Отишол Трпе на доктор да бара лек за Трпана:
- И, што и е на Трпана?
- Глува е ко топ докторе.
- А, колку е оштетувањето?
- Неам поим, ама ќе испитам ја тоа докторе.
Се враќа Трпе накај дома и уште од двор почнува да вика:
- Трпанооо, шо имаме за ручек?
Нема одговор. Кога дошол на прагот пак:
- Трпано, шо имаме за ручек?
Пак ништо. Доаѓа пред кујната:
- Трпано ма, што имаме за ручек?
И пак нема одговор. Тогаш влегува во кујна и доаѓа до нејзиното увце:
- Трпано, кажи што направи за ручек?
- Ама, грав бе Трпе, три пати ти кажав.