Трето полувреме

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Туку сценариово за филмов е старо може 5 години. Богами јака копија ќе биде на Монтевидео:facepalm:

Мислам дека има и околу 10 години. Читав интервју со Сергеј Трифуновиќ кој сите знаеме дека се откажа, рече дека го знаел Дарко долго време и дека сценариово нема врска со Монтевидео, затоа што сценариото било напишано пред околу 10тина години.

И како, КАКО БЕ САШКО НЕ БИЛ УБАВ ВО ФИЛМОТ???
Бонбона е на трејлерот! БОНБОНА!:love:
Баш си се складни со Катарина.
 
Мислам дека има и околу 10 години. Читав интервју со Сергеј Трифуновиќ кој сите знаеме дека се откажа, рече дека го знаел Дарко долго време и дека сценариово нема врска со Монтевидео, затоа што сценариото било напишано пред околу 10тина години.

Јас се сеќавам на едно интервју на Дарко пред едно две години дадено на фестивалот Браќа Манаки, кога кажуваше дека има доста старо сценарио ( мислејќи на ова). Ако стигнува и до 10 години, секоја чест за нервите да го истурка проектот.
 
Јас се сеќавам на едно интервју на Дарко пред едно две години дадено на фестивалот Браќа Манаки, кога кажуваше дека има доста старо сценарио ( мислејќи на ова). Ако стигнува и до 10 години, секоја чест за нервите да го истурка проектот.
Е да ама затоа ова ќе биде според мене до сега најпосетен македонски филм,а и еден од најдобрите,сигурен сум.
 
Филмот не е излезен, не знам за што се зборува, но искрено преку стапов ми е веќе да гледам филмови со некакви “забранети љубовни приказни“.Уште и самиот збор “забранет“ кога ќе го чујам ми се спушта директ.Преку стапов ми е да гледам шпански приказни во кој богата милионерка се заљубува во клошар и бега од дома заради него.Приказни за мали девојчиња коишто во реален живот скоро и не постојат.Знаеме каква е реалноста и дека ќерки на милионери се мажат за мулти милијардери, а не за син на стечаец.Да не си го ладиме куров со приказни.Уште од старт филмот ми е fail.

Уште од сам старт знам што ме чека и какво ќе е дејствието во филмот.Бледа копија на Монтевидео, Бог те видео(y)

Само незнам кај го најдоа Сашко Коцев за главен глумец.Во реален живот Катарина ни орев не би земала од негова рака, а камоли да се заљуби.Очекувам и една еротска сцена во којашто 4 и пол минути Сашко Коцев ќе и ја соблака маицата и додека сите ужарени од мастурбирање дека ќе и ја видат цицката на Катерина од следен момент кадарот е како тие лежат двајца после сексуален чин во кревет покриени со чаршаф и прават бош муабети како ништо не може да ги раздели на овој свет.

Во тоа време ако ги погледнеме сликите на нашите баби, дедовци, градски луѓе такви убави девојки немало.Биле небањати, недепилирани, прости, необразовани.Така да Катарина ми е уште еден fail за таков период.
Сакам Тетовирање и сурова реалност , а не турски и индиски серии продуцирани во долго метражен филм.

Абе седи мирен! Кај најде копија? За фудбал што е? -.-
Демек само 1 фудбал постои! Првин - времето не е исто, после приказната не е иста, трето нема везе со Монтевидео а приказната е кажана дури во 2000та, за време на Досие Скопје. Така да, слабо дрндаш без везе.
 
Леле баш дојдов во темава, само заради овој трејлеров. Ама врв е кога вика како се вика овој тим, моментот е како сите потиштени викаат: Македонија... Па тоа е свето име бе мамето ваше.:pos::pos::pos::pos:

Некој да не има информации за премиера нешо а-у?
 
Што вели на 1.13 мрш од тука или мрш бугар ? :icon_lol:

П.С. Некој да знае од кај може да се најде музиката од трејлеров,Џајковски мислам ја има правено ??
 
http://www.imdb.com/title/tt2069100/

Конечно средена страна на imdb.

Постерот си владее.

428676_3398981017053_1345611736_3337662_1491853_n.jpg
 
Филмов ќе биде лудница, според трејлеров ми изгледа ептен светски, ама колку ми се само патетични воа татарчињава со коментарите на јутјуб дека филмов е пропаганда тоа е чудо :icon_lol:
 
Би сакал да биде најуспешен филм, само за инат од источниве.Молчи да не збориме многу и онака знаело да има наплив од татари тука.:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom