Тргување со валути-FOREX

  • Креатор на темата Креатор на темата FOREX-Macedonia
  • Време на започнување Време на започнување
Јас мислам дека во Македонија попрво ќе ја легализираат марихуаната, отколку Форекс тргувањето. :LOL:

Нормално. Тоа им е посватлив бизнис и може полесно да го оданочат. Башка и брачата би лобирале за тоа а за ова само ќе протестираат против македонски компјутер...
 
Иначе Форексот не е игра на среќа, тука нема среќа - лоша среќа, туку само знаење и ништо друго. Секој што се обидел да си игра коцка во Форексот, на крај неславно завршил.
 
Ни знаење не е битно колку што се битни контактите. Некогаш и кога знаеш не испаѓа така. Колку дебели врски имаш на правите места (Лондон, Њујорк, Токио, Сиднеј, Сингапур, Хонг Конг) да ти кажат кога се спремаат да испукаат yard transactions. Ова е тоа што некој не работел во банка на FX Desk нема никогаш да го свати и затоа 95% од трејдерите (мегу кој и многу што знаат што прават) на долги стази пропаѓаат. Сам е многу тешко да тргуваш FX ако си сериозен најдобро нешто што би ти препорачал е да си направиш тим (макар секој тргувал засебно со свој капитал).
 
Не е се до врските, мада што има по нешто и од тоа. Многумина имаат такви врски за на крајот да испадне дека било само шпекулација. Големите играчи како што се големите банки, не ги делат таквите информации со нас - обичните смртници! И покрај тоа, еден ФХ трговец може да биде профитабилен доколку има доволно искуство и знаење од оваа област. И се разбира доколку не се коцка.
 
Нормално дека не ги делат со секого. Затоа почнуваш од одма со хеникеп. Ако не си доволно капитализиран (најголемиот проблем на луге од 2риот или 3тиот свет) и немаш дисциплина нема успех. Остај ти анализи и знаење, тоа е битно ама не најбитно во овој бизнис. Џабе твојте анализи дека АУД ќе пага ако тој ден некоја кинеска фирма склучила договор за откуп на стотици илјади тони јаглен месечно. Дур ти сфатиш што се десило пројде возот. Ова е бизнис во кој треба да знаеш кога влегуваш и кога излегуваш (зборам тотално, не за транзакција) иначе прашање на време е пред да ти се случи некој евент.
 
Во човековата природа е причината за сопствениот неуспех да го припишува на Х фактор/и, а посебно би рекол во нашата - македонската. Малку потешко ни доаѓа кога причината треба да ја бараме во нас самите.
Ми се допаѓа втората реченица од твојот пост, ама сепак мислам дека ако немаш знаење и искуство во овој бизнис, џабе ќе ти биде и ако бидеш солидно капитализиран. Така пропаѓале и ќе пропаѓаат многу почетници со почетен капитал од по неколку десетци па и стотици илјади евра. Значи мора да го имаш и едното и другото, односно знаење и разумен почетен капитал од најмалце 1000 УСД како што напишав во еден од моите претходни поста. А дисциплината доаѓа со знаењето и искуството.
Лош пример наведе со јагленот, бидејќи тоа нема да има значителен имакт фактор врз најголемиот пазар на светот. Може да има влијание на некои други берзи, како берзата за неметали, но во форексот тешко дека ќе предизвика некое видливо придвижување. Како и да е, да претпоставиме дека некој ФХ трејдер, преку свои тајни канали/врски, во право време, ќе добие веродостојна информација која има голем импакт фактор врз Фх пазарот. Верувај ми доколку трејдерот нема повеќегодишно искуство во ФХ берзата, повторно ќе ја утне работата. Зошто Форексот не баш така проста, едноставна работа такаречено плукни - залепи. Тоа е така, бидејќи не постои само еден фактор на влијание, и без разлика колку тој и да е голем, секогаш треба да се земат во предвид и другите фактори кои меѓусебно се испреплетуваат и мора да се земат во обзир, бидејќи го диктираат општиот тренд, па тука е и сентиментот итн... А сигурен да бидеш никаде нема да добиеш информација кога да направиш влез, а кога излез, а која ќе биде 100 проценти веродостојна. Се разбира дека денес има еден милион сигнал провајдери, но, прочитај малку подолу и ќе видиш дека со мали букви напишале дека од тебе зависи дали ќе ја прифатиш такавата информација и дека тоа е само нивен став кој може да биде погрешен. И честопати е погрешен. Значи пак на крајот се се сведува на твоето знаење и искуство. Нема успех додека не се загрее столчето и на се вложи труд - тоа е единствениот пат.
 
http://youtu.be/V_EGn4a3R7E

Колку и да си учен колку и да знаеш еден лош ден и се отиде во вода, Најбитен е банкрол манагементот ризикот со кој влегуваш во трејд е најбитен, ако имаш 1000 евра и ако ги ризикуваш сите бидејќи си пресигурен дека маркетот оди како што си си ти замислил и оп се деси обратното и отидоа парите хехе. Мене баш пред 4 месеца ми се случи фиаско - преживеав но сега сеуште сум во 50 50 ситуација, до март мора да чекам за јапонскиот таканаречен можен тапер, пошто како што видов достигнат е степенот на инфлација кој новоизбраниот премиер го имаше замислено и веке премногу почнаа да налегаат од БОЈ можно е во март јенот да ги среди сите валути и да се врати на 2013 lows.
 
Во човековата природа е причината за сопствениот неуспех да го припишува на Х фактор/и, а посебно би рекол во нашата - македонската. Малку потешко ни доаѓа кога причината треба да ја бараме во нас самите.
Ми се допаѓа втората реченица од твојот пост, ама сепак мислам дека ако немаш знаење и искуство во овој бизнис, џабе ќе ти биде и ако бидеш солидно капитализиран. Така пропаѓале и ќе пропаѓаат многу почетници со почетен капитал од по неколку десетци па и стотици илјади евра. Значи мора да го имаш и едното и другото, односно знаење и разумен почетен капитал од најмалце 1000 УСД како што напишав во еден од моите претходни поста. А дисциплината доаѓа со знаењето и искуството.
Лош пример наведе со јагленот, бидејќи тоа нема да има значителен имакт фактор врз најголемиот пазар на светот. Може да има влијание на некои други берзи, како берзата за неметали, но во форексот тешко дека ќе предизвика некое видливо придвижување. Како и да е, да претпоставиме дека некој ФХ трејдер, преку свои тајни канали/врски, во право време, ќе добие веродостојна информација која има голем импакт фактор врз Фх пазарот. Верувај ми доколку трејдерот нема повеќегодишно искуство во ФХ берзата, повторно ќе ја утне работата. Зошто Форексот не баш така проста, едноставна работа такаречено плукни - залепи. Тоа е така, бидејќи не постои само еден фактор на влијание, и без разлика колку тој и да е голем, секогаш треба да се земат во предвид и другите фактори кои меѓусебно се испреплетуваат и мора да се земат во обзир, бидејќи го диктираат општиот тренд, па тука е и сентиментот итн... А сигурен да бидеш никаде нема да добиеш информација кога да направиш влез, а кога излез, а која ќе биде 100 проценти веродостојна. Се разбира дека денес има еден милион сигнал провајдери, но, прочитај малку подолу и ќе видиш дека со мали букви напишале дека од тебе зависи дали ќе ја прифатиш такавата информација и дека тоа е само нивен став кој може да биде погрешен. И честопати е погрешен. Значи пак на крајот се се сведува на твоето знаење и искуство. Нема успех додека не се загрее столчето и на се вложи труд - тоа е единствениот пат.

Џабе зборам, иди и работи за некоја банка што се занимава со FX па ќе сфатиш што сакам да ти кажам. Нема врска ни природа ни успех неуспех, ти влагаш во маркет кој не го контролираш и мислиш дека го разбираш благодарение на некој минимални информации и историски трендови. Да, се прават пари користејќи техники и добро менаџирање на ризик ама во суштина ти не си никогаш во контрола на случувањата, ти си само во контрола на влезот/излезот во транзакцијата. Се дури не седнеш како трејдер во некоја банка и не видиш со што они располагаат (и зошто они работат тимски) и не сфатиш ЗОШТО се користи FX-от тешко дека ќе се разбереме.

Дисциплина нема врска со знаење нит со искуство. Напротив тие што многу знаат со тек на време се релаксираат и бегаат од трејдинг плановите. 1-2% ризик стануваат 5% дека знаат... Затоа во банките си има контрола на трејд десковите и тоа го врши некој сосема трет кој не е трејдер. Банките имаат и информации и системи кој идивидуалец ги нема. Тоа е она што беше и цел на мојот пост, значи не викам дека нема пари - пари има, само подобра варијанта е кога се тргува тимски.

За тоа дека информациите не помагале или ќе ја утнел работата дај размисли малку... Ти носиш одлуку врз база на информации. Екстра информации зар тебе не ти се од корист? Прави разлика и тоа каква. Не ти зборам јас за сигнал провајдери ти зборам за сигурни информации од кој банките прават пари. Затоа и најдобите трејдери се на местата што ги посочив каде си имаат директни канали до тие информации и работат тимски - неколку души...
 
Точно, најголемата грешка луѓето што ја прават во глобала е следење на светските вести. Никој ама баш никој нема да ви даде информација за џабе чисто од добра душа. Јас само го следам златото овие години цело време, се додека се пуштаа информации дека ќе нема веќе злато, инфлација ќе имало, бла бла бла... Све беше bullshit цената е драстично падната.

Доколку се нема информации за одредени работи од внатрешноста на фирмите,економијата,трансакциите како што кажа Фаранг целото тргување и маркетот ќе ве лапне.

Самите брокери кажуваат дека секогаш е подобро да бидат од страната на фирмата која што ги ставила акциите на пазарот , неголи на страната која ги тргува тие акции.
Многу малку луѓе прават пари на ова место, затоа и многу малку луѓе ги знаат вистинските информации..

Јас можам да замислам само колку поединци се имаат збогатено од златото овие 2 години. Медиумот е фактор број 1 за правење пари, кој си го знае бизнисот ќе си го јаде шлагот од овој маркет :)
 
Џабе зборам, иди и работи за некоја банка што се занимава со FX па ќе сфатиш што сакам да ти кажам. Нема врска ни природа ни успех неуспех, ти влагаш во маркет кој не го контролираш и мислиш дека го разбираш благодарение на некој минимални информации и историски трендови. Да, се прават пари користејќи техники и добро менаџирање на ризик ама во суштина ти не си никогаш во контрола на случувањата, ти си само во контрола на влезот/излезот во транзакцијата. Се дури не седнеш како трејдер во некоја банка и не видиш со што они располагаат (и зошто они работат тимски) и не сфатиш ЗОШТО се користи FX-от тешко дека ќе се разбереме.

Дисциплина нема врска со знаење нит со искуство. Напротив тие што многу знаат со тек на време се релаксираат и бегаат од трејдинг плановите. 1-2% ризик стануваат 5% дека знаат... Затоа во банките си има контрола на трејд десковите и тоа го врши некој сосема трет кој не е трејдер. Банките имаат и информации и системи кој идивидуалец ги нема. Тоа е она што беше и цел на мојот пост, значи не викам дека нема пари - пари има, само подобра варијанта е кога се тргува тимски.

За тоа дека информациите не помагале или ќе ја утнел работата дај размисли малку... Ти носиш одлуку врз база на информации. Екстра информации зар тебе не ти се од корист? Прави разлика и тоа каква. Не ти зборам јас за сигнал провајдери ти зборам за сигурни информации од кој банките прават пари. Затоа и најдобите трејдери се на местата што ги посочив каде си имаат директни канали до тие информации и работат тимски - неколку души...

Важи, ќе одам во некоја банка, шо се занимава со Форех, ќе видам како се работи, па може ќе ти пуштам некоја информација да напрајш некоја пара. ;):icon_lol:

Навистина не сме се разбирале. Јас ти зборував дека никој, па ниту банките не може да добива информации кога да направи влез, а кога излез, a кои ќе бидат 100 проценти сигурни. Кога сме кај банките би те прашал, што според тебе значи терминот senior forex strategist? Сигурно не значи некој постар господин во банката кој врз основа на веродостојни информации „цепа“ во форексот. Или значи добро обучен екперт, кој зад себе има години искуство во форексот и кој врз основа на добро проучена фундаментална, техничка и сентимантална анализа гради стратегија кога и со колкав обем, да се направи влез, а кога излез.

Сигурно знаеш дека во светот постојат мали, средни и големи банки. Само големите банки од типот на ... имаат моќ на напарават сериозно придвижување на Форекс берзата. Тие се „големите играчи“, бидејќи се најголемите партиципиенти на Форекс берзата, односно со нивните огромни трансакции можат да предизвикаат сериозни осцилации на најголемиот пазар на светот - Форекс берзата. Ваквите информации за овие огромни трансакции се од строго затворен тип, и до нив немаат пристап ниту помалите од нив банки. Меѓутоа и ваквите трансакции се вршат во рамките на фундаментите, односно не може, (ова го земам само како пример) ако повеќето фундаменти говорат дека американската економија слабее, а истовремено дека европската економија зајакнува, УСД да скокне 200 пипа во однос на ЕУР. Така да, ич не му ја секирај, што се однесува до другите веродостојни информации како онаа од типтот на јагленот што ти ја наведе, може да држи само кога се однесуваат на други берзи, како берзата за неметали, метали или на пример стоковата берза кои по обем се далеку помали од Форексот. Таму може да држи она што ти го кажуваш, зошто навистина една таква информација може пари да вреди, зошто навистина сама по себе може да доведе до големи поместувања во берзата, но и во тие берзи постојат заштитни механизми како што stop loss функцијата во Форексот, а и протокот на таквите информации ( зборувам за останатите берзи, не за Форекс) е строго казниво дело и за тоа се оди во затвор.

Дали имаш претстава колку банки се занимаваат со Форекс - гледам наброја доста земји? Дали мислиш дека сите тие зависат од тајни извори на доверливи инфомации, односно тоа е суштинско од што зависи нивниот профит? И што ќе се случи ако случајно примат 2-3 информации кои , да речеме, не се веродостојни, односно се работи за шпекулација? „ Еден лош ден и отиде се у вода“ - како што ќе рече spam погоре, a? Жалам, морам да ти кажам дека си далеку од вистината. .Основната причина за неуспехот на трејдерите е неупатеноста, необученоста, незнаењето. Тоа што сакаат на брз начин, со многу мал почетен капитал да дојдат до лесни пари. На Форех берзата егзистираат „стари искусни волци“ - искалени трејдери со долгогодишно искуство, добро „потковани“ со фундаментална и техничка анализа (овдека мислам на тоа дека е потребно да знаеш да ги „читаш“ фундаментите, односно каков impact ќе имаат тие врз пазарот, значи не е доволно само да ги имаш како информации), и плус добро капитализирани. Форех маркетот спаѓа во групата на таканаречени ZERO SUM маркети, односно, така кажано, за секои твои изгубени 1000 евра, на спротивната страна постои трејдер кој добил 1000 евра, и обратно. Со други зборови кажано тоа е еден вид на натпревар на трејдерите. Така да овдека трејдерот - почетник, со своето знаење- незнаење, искуство - неискуство, и скромен влог од само 300-400 евра, од старт нема никакви шанси.

Лесно е да се каже најбитната информација се тајните информации - и толку. Но Форексот бара постојано проучување, надоградување и посветеност. Како што реков - труд и само труд. Се разбира и нешто дарба, Фх не за секого. За да почнеш да собираш плодови од форех, најчесто треба да поминат години со искуство.
 
Со FX завршив пред неколку години и направив доста пари, сега други работи си работам, ова ми е само хоби и потреба за други бизниси. Ти кажав како и што од лично искуство па сега ти продолжи. Немам намера да дебатирам со некој што искуството го стекнувал како day trader а не видел никогаш како фунционираат големите играчи.

Нема ништо 100% ама можат да се 99% сигурни.

Ќе се изненадиш колку се бара тој џенталмен да има добри контакти а не само знаење. Се бараат и двете, сигурно не за да играат голф со бившите му колеги.

Во некој идеален свет да ама во реалниот ова за жал не е точно. Големите делат инфо со малите дури и заедно некогаш извршуваат транзакции за да се добие flow. Ќе се изненадиш колку е тоа често само што ти немаш пристап до тоа.

Држи вода и за FX не само за помалите пазари, за нив и да не збориме. Ти очигледно ти тргуваш само поголемите валути и гледаш на се ова теоретски. Во пракса не е баш така. Казниво е со закон ама ајде кажи некој што завршил во затвор овие 10тина години... Дали има 20-30 души а толку инстајдерски информации поминуваат секој час. Иначе секаде не е исто казниво и не секаде се спроведува тоа. ;)

Zero sum да ама види прво дали сите се профит мотивирани. Не е никаков натпревар меѓу трејдерите, напротив ако сакаш да правиш пари биди на страна на баките, иди со нив и ќе правиш пари, иди против нив и прашање на време е колку ќе издржиш. Грешен ти е концептот тука.

Најбитни се инфорамциите,одржувањето на системот и тимски да се работи. Нешто што индивидуалци го немаат. Work smarter not harder.
 
Чекај малку, како тоа си направил доста пари а од друга страна кажуваш дека како индивидуалец во Форех неможе да се направат пари доколку немаш тајни информации и ако не работиш во некоја од банките од развиениот свет? Па уште на крај си го оставил Форексот иако ти бил доста доходовен??? Форексот хоби??? :facepalm: Да не се крие случајно Џорџ Сорос или Доналд Трамп позади твојот nick?
 
Не тргував како индивидуалец, него како дел од група/компанија на трејдери што покрај свој капитал имаше капитал од инвеститори. Пред тоа работев за една од тие големи банки а и тие со мене во фирмата исто, мада они многу подолго (значи зборам за луге што лично го познавале и работеле со Ник Лисон, типот е далиеку од Сорос или Трамп али ваљда си чул). Форексот го оставив затоа што сватив дека не вреди тие нервози саати кога има цел куп полесни бизниси во овој дел на светот кој се исто или слично доходни. Денес форекс користам како хеџ на транзакциите во сегашниот бизнис (значи еве уште еден играч кој не е профит мотивиран во 90% од неговите транзакции) и повремено за профит.
 
Ок, не погодив за Сорос и за Трамп, ама блиску сум бил :). Малку ми е чудно, зошто такви богаташи како што ти се претставуваш, не трошат време да дебатираат по форуми, а гледам ти си ко бајаги активен. Дали би можел да ми кажеш како се вика банката за која си работел и фирмата во која си трејдал пред да се префлиш на други бизниси? Се разбира ако не е тајна.
 
Па не баш има разлика од Сорос и Трамп до Лисон. Интересен ми е форумот дека е македонски, за мене е несекојдневен. Работев за една од најголемите австралиски банки. Не сме светски играч ама сме и те како голем во азија и пацификот.
 
Сепак тајна било каде си работел. Дека си нашинец кој живее и работи во Аустралија - тоа да. Можеби и си работел нешто во некоја банка, но дека си направил доста пари во Форекс, а потоа си го оставил поради „нервози“ - за тоа можеш да му продаваш пуфки на некој друг. Не ти спорам дека си трејдал Форекс, но си напуштил поради неуспех, можеби поради тоа што доверливите информации не ти биле баш 99% точни, а „каналите“ несигурни. Всушност така си се тешат доста неуспешни трејдери.
Денес на нет секој може да изјави што сака, но и ние овде во Македонија нафта не пиеме.

Уште нешто, ако го видиш пак Лисон поздрави го од мене. :)
Bye.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom