Трето полувреме

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
во другите градови на почеток на октомври. Едвај чекам!
тоа во другите градови значи дека ќе го има и во тие градови кај што нема кино сали ?

ако е така супер бар да живне филмската култура во нашава држава
 
Пошто killing jews ги влажни академците во Холивуд, очекувам номинација за оскар за прв пат после „Пред Дождот“.
 
Пошто killing jews ги влажни академците во Холивуд, очекувам номинација за оскар за прв пат после „Пред Дождот“.

Во филмов има се што сака Холивуд. Евреи, историја, забранета љубов, спорт... Очекувам да има успех.
 
Во филмов има се што сака Холивуд. Евреи, историја, забранета љубов, спорт... Очекувам да има успех.
Најсериозно, добитната комбинација се евреи или рак/сида/тешка болест. Филмов го има рецептот, треба само да биди егзекутиран правилно.
 
Најсериозно, добитната комбинација се евреи или рак/сида/тешка болест. Филмов го има рецептот, треба само да биди егзекутиран правилно.

Ќе има многу сцени за депоратцијата на Евреите и за условите во кои биле сместени дур дојдат возовите. Плус главниот лик, Ребека, што ја глуми Катерина, ќе избега ама од татко и (Шербеџија) ќе и остане аманет, он ќе се жртвува за неа ова она. Добро ќе биде склопен тој дел.
 
тоа во другите градови значи дека ќе го има и во тие градови кај што нема кино сали ?

ако е така супер бар да живне филмската култура во нашава држава
Не сум сигурен, ама се надевам дека секој ќе добие прилика да го погледне.
Ова ќе биде најдоброто филмско остваруање од Македонија.
 
Многу интересна статија, прочитајте ја...

Кој ја фалсификува историјата – Дарко Митревски или Стивен Спилберг?

31
АВГ 2012​
09:15​

Бугарија не се мешала никаде и никогаш, „Трето полувреме“ е историски фалсификат – гласно и навредено вели нашиот источен сосед. Видеото на Шоа-фондацијата на Спилберг со потресното сведоштво на госпоѓата Коен го докажува токму спротивното.


Вчера беше пуштена во јавноста интернет-страницата на филмот „Трето полувреме“, која меѓу другото, содржи и едно видео од непроценлива вредност – во него зборува самата Нета Коен, Еврејка од Скопје, жената што е пресликана во централниот лик на филмот на Дарко Митревски – Ребека.
Видеото е снимено од екипа на Шоа-фондацијата на Стивен Спилберг и е едно од речиси 52-те илјади интервјуа со преживеани од Холокаустот што ги има снимено фондацијата од 1994 до 1999 година, заради забележување на сведоштвата на преживеаните. Интегралната верзија на сведочењето на Нета Коен (сегашно име Марија Младеновска) под кодот 47.772 постои во архивите на Шоа-фондацијата, во Лос Анџелес, Калифорнија. Меѓу основачите на Шоа-фондацијата покрај Спилберг се и Бранко Лустиг, познат продуцент и глумец со еврејско потекло, и Мајкл Беренбаум, човекот што ги осмисли Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје и Американскиот меморијален музеј на холокаустот во Вашингтон и кој лани издаде книга на темата „Евреите во Македонија за време на Втората светска војна“, чии податоци буквално се совпаѓаат со историските факти во најновиот филм на Митревски.
Нета Коен, чиј живот и страдања се директна инспирација за Митревски во создавањето на сценариото на „Трето полувреме“, била ќерка на Аврам Коен, угледен Евреин од скопската висока средна класа, но избегала од дома и се омажила со фудбалер-христијанин, што и ја спасило од концентрационите логори – татко ѝ, разбеснет поради нејзиното „предавство“, се откажал од неа и ја избришал од семејното стебло, така што нејзиното име го немало во ниеден од списоците со еврејски имиња за депортација што в раце ги држеле тогашните бугарски окупатори.
„Кога ги собраа нашите, јас се криев“, се сеќава госпоѓата Коен во интервјуто на Шоа-фондацијата. „Имав добри комшии и никој не ме кажа… Децата што играа надвор ги прашуваа бугарски војници… Бугарите ги земаа. Бугариве беа заедно со Хитлер. Со Немците. И Бугарите дојдоа… Бугари стражареа, Бугари собираа, Бугарите со куќите располагаа, Бугарите сѐ. Бугарски војници прашуваат – ‘Има ли тука Евреи?’, викаат – ‘Нема’, макар што сите ме знаеја. Но никој не ме предаде.“

Бугарската јавност, интелектуалци, па дури и самиот бугарски премиер, од удирањето на првата клапа на „Трето полувреме“, лани во септември, па до ден денешен, иако не го гледале филмот, ниту го читале сценариото, водат невообичаено жестока кампања против филмот, против неговиот автор Дарко Митревски и против Македонија. „Хитлеровски филм“, „провокација од македонската влада“, „филм за омразата кон Бугарите“, „уште еден фалсификат врз кој се гради македонскиот идентитет“ се само некои од епитетите што досега од Бугарија ги доби „Трето полувреме“, кој својата премиера ќе ја доживее на 15 септември на „Браќа Манаки“. Тројца бугарски европратеници дури му пишаа писмо на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, дека „Трето полувреме“ е филм навредлив за Бугарите. Бугарија не се мешала никаде и никогаш – гласно и навредено вели нашиот источен сосед.
Видеото на Шоа-фондацијата со потресното сведоштво на госпоѓата Коен го докажува токму спротивното.
Кој сега ја фалсификува историјата, Дарко Митревски или Спилберг, Беренбаум и Лустиг? Или, пак, можеби самата Нета Коен?
Извор.
 
Најсериозно, добитната комбинација се евреи или рак/сида/тешка болест. Филмов го има рецептот, треба само да биди егзекутиран правилно.
И јас се сложувам Евреите се добитна кобинација.. и плус ако се земе во предвид дека Холивуд го држат Евреи :)
 
Демек има некој што не ја знае цела приказна?
Има разлика од Storyline до целата приказна. Тоа што знаеш за што се работи во филмот, не е исто со тоа да ја знаеш целата приказна и се што ќе се случи во филмор.
 
Има разлика од Storyline до целата приказна. Тоа што знаеш за што се работи во филмот, не е исто со тоа да ја знаеш целата приказна и се што ќе се случи во филмор.

Имам познаник скоро на секоја сцена што е статист и роднина кој работеше на светлото во цел филм - веруј, се знам. :D
 
Имам познаник скоро на секоја сцена што е статист и роднина кој работеше на светлото во цел филм - веруј, се знам. :D
А овака информирам да не знаеш дали се знае точниот датум на премиерата во Скопје? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom