Трошоци за кафана (како бизнис)

  • Креатор на темата Креатор на темата The One
  • Време на започнување Време на започнување

The One

Оној шо ќутит а све знајт
Член од
16 март 2008
Мислења
189
Поени од реакции
39
Zdravo me interesira dali nekoj od clenovite na forumov moze da mi kaze koi se trosoci postojat okolu kafana ?

Sent from my Lenovo A820 using Tapatalk
 
Имаш твој локал или планираш локал под кирија? Дали е опремен локалот за таа функција или планираш од 0 да почнеш да го опремуваш...? Колку квадрати? Значи не може никој да ти каже трошоци, без да кажеш што имаш планирано.
 
Zdravo me interesira dali nekoj od clenovite na forumov moze da mi kaze koi se trosoci postojat okolu kafana ?

Sent from my Lenovo A820 using Tapatalk
Ни насловов не ти е саглам помислив за правдање на трошоци од репрезентација во кафана.
 
Квадратурата ке биде околу 80 квадрата (точно не знам). Опрема немам со значи ке ја купам (дали смее да се купи поволна опрема ?), локалот под кирија ке биде, планирани се двајца келнери и двајца готвачи.[DOUBLEPOST=1398697507][/DOUBLEPOST]
Ни насловов не ти е саглам помислив за правдање на трошоци од репрезентација во кафана.

Извини не сум се изразил добро.
 
Локација каде? Има голема разлика дали ќе биде во Дебар Маало или Драчево.Големина на кафана? Ентериер нов или половен?Фрижидери,кујна,шанк,персонал?Кирија до колку пари и слично.Наведи и ќе ти кажам од прилика.[DOUBLEPOST=1398697743][/DOUBLEPOST]
Квадратурата ке биде околу 80 квадрата (точно не знам). Опрема немам со значи ке ја купам (дали смее да се купи поволна опрема ?), локалот под кирија ке биде, планирани се двајца келнери и двајца готвачи.[DOUBLEPOST=1398697507][/DOUBLEPOST]

Извини не сум се изразил добро.

За 80 квадрати многу ти се двајца келнери прво и основно.Друга работа,можеш да ги земеш елементите поволно,ти треба регистрација на фирма,ти треба платени придонеси и на келнери и на кувари.Неможеш одма да станеш газда.Самовработи се и ти работи келнер на 80 квадрати.
 
Ако не ја знаеш квадратурата, нема да знаеш колку опрема ти треба. Немаш потреба да купуваш опрема (столици и маси), Дени мебел и уште некој друга компанија (не сум сигурна која беше ќе прашам) изнајмуваат опрема за ефтини пари. Со двајца келнери не правиш ништо, две смени ќе работат ама треба да имаат и слободен ден, така да тројца минимум ти се потребни (освен ако не планираш и ти да работиш). Опремен е локалот за работа како кафана, или треба ти да правиш санитарии, шанкови и кујни?[DOUBLEPOST=1398697907][/DOUBLEPOST]

Ја мислам дека рече двајца келнери вкупно, а ако мислел на вкупко, малце му се. Еден една смена, друг друга смена... а слободен ден не треба да имаат?
 
Локацијата е во Велес, квадратурата околу 80 квадрата, ентериерот ке биде нов. За фрижидери, кујна итн ке биде половно повеќето. Киријата не знам колку ке биде (али под 350е нема да биде). Планирани се 4 вработени. Ако треба уште некои информации слободно пишете.[DOUBLEPOST=1398698161][/DOUBLEPOST]
Ако не ја знаеш квадратурата, нема да знаеш колку опрема ти треба. Немаш потреба да купуваш опрема (столици и маси), Дени мебел и уште некој друга компанија (не сум сигурна која беше ќе прашам) изнајмуваат опрема за ефтини пари. Со двајца келнери не правиш ништо, две смени ќе работат ама треба да имаат и слободен ден, така да тројца минимум ти се потребни (освен ако не планираш и ти да работиш). Опремен е локалот за работа како кафана, или треба ти да правиш санитарии, шанкови и кујни?[DOUBLEPOST=1398697907][/DOUBLEPOST]
Ја мислам дека рече двајца келнери вкупно, а ако мислел на вкупко, малце му се. Еден една смена, друг друга смена... а слободен ден не треба да имаат?
Аха, значи ке ми требаат минимум 3 келнери. Јас не можам да работам пошто сум веќе вработен во Скопје. Ке менаџира брат ми во Велес, таков бар е планот. Локалот има кујна веќе и е опремен за кафана, но не сум разговарал со газдата околу кујната.
 
Последно уредено:
Квадратурата ке биде околу 80 квадрата (точно не знам). Опрема немам со значи ке ја купам (дали смее да се купи поволна опрема ?), локалот под кирија ке биде, планирани се двајца келнери и двајца готвачи.[DOUBLEPOST=1398697507][/DOUBLEPOST]

Извини не сум се изразил добро.
Нема проблем инаку незнам многу за овој бизнис трошоци...ама знам дека угостител како место за старупи е најлошо за 3 години 50% банкротираат така да МНОГУ ПАЗИ!!!
 
200 евра за певаљка за викенди. распрашај се, може да има субвенции за ова.
 
трошоци колку сакаш..........ако се нафаќаш за нешто големо џебот треба да ти биде навистина длабок...........Велес не е некое големо место,рачунај за да успеете сигурно треба да ги надминете другите буквално во СЕ...........совет од мене, без летна бавча каде ќе седат луѓето и чадат цигари - не се осмелувај да отвориш.

ќе имате голем + доколку можете да организирате свадби,венчавки,крштевки - тука се вадат парите ми се чини најдобро,сталните муштерии пред СЕ,се друго е мачка во вреќа.
 
200 евра за певаљка за викенди. распрашај се, може да има субвенции за ова.
Има субвенција за патриотски и многучедни песни. Може певаљката да ти пеа...
:свиркам:„Сакам Македонска Кафана цела
да ми направи 3 деца здрави како ела“:свиркам:
Имаш 2000 евра бонус за патриотска песна
плус 2000 евра бонус за многучедна песна
4000 евра...пуна капа и сите трошоци покриени.:ROFLMAO:
 
Ако немаш фазла пари ич не почнувај.
 
Никој неможе да ти каже ни приближно, земи сам напиши на лист колку маси,столици,фрижидери,компјутер,фискална,радијатори,клима итн. и направи една груба пресметка.
 
Јас работам во кафана..... еве ти мал совет...... најважно е локалот да ти биде на некое попознато место и цените да бидат прилагодливи речиси за секого.
Во однос на цената на нарачаното секогаш нуди им го најдоброто на муштериите.
Двајца кувари ти се доволно, но за двајца келнери не сум сигурен.
Ентериерот гледај да биде во пријатни природни бои што ќе создава пријатно чувство...... најпаметна ти е комбинацијата дрво - камен.
За петок, сабота и недела секогаш гледај да имаш жива музика.

Е сега...... за тоа дека треба доста пари да вложиш треба, ама ако имаш среќа и добра понуда дупло ќе ти се врати:)
 
Фрижидери за пијалоци ќе ти дадат бесплатно од Даб или Скопско, ќе си направиш договор , само треба да ги користиш нивните пијалоци што се подразбира , нема кафана без пиво во неа. Е сега маси столици тоа незнам али не е којзнае колкава инвестиција , масите обично по кафаните се метар на метар и 4 столици околу нив. Кога ќе имаш повеќе гости поголемо друштво ќе поврзуваш , барем вака прават во скоро сите кафани. Планирај си еден компјутер добар ќе ти треба , и фискална каса. Затоплување и ладење сигурно ќе ти биде со клима , а за во кујната еден подлабок фрижидер до кај 400 литри , скарата сигурно на жар ќе биде , и другите основни апарати. Според мене од груба проценка со 5-6 илјади евра ќе ја спремиш , а ако сакаш и да направиш амбиент на пример со некоја декорација по ѕидовите , да го има тој кафански шмек со 7 илјади евра имаш турбо кафанче.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom