Дечково збори за инвестиција од мин 10000 евра во старт и тоа на кредит со камата со трошоци месечни од над 1000 евра. Не го летајте без врска. Гледам вие од што сте храбри сите имате по две фирми.
Велес нема кафана што не е полна. Културата на градот е да се иде прво во кафана. Петок и сабота ќе ти биде полна. Пресметај другите денови каков профит очекуваш. Ех Софра повеќе беше затворена него отворена од инспекција. Во близина види кои кафани се, пријавите идат од нив. Разговарај со Влатко, би требало да ти каже со кого ќе имаш проблем. Иде лето види каква тераса имаш, никој внатре не седи.
Она што е карактеристично за новите кафани во Велес е со рок на траење една/две години. Значи се менуваат сопствениците како чорапи. А тоа не е случајно така, значи има проблеми некои кои треба да ги земеш во предвид. Пример старата Деспина одкога се смени сопственичката структура, бел ден не виде. Даце (што ја има кафаната) цел живот по кафани работи ако стоиш добро со него разговарај он најубав совет ќе ти даде. Од мене совет ти е да работиш и да отвориш нешто што знаеш да го работиш. Да не се леташ со големи стартни суми кои се на кредит и не се твои, бидејќи идат и тешки денови.
Па ако отвориш пиши ќе те посетиме некогаш, со среќа ќе ти треба