Трошоци за кафана (како бизнис)

  • Креатор на темата Креатор на темата The One
  • Време на започнување Време на започнување
Да не ти правам малер ама тешко дека ќе опстанеш Велес и не е баш некое големо место, освен ако си спремен неколку месеци да издражиш финансиски, подобро би ги ставил на спортска или берза повеќе шанси имам да заработам, и многу зависи дали имаш голем круг на пријатели итн. Кафана до мене значи нема жив човек во неа во месецот еднаш ако видам некој така да седни, но кога се прави свади, прослави и слични работи (тука се парите како што рече членот над мене) често тука се прават затоа кафаната работи многу долги години.
 
Последно уредено:
Да не ти правам малер ама тешко дека ќе опстанеш Велес и не е баш некое големо место, освен ако си спремен неколку месеци да издражиш финансиски, подобро би ги ставил на спотска или берза повеќе шанси имам да заработам, и многу зависи дали имаш голем круг на пријатели итн. Кафана до мене значи нема жив човек во неа во месецот еднаш ако видам некој така да седни, но кога се прави свади, прослави и слични работи (тука се парите како што рече членот над мене) често тука се прават затоа кафаната работи многу долги години.

Точно да , на спортска да ги ставиш секојпат е разумно. :facepalm::facepalm::facepalm: До кај бе со вакви размислувања? Дечкото сака да се испроба да отвара мал бизнис , вие тука го советувате дека е поразумно спортска да играл со парите. Јас сум од Струмица , град дупло помал од Велес па незнам ниту една кафана а да не работи турбо. Значи не се јаде по кафаните , абре буквално се ждере. Најбитно значи еден од пресудните фактори за успехот на кафаната е МЕСТОТО. Ако најдеш место во центар на градот , кај што се движи народ , кај што после пазарен ден влегуваат да се најадат , бате НЕМАШ ПРОМАШАЈ. Да дојдеш да видиш само какви крчми работат тука кај нас ќе се изначудиш.

Дечко идејата ти е фантастична , али можда за почеток ќе ти биде тешко додека те научат луѓето али потоа немаш мака.
 
Другар, ако си од Велес искрено, немој да си ги затвораш парите, размилси добро, кој кафани опстанале во градот, освен онаа на Пармакот, и Ингилизот, ингилизот тргни го настрана оти е со секоја власт, а Пармакот е јак, уште од времето, кога работеше порцеланка и свилара. на која локација мислиш да ја отвориш во градов, и дали навистина планираш да имаш отворен простор, оти џабе ти е и пеачка па ако сакаш и лепа брена донеси ја. И најдобро да не регистрираш фирма додека не си одлучил категорично, оти затворање фирма е исто како да сакаш да леташ кон месечината.
 
Јас мислам дека кафич да отвори повеќе има шанси да опстани, еве тука сите кафичи кога и да поминам се полни се.
 
Незнаев дека е толку лошо во Велес , еве уште еден велешанец песимистички настроен. Сепак нека си разгледа , ако е толку лошо како што викате можда и паметно ќе биде да размисли и да анализира прво.
 
И јас сум од Велес, али работам и живеам во Скопје векје подолго време. Али секој викенд во градов гледам полни кафани, па дури и резервации се бараат. Местото што го планирам да го земам е Софра. Сега не работи али разговарав со газдата и ми рече дека имало целосна кујна. Јас планирам во етно стил да го подсредам, исто и напред терасата да ја подсредам. Затоа ми е чудно што велешани велат да не се обидувам.
 
Ако не ја знаеш квадратурата, нема да знаеш колку опрема ти треба. Немаш потреба да купуваш опрема (столици и маси), Дени мебел и уште некој друга компанија (не сум сигурна која беше ќе прашам) изнајмуваат опрема за ефтини пари. Со двајца келнери не правиш ништо, две смени ќе работат ама треба да имаат и слободен ден, така да тројца минимум ти се потребни (освен ако не планираш и ти да работиш). Опремен е локалот за работа како кафана, или треба ти да правиш санитарии, шанкови и кујни?[DOUBLEPOST=1398697907][/DOUBLEPOST]
Ја мислам дека рече двајца келнери вкупно, а ако мислел на вкупко, малце му се. Еден една смена, друг друга смена... а слободен ден не треба да имаат?

Знаеш на што мислев,на еден келнер у смена е доволен за 80 квадрати.
 
Не сум јас од Велес, гледам мислат некои дека сум од таму,
 
Јас мислам дека кафич да отвори повеќе има шанси да опстани, еве тука сите кафичи кога и да поминам се полни се.
Се согласувам со ова. За кафиќ ти треба помала инвестиција (не ти треба кујна и целата таа опрема, кувари и набавка на храна итн), башка статистички гледано пијалоци повеќе профит прават отколку храната (кога ќе израчунаш колку трошиш на набавки и колку наплаќаш кога ја служиш), така да кафиќ ти е посигурна варијанта отколку ресторан...
 
Eдно прашање,
Дали за кафана или гостилница/скараџилница на пример поред лиценца за алкохол ти треба и друга лиценца за издавање алкохол.Пример,локалот работи до 12 навечер а законот е до 7 да се продава алкохол,дали кафаните се подложни и на друга лиценца за додатното време на точење алкохол?
 
Како бе тешко е да опстане во Велес, така викаа и за оваа Пуже во Свети Николе. Сега и од другите градови одат таму.
 
Добро е ова, сакам да видам повеќе мислења од членовите.
 
Добро е ова, сакам да видам повеќе мислења од членовите.

Подобро да пробаш па макар и да не успееш,одошто воопшто да не пробаш.Кој ризикува-има,кој не си останува цел живот со прст у уста и им завидува на тие што успеале.
 
3000 евра во месецот, толку од мене :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom