Тргување со валути-FOREX

  • Креатор на темата Креатор на темата FOREX-Macedonia
  • Време на започнување Време на започнување
Понатаму муабтето еве имаш 5-10000 евра и почнеш да тргуваш на форекс и според сите совети со по 30-40 отворени позиции. Е за тоа треба време најверојатно по неколку сати дневно и тоа во секое време посебно окулу 12-20 часот обично тогаш е „акцијата“ значи тешко е паралелно со редовно работа да тргуваш како што треба на Форекс. Бидејќи работи од понеделник окулу 00.00 до петок окулу 21.00 часот значи за време на работна недела. Еве добро немаш работа или ќе дадеш отказ...и се иде според планот (а во 90+% не оди) и правиш по 50-100% годишно како што прават само најуспешните за што треба доста работа и труд концентрација знаење па и талент...значи ќе извадиш 500 евра месечно во најдобар случај. Хммм толку може и плата да најдеш некаде а не ти требаат 5-10000 евра капитал и речиси и да нема ризик (за овие пари може и работно место да си купиш). Или друга опција еве ги имаш тие минимални 5-10000 евра (а не ги имаат многу во МК). И дали не ти е попаметно да ги инвестираш во некој реален бизнис (кафиќ земјоделие трговија итн)...Ризикот може е и помал? Или може е подобро во акции на МК берза? Депозитит во банка? Девизи ? Под перница? да уплатиш за стан/дуќан? или да си ги изуживаш и прчиш газот малку (фини одмори добро јадење облека компјутери итн)? :)...
 
(y) i spored mene nema air od Forex :)
 
Ок, а што мислите за купувањето на акции од берза и добивање дивиденда.Се исплаќа ли со мала сума или и таму ти треба голема сума.По што мислам дека таму немаш никаква загуба освен добивка,а тоа е дивидендата.И нормално некоја провизија за брокерот.
 
Без разлика дали стануваат 100 или 100,000 евра не смее да се дозволи да дојде до преполовување на сметката. Сигурно нема пред монитор да бидам 24 саати и да пазам дали одредена позиција оди во неповолна насока. Затоа се ставаат pending orders како stop loss и take profit, не е финтата да се фати минимумот и максимумот на една валута, финтата е да се знае каде да се влезе, до каде е ризикот и каде да се земе профит. И односот на ризик : профит мора да биде според мене минимум 1 : 1.5, се друго е коцка, затоа и успешните трговци може да имаат и по 70% загуби и само 30% добивки али ако се со однос 1:3 тогаш пак се во добивка. А за ризикување се препорачува ризик од 2-3% од целокупката сума така да од 100 евра би се ризикувале 2-3 евра по позиција а би се целел профит од 4-6 евра, за да може да се покријат загубите и пак да бидеме во плус. Друга работа е што незнам кој би имал еден куп отворени позиции, мислам дека повеќе од 2-3 отворени позиции е самоубиство. А за тоа дека сметки од 100 евра не се извршуваат директно на пазарот тоа е точно затоа што не се исплати на брокерите да извршуваат такви мали трансакции, сепак форекс е пазар со 4 трилиони долари обрт на ден, и само големи играчи со милиони можат реално да тргуваат, така да тие што имаат мали сметки си тргуваат со брокерот, на кој на крајот секогаш е во добивка.

Ок, отвори live account сметка од 100 евра, отвори максимум 2-3 позиции, пази да не ризикуваш повеќе од 2-3 % и цели на профит од 4-6 евра. Ти посакувам многу среќа! Всушност што значат 100 евра во животот на еден човек? Ако не друго барем ќе добиеш мудрост и искуство од прва рака.
Патем, не заборави да не известуваш како ти оди. А на другите кои се двоумат дали да уплатат 100 евра за ФХ сметка, им порачувам да почекаат и да видат што ќе се случи, за секој случај, ако не успееш и другите да не ја направат истата грешка. Се надевам ќе бидеш искрен во известувањето.
 
Значи викам 100 евра да се уплати за вежбање баш дека не значат ништо, а и најдов демо сметка што дозволува 100 евра баш ги ставив само бара микро лот што повлекува левериџ од 10:1. Јас моментално имам многу поважна работа од форекс, имам свој бизнис кој ми одзема многу време. Сакам да научам форекс затоа што ме заинтересира, не значи дека професионално ќе се занимавам или ќе живеам од форекс, исто како што сакам да научам да свирам инструмент или да научам да играм танго :), а не значи дека ќе станам професионален играч или свирач. А свесен сум дека убави пари во форекс се заработуваат со многу пари, лично милсам дека без едно 50,000 евра капитал тргувањето се сведува на хоби, али како што вика Stefus Corp, може тие пари да се инвестираат на друг начин, секој треба индивидуално да си разамисли за тоа. Башка мислам дека си грешка со тоа дека мора да се даде отказ за да се тргува и дека мора од 12 - 20 h да се тргува. Ти можеби практикуваш скалпинг или интрадеј тргување, али свинг или држење позиција не бара повеќе од 1-2 саати на ден. Свинг се сведува на гледање на неделни, дневни и 4H чартови и тоа на крај на сесијата, нели малу е напорно да се седи пред екран 10 саати и да се чека дешавка за да се влезе во пазарот, тоа е убиство. Долгорочните стратегии повеќе ми се допаѓаат, скалпирање не доѓа во предвид. Башка ова со 30-40 отворени позиции ни Ворен Бафет не го практукува, незнам дали воопшто еден тговец може да биде одговорен за толку позиции, колкава концентрираност нека сака да има човечки не е возможно да се пазат толку позиции.
 
Некако многу активен станав на форумов, мислам дека е време да се пасивизирам:)
Целта на претходните постови ми беше да им укажам на почетниците во овој бизнис за некои заблуди, и да им укажам на некои факти, кои со сигурност нема да ги добијат од брокерот односно ФХ фирмата. Како на пример заблудата дека со 100 евра сметка можеш да направиш пари на ФХ берзата, па макар тоа било и 4-6 евра месечно. Напротив, со сигурност ќе ги изгубиш тие пари, и засекогаш ќе се откажиш од Форексот, а твојот брокер ќе биде побогат за 100 евра. И повторно ќе бидеш во заблуда дека на Фх не можат да се заработат пари. Значи, пишував за твое добро, и за доброто на другите, за да не бидете измамени од бескруполозните ФХ брокери.
Убаво што си нашол ФХ брокер што ти дозволува да отвориш Демо сметка од 100 евра. Сега ќе можеш во пракса да ги провериш твоите трејдерски вештини без да бидеш изложен на ризик да изгубиш пари. Добро е да знаеш дека нема хоби во Форексот. Додека си на Демо можеш да се играш, ама кога ќе уплатиш „live account“, нема повеќе играње. Во Форексот се работи со пари и е сериозен бизнис без разлика дали си уплатил 50000 , 5000 или 500 евра. Или си „ inn“ и работиш целосно посветено, или ќе бидеш „out“.
Досега не сум напишал дека „дека мора да се даде отказ за да се тргува и дека мора од 12 - 20 h да се тргува“. Јас тргувам 24 часа на ден, 5 дена во неделата, од недела навечер до петок навечер. Не тргувам „ scalping“, најчесто тргувам swing i day trading. Не седам по 10 саати пред монитор и живеам нормален живот - јадам, пијам, спијам, спортувам, се рекреирам... Никогаш досега не сум држел 30 -40 отворени позиции.
Поработи малку на Демото, проучи го добро курсот на babypips.com , па за некој период повторно ќе си разменуваме мислења. Поздрав и секое добро.
 
Ок, а што мислите за купувањето на акции од берза и добивање дивиденда.Се исплаќа ли со мала сума или и таму ти треба голема сума.По што мислам дека таму немаш никаква загуба освен добивка,а тоа е дивидендата.И нормално некоја провизија за брокерот.
Браво, ќе те биде! Ете оптимист што е! Како тебе стотина и ќе се размрда берзата... какви странски фондови какви бакрачи!? Вакви ‘‘играчи‘‘ ни требаат!
...Може ли да те прашам нешто, ама да не се налутиш!? Гледам дека се разбираш од економија, тоа истото и ти го заклучи погоре.... и тоа ми се допадна дека не те интересираат мислења од аспект на економија - те. не те интересираат економските категории, закони, совети околу тоа, туку коцката - играта!.... Ама чисто онака ме интересира:
кое одделение си?
Абе што разбира Блумберг бе!? Каква загуба, каков пад!?...... Аматери! :P http://www.plusinfo.mk/vest/69386/Imame-berza-so-najgolem-pad-vo-svetot
Само добивка имаш на берзата! Еееееееееј ме изнасмеа бре човеку!
Бегај подалеку и од ФХ и од берзата! Добронамерен совет: Подалеку!
 
Ок, а што мислите за купувањето на акции од берза и добивање дивиденда.Се исплаќа ли со мала сума или и таму ти треба голема сума.По што мислам дека таму немаш никаква загуба освен добивка,а тоа е дивидендата.И нормално некоја провизија за брокерот.

Sto ako otidat ispod taa cena sto gi imas kupeno akciite :) i koja firma ti garantira deka ke ti deli dividenda sekoja godina ? :)
 
Во последно време читам по форумите совети за почнување со трговија со реални пари уште веднаш и воопшто да не се губи време на демо сметка. Викаат демо сметка е за учење на платформата, и веднаш по тоа најдобро е да се уплатат 50-100 долари на реална сметка и да се почне со тргување и учење на форекс. До некаде се сложувам со ова, затоа што многу е битен психолошкиот момент кога на ризик се вистински пари дури иако се толку мала сума. Јас мислам добро е да се оди прво на демо едно 3-4 месеци а после да се почне со мала сума исто едно 3-4 месеци, ова нормално да се прави ако има успех во тргувањето, инаку џабе ќе се почнува со реално тргување. А за тоа дека 100 евра се малку пари, читав совети како ставете си во главата уште три нули на крајот и мислете дека тргувате со 100,000 евра/долари. Значи да не се залажуваме дека ќе заработиме 500 еур од тие 100 на крајот на месецот, туку да си го извршуваме планот за трговија и да си заработиме само 3-4 еур во месецот. Ако можете од 100 еур месечно да заработите 5, тогаш одете уплатете 1000 еур, и заработувајте по 50 еур месечно, ако сте успешни неколку месеци по ред, уплатете 5000 еур и заработувајте 250 еур, ако и тоа ви оди уплатете 10,000 еур и заработете 500 еур. Али гледате дека за ова ќе треба време, може ќе ви требаат и 2-3 години дур достигнете континуиран профит и самодоверба за заработка. А за оние што сакаат преку ноќ да се збогатат со форекс, тие немаат почит спрема пазарот и другите трговци, и најбрзо ги горат парите. Нема успешен трговец без дисциплина и трпеливост.

Реална сметка од одма, поготово за балкански менталитет. Не сме ние ладен народ ко енглезите така да од одма да те удри по џеп да осетиш емоции. Ако вриеш не е ова за тебе...
--- надополнето: 8 мај 2013 во 03:26 ---
Морам да те корегирам, за да не биде погрешно сфатено од оние што планираат да започнат со овој бизнис - почетниците, она што погоре го напишав.
Целта на ФХ фирмите е да привлечат што повеќе клиенти и да ги задржат што е можно подолго затоа што профитираат од „ спредот“ кои им го нудат на своите клиенти без разлика дали клиентите се профитабилни или не. Значи имаат сигурна заработка врз основа на секоја трансакција која ја остваруваат нивните клиенти. Но исто така сакаат да ги привлечат и ситните клиенти ( оние кои отвораат ФХ сметки од по 100 евра), иако знаат дека тие брзо ќе „изгорат“ на ФХ пазарот. Ова за нив е исто така профитабилно, затоа што секој ден во светот се отвораат милиони вакви сметки од по 100 евра од почетници кои сакаат да се опробаат во овој бизнис, за да после краток период (најчесто за неколку дена) банкротираат. За ФХ фирмите ова се чисти пари затоа што трансакциите од овие клиенти најчесто и не влегуваат на светската берза на валути. Затоа се служат со разни финти и реклами, нереални ветувања за да ги привлечат ваквите клиенти во што поголем број.

Невозможно е со сметка од 100 евра да направиш ниту 4-5 евра на крајот од месецот! Тоа е тешка задача дури и да се работи за искусен ФХ трговец со долгогодишно искуство на ФХ берзата, затоа што се работи за преголем ризик.
Во ФХ берзата, со трговија на валути правиш профит - купуваш ефтино, продаваш скапо. Меѓутоа ниту најспособниот трејдер неможе точно да утврди кога цената на одредена валута го достигнала дното, односно е најефтина, за да од тој момент ја купува, или пак точно да ја утврди највисоката цена на одредена валута и тогаш да ја продава. Затоа, како што напишав во претходниот пост, сите, буквално сите трејдери во одреден момент влегуваат во негатива. Потоа чекаат, будно пратејќи ја фундаментална и техничка анализа, додека не се остварат нивните предвидувања за движењето на односната валута. Или пак ја затвораат отворената позиција ако понатамошниот тек на настаните се испоставило дека погрешиле односно дека односната валута нема да ја достигне посакуваната вредност, и на тој начин се штитат од понатамошни губитоци. И најспособниот трејдер има затворано и затвора многу позиции во негатива. Тоа е сосема нормално во тргувањето. Разликата меѓу успешениот и неуспешниот трејдер е во тоа што првиот има затворено повеќе позиции во позитива, односно остварува позитивно салдо.
Но за сето ова потребно е да имаш добро „искеширана“ сметка. Едноставно кажано, почетникот со неговата сметка од 100 евра, нема простор да „маневрира“. Можеш да бидеш сосема во право и правилно да одредиш дека на одредена валута ќе и паѓа вредноста и затоа одиш на sell, но поради Х причини вредноста на валутата и понатака почнува да расте и наеднаш забележуваш дека си во негатива која ја опфаќа половина од твојата сметка. Ги затвораш негативните позиции со цел да не ти изгори цела сметка. После неколку моменти вредноста на валутата почнува драстично да паѓа и се остварува твоето предвидување за движењето на односната валута. Но ти веќе ги имаш затворено во негатива твоите позиции, кои ако би ги оставил отворени уште кратко време, истите би ти донеле профит намест загуба. Во случајов ти воопшто не си крив, едноставно твојата сметка е премногу мала, а ти си се изложил на преголем ризик. Твојата сметка е толку мала што не може да ги издржи турбуленциите на пазарот. Ова е само еден пример од милионите можни на ФХ пазарот. Уште подобро можеш да ме сфатиш, ако отвориш Демо сметка од 100 евра и пробаш да освариш профит од барем 4-5 евра месечно како што напиша во твојот пост. Ама нема да ти дадат да отвориш толку мала Демо сметка. Зошто тогаш ќе се увериш дека она што ти го напишав погоре е вистина. Затоа и нудат Демо сметки со по 50000 или 100000 евра, бидејќи со толку пари е многу полесно да се направи профит и така ќе намамат лековерни клиенти.
Сепак, постои можност да отвориш сметка од 100 евра и со толку ниска сметка да имаш реални шанси за профит. Доколку најдиш фирма која нуди тргување со нано лот - 100 единици ( тоа се таканаречени вежбовни сметки, но тргуваш со реални пари и остваруваш реален профит), тогаш шансите за успех ти се еднакви како и да си отворил сметка од 1000 евра во фирма во која минимална сума на тргување е еден микро лот - 1000 единици. Ваквите вежбовни сметки овозможуваат отворање позиции во вредност од само 100 евра и можеш да оствариш профит и од само неколку центи. Нормално и ризикот е далеку помал. Јас пред неколку години имав отворено таква сметка во GO MARKETS, но егзекуцијата беше на многу ниско ниво. Сега ги укинаа таквите сметки.

Со 40% успешни позиции со и те како во ќар ако знаеш кога да излезеш од губитничка позиција и си доволно ладен да останеш што подолго во добитна комбинација. Со чекање сигурни „добитни“ позиции испушташ шанси кога си можел да направиш пари. За ова треба да си кеширан секако.

Втората работа што ја напиша е многу добра лекција за секој што мисли дека може да прави пари од овој бизнис. Со под 10 000е ризик капитал и да си спремен да го изгубиш без премногу да те ефектира ова не е за тебе. Со 1000е би правел 10-20е месечно релативно брзо има да ти стане досадно и да почнеш да играш со висок левриџ и тогаш за 2-3 ден веќе бркаш позиции за недела дена си изгубил се. Затоа подобро е без демо сметки, одма да осетиш малку болка... Сфати ја таа 100е инвестиција ко школарина...
--- надополнето: 8 мај 2013 во 03:40 ---
Понатаму муабтето еве имаш 5-10000 евра и почнеш да тргуваш на форекс и според сите совети со по 30-40 отворени позиции. Е за тоа треба време најверојатно по неколку сати дневно и тоа во секое време посебно окулу 12-20 часот обично тогаш е „акцијата“ значи тешко е паралелно со редовно работа да тргуваш како што треба на Форекс. Бидејќи работи од понеделник окулу 00.00 до петок окулу 21.00 часот значи за време на работна недела. Еве добро немаш работа или ќе дадеш отказ...и се иде според планот (а во 90+% не оди) и правиш по 50-100% годишно како што прават само најуспешните за што треба доста работа и труд концентрација знаење па и талент...значи ќе извадиш 500 евра месечно во најдобар случај. Хммм толку може и плата да најдеш некаде а не ти требаат 5-10000 евра капитал и речиси и да нема ризик (за овие пари може и работно место да си купиш). Или друга опција еве ги имаш тие минимални 5-10000 евра (а не ги имаат многу во МК). И дали не ти е попаметно да ги инвестираш во некој реален бизнис (кафиќ земјоделие трговија итн)...Ризикот може е и помал? Или може е подобро во акции на МК берза? Депозитит во банка? Девизи ? Под перница? да уплатиш за стан/дуќан? или да си ги изуживаш и прчиш газот малку (фини одмори добро јадење облека компјутери итн)? :)...

Тоа е најбитниот момент. Треба 10 000е за почеток. Кога ќе научиш што правиш треба 100 000е да имаш МИНИМУМ за да видиш аир. Остај 40-50% тоа е НЕРЕАЛНО. Тоа може да го прават 10тина луге во светот и тие сигурно не се во МКД него во ХК, Цирих, Њујорк, Лондон каде имаат банкарски пристап и инвормации за големите yard трансакции. Вака самостојно без да имаш јаки контакти во индустријата ЗАБОРАВИ. Може да си среќен 2-3 пати ама нема шанси тоа да го одржиш.

30-40 позиции е повеќе за day traders. Порано работев со еден дечко што имаше и по 60тина и тоа на различни пазари... Фрик
--- надополнето: 8 мај 2013 во 03:44 ---
Ок, а што мислите за купувањето на акции од берза и добивање дивиденда.Се исплаќа ли со мала сума или и таму ти треба голема сума.По што мислам дека таму немаш никаква загуба освен добивка,а тоа е дивидендата.И нормално некоја провизија за брокерот.

Отвори си бизнис. Пред некое време прочитав овде еден дечко од струмица што нудеше евтин ќумур и добра заработка. Му се смееја... Во принцип добра му беше замислата, нормално треба се да се провери. Незнам што се фаќате со вакви бизниси кога имате мали пари да инвестирате. Лекција број еден за секој што сака да се занимава со бизнис треба да е - KISS keep it simple stupid.
 
Ја намалија каматната стапка а еврово си расте........:cautious:..исти причини не предизвикуваат исти последици....божем германциве биле добри :cautious:
 
Ја намалија каматната стапка а еврово си расте........:cautious:..исти причини не предизвикуваат исти последици....божем германциве биле добри :cautious:
Интересно е тоа...но има два ефекти кој делуваат на еур/усд парот со промена на каматните стапки 1. Е разлика помеѓу каматните стапки Да ова би требало да резултира со послабо евро НО. 2 Пониски каматни стапки значаат и стимулус на економијата во ЕЗ со што би се намалили БДП диференцијалот помеѓу ЕЗ и УСА е ова е позитивно за еврото...најверојатно се очекуваа побрзо закрепнување на економија во ЕЗ со пониски каматни стапки па затоа расте еврото. А и самиот рече дека Германија имала денес фин раст на индустриско производство.
Денес има и друг фактор тоа се добрите профити на УСД компаниите е тие профити би ја зголемиле инфлација во УСД...што е добро за еврото во однос на доларот...Инаку Американски акции растураат ептен се рипнати.
 
После успешно завршениот семинар на крајот на март, компанијата FXLider, регионален лидер во давање на услуги и подршка во тргување на светскиот финансиски пазар, повторно организира семинар наменет за сите заинтересирани за овој современ вид на инвестирање и заработување.

Во меѓувреме, помеѓу овие два семинара беше доста турбулентно, америчкиот индекс S&P500 го достигна својот историски максимум, златото имаше најголем пад во еден ден во изминатите 30 денови, а британија ја избегна петтата рецесија во претходните три години што предизвика пораст на британската фунта.
Сите тие беа извонредни прилики за инвеститорите и да остварувате профит. На тој начин, Георги Д. Клиент на компанијата FXLider, во тој период оствари профит дури 15% од вложениот капитал.
“Семинарот многу ми помогна да составам една целосна приказна, поврзана за тргувањето во една целина и да знам што треба и како да се поврзи на време пред него што златото почна да паѓа. Мислам дека добро го искористив тоа знаење.”
Семинарот ќе се одржи на 23.05.2013. во СЦ Борис Трајковски во Скопје со почеток во 17ч. Пријава за семинарот можете да ја извршите на линкот ОВДЕ.
Доколку немате искуство во тргувањето на светскиот финансиски пазар, можете да се обидете во тоа потполно бесплатно тргувајќи на демо сметка на FXLider. Демо сметка можете да отворите на страницата на FXLider.

Eve vi gi ovie pak...se ubija od drzenje seminari...sega nudat i nagradni igri nesto odmor na Tenerife Palma...ko Pelisterka i Koka Kola stanaa...tctctctctctc...
 
Интересно е тоа...но има два ефекти кој делуваат на еур/усд парот со промена на каматните стапки 1. Е разлика помеѓу каматните стапки Да ова би требало да резултира со послабо евро НО. 2 Пониски каматни стапки значаат и стимулус на економијата во ЕЗ со што би се намалили БДП диференцијалот помеѓу ЕЗ и УСА е ова е позитивно за еврото...најверојатно се очекуваа побрзо закрепнување на економија во ЕЗ со пониски каматни стапки па затоа расте еврото. А и самиот рече дека Германија имала денес фин раст на индустриско производство.
Денес има и друг фактор тоа се добрите профити на УСД компаниите е тие профити би ја зголемиле инфлација во УСД...што е добро за еврото во однос на доларот...Инаку Американски акции растураат ептен се рипнати.
Еве го си паѓа ми дојде срце на место :)
 
Здраво на сите ! Баш ми е мило што наидов на волку трејдери со многу знаење и луѓе со многу ентузијазам во себе кога е форекс маркетот во прашање :D Гледам дека имате многу веб страни постирано што нудат многу работи па така решив ја да ви пишам за нешто што не го сретнав низ сите овие 31 страница што ги имате отворено на оваа тема :) Тука сум да ви претставам една фирма малце поинаква кога е во прашање форексот за разлика од други фирми кој што видов дека веќе сте ги запознале и сте слушнале доста критики и пофалби за нив. Јас сум дел од тимот на Elite4x Macedonia и сум тука да ви ја претставам нашата платформа. Нема многу да ви глумам маркетинг менаџер затоашто гледам сите скоро сте луѓе што разбираат веќе повеќе од 70% за платформи и форекс така да само ќе ви набројам неколку предности што јас мислам дека се предности па Вие проверета дали сум во право или не. Нашата платформа нуди : директна конекција на Currnex мрежата, најниска и 100% ФИКСНА комсија од 1,5 пипа на трејд (што никаде на другите фирми не ја пишува ,а е поголема и од 3 пипа) , 100% нема свап и НЕМА DEALING DESK! Отворете демо сметка проверете ги цените на сите за вас достојни платформи и споредете ги. После тоа слободно пишете критики или пофалби. Што и да треба за контакт пишете ми. Платформата може да ја симнете на www.elite4x.com . Со велико поштовање Ваш сограѓанин MikiXmkd! :cool:
 
kitco2aulrates.php

Gold lease rate dosta ripnaa obicno toa e dobar znak za gold...barem na kratok rok.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom