Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
M@wEcK0 напиша:Не сум сугурна дека има ваква тема,ама мислам дека нема,а ако има фил фри да ја пратите во канта.
Значи вака,што кога пријателите на вашиот партнер/партенрка не ве сакаат баш и не им е баш мило шти вие двајца сте на седмо небо?
Кога единствено нешто што прават е мрчење и залење и јадење бурек за вашата врска.
Темава е за љубоморни, злобни личности кои ќе се обидат на секој можен начин да и наштетат на врската. Метата ја наоѓаат секогаш според нивниот суд дали врската е лабилна или стабилна. Ако види дека ништо не може да им расипе добар однос, тогаш не ни се обидуваат да влијаат на тоа "забрането" за нив поле. Таквите луѓе многу добро знаат да оценат кај е дупката, кај не чини и да мавнат токму таму. Тоа е според мене незрело, го прават личности кои немаат што попаметно да прават па се замараат со туѓите животи, незадоволни личности пред се од себе си, а потоа и од оние кои се околу нив. Алапачи има колку сакаш, не мора тоа да е некоја личност која ти е блиска, може да е некој кој има навика да си вади муабети како хоби. Таквите луѓе имаат способност да ти го завртат паметот, смислено да ти направат да се замислиш, да почнеш расправии, грубо кажано како "магија" да фрлаат на личноста. Некои поуспешно ја кријат злобата, а некои се проѕирни.
Се сложувам со сите, убаво си кажавте дека на една врска која внатре е доволно цврста не може ниедна надворешна сила да и влијае па колку и да е силна.