти доаѓаше секое сабајле оној полковникот, мене ни на крај памет не ми беше дека ќе има војна.
 
Си биле Трпе и Лео и живееле во Струга. Паднале големи дождови, се излил Црн Дрим и почнал да поплавува. Трпе живеел на 3 спрат, а водата стигнала до 2. Доаѓа Лео со чамец пред прозор и му вика на Трпе:
- Трпе, качувај се во чамецов, да се спасуваме.
- Не бе, мене Господ ќе ме спаси.
Се качува водата на 3 спрат, Трпе се качил на 4, а ете го Лео пак доаѓа:
- Ајде бе Трпе, искачај кога ти викам!
- Не, ти реков мене Господ ќе ме спаси.
Водата се качува до последниот спрат, Трпе се дави и оди кај Господ:
- Добро бе Господ, нели требаше да ме спасиш.
Го отвара тефтерот Господ, проверува, па му вика на Трпе:
- Што се буниш бе, Лео двапати го пратив да те спаси.
 
Возел Трпе со своето Фичо со брзина 70км. До него прелетало BMW. По некое време се разбудил Трпе во болница, а до него го видел возачот на BMW-то. А возачот му рекол: - Аман бе пријателе што направи со Фичото бе,јас возев брзо и направив сообраќајка, а ти? Трпе на тоа: Абе јас мислев дека стојам во место и излегов да видам
 
Трпе го тепа синот,го скрши од ќотек ,од страна пука сеир комшијата ама од љубопитство го пита
-Добро бе зошто толку го тепаш ?
-Затоа што утре ќе му дадаат оценките ,а јас сум на пат.
 
Трпана отишла на гинеколог: - Докторе, докторе абе три пати се мажев ама уште сум невина. - Како може, не ми е јасно? - Е па така, првиот беше цвеќар - остана на мирисање, вториот беше слаткар - остана само на лижење, а третиот беше Скопјанец - вака ќе ти направам, онака ќе ти направам...

--- надополнето ---

Му се жали Трпана на докторот:- Што да правам докторе, мажот ми не ме задоволува.- Фати си швалер!- Имам бе, швалер.- Фати си уште еден.- Ама имам уште еден.- Лелеее, па ти нимфоманка си била...- Е тоа напишете го во книшкава докторе, а не маж ми ороспија да ме вика.

--- надополнето ---

Си го мете Трпана дворот и си разговара со комшиката: - Комшике, сакам да те прашам нешто, да не имаш некој проблем, да не си болна? - Ја болна, нема везе, здрава сум ко дрен, шо ти текна тоа да ме прашаш? - Па, глеам веќе три дена по ред, секое сабајле ти доаѓа доктор. - Аман комшике, тебе коа ти доаѓаше секое сабајле оној полковникот, мене ни на крај памет не ми беше дека ќе има војна.
 
Се враќа Трпе пијан дома. Трпана го прашува:
- Каде беше?
- На гробишта.
- Зошто, да не умре некој?
- Нема да поверуваш... таму сите се умрени.
 
Досадно ми е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom