Со FX завршив пред неколку години и направив доста пари, сега други работи си работам, ова ми е само хоби и потреба за други бизниси. Ти кажав како и што од лично искуство па сега ти продолжи. Немам намера да дебатирам со некој што искуството го стекнувал како day trader а не видел никогаш како фунционираат големите играчи.
Нема ништо 100% ама можат да се 99% сигурни.
Ќе се изненадиш колку се бара тој џенталмен да има добри контакти а не само знаење. Се бараат и двете, сигурно не за да играат голф со бившите му колеги.
Во некој идеален свет да ама во реалниот ова за жал не е точно. Големите делат инфо со малите дури и заедно некогаш извршуваат транзакции за да се добие flow. Ќе се изненадиш колку е тоа често само што ти немаш пристап до тоа.
Држи вода и за FX не само за помалите пазари, за нив и да не збориме. Ти очигледно ти тргуваш само поголемите валути и гледаш на се ова теоретски. Во пракса не е баш така. Казниво е со закон ама ајде кажи некој што завршил во затвор овие 10тина години... Дали има 20-30 души а толку инстајдерски информации поминуваат секој час. Иначе секаде не е исто казниво и не секаде се спроведува тоа.
Zero sum да ама види прво дали сите се профит мотивирани. Не е никаков натпревар меѓу трејдерите, напротив ако сакаш да правиш пари биди на страна на баките, иди со нив и ќе правиш пари, иди против нив и прашање на време е колку ќе издржиш. Грешен ти е концептот тука.
Најбитни се инфорамциите,одржувањето на системот и тимски да се работи. Нешто што индивидуалци го немаат. Work smarter not harder.