Трети личности од страна

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
mi se slucilo da se mesaat treti licnosti vo mojata vrska...ali uzasno me nervira toa i ne go podnesuvam...odma krsam nosevi...:))
 
Нема пар особено добар кој е без љубоморни особи од страна. Тоа е најсекојдневно нешто и ми се случило и мене но љубовта победила на крај:je:
 
eYeCaNdY напиша:
Нема пар особено добар кој е без љубоморни особи од страна. Тоа е најсекојдневно нешто и ми се случило и мене но љубовта победила на крај:je:
Ти си еден од ретките. Најчесто кога во една врска двајцата ќе дозволат да се замеша некој трет од страна ништо не останува од таа врска. За момент ја нема довербата.. им се дозволува на некои безвредни суштества да уништат врска полна со љубов. Колку мразам такви луѓе - се мешаат онаму каде што најмалку треба.:icon_mad:
 
Секогаш се наога барем по еден кој сака да растури нечија врска...но ако врската е цврста и двајцата имаат доверба еден во друг, разгоавараат отворено за било што и имаат огромна љубов...нема некој кој може да ја растури таа врска...позади добар пар секогаш се крева прашина...добра или лоша сеедно, а тој пар треба да створи самиот одбрамбен систем, кој самите тие би го осмислиле... но мора да постои искреност, доверба и љубов пред се. :kafe:
 
Od strana ke imaja luge vlianie ako bese a 3-some vrskata . Mrazam luge so se meshaat kaj so ne mue mestoto. A luge koj pagaat na takvi muabeti se slabi po moe.. Ko pomala probvaf da se stitam od muabeti i drzef low profile , poso napatena bef bagi od ogovaranje i ednas so eden bivsi moj befme na kino i na pat nakaj doma mu zvonat negovi bliski drugari : Ej Stejsi e Vasastan so tip koj ne go znajme a jas do nego , od togas znam deka na glava da se namestis nemozis da sprecish ljubomorni luge , nego so ljubof i doverba se odbegnuvaat tie konflikti
 
Сум имала ситуација други личности да си го "пикаат" носот кај сто не му е местото. И морам да признаам дека беше навистина тешко, издржавме но сепак имаше влијание на нашата врска. Знам дека доколку двајца навистина се сакаат ништо не може да влијаае, но сепак во овој наш менталитет тоа правило баш и не важи. Треба сепак да си доста цврст и независен, и пред се зрел...
 
Темава е за љубоморни, злобни личности кои ќе се обидат на секој можен начин да и наштетат на врската. Метата ја наоѓаат секогаш според нивниот суд дали врската е лабилна или стабилна. Ако види дека ништо не може да им расипе добар однос, тогаш не ни се обидуваат да влијаат на тоа "забрането" за нив поле. Таквите луѓе многу добро знаат да оценат кај е дупката, кај не чини и да мавнат токму таму. Тоа е според мене незрело, го прават личности кои немаат што попаметно да прават па се замараат со туѓите животи, незадоволни личности пред се од себе си, а потоа и од оние кои се околу нив. Алапачи има колку сакаш, не мора тоа да е некоја личност која ти е блиска, може да е некој кој има навика да си вади муабети како хоби. Таквите луѓе имаат способност да ти го завртат паметот, смислено да ти направат да се замислиш, да почнеш расправии, грубо кажано како "магија" да фрлаат на личноста. Некои поуспешно ја кријат злобата, а некои се проѕирни.
Се сложувам со сите, убаво си кажавте дека на една врска која внатре е доволно цврста не може ниедна надворешна сила да и влијае па колку и да е силна.

Но, во врска со темава има и нешто позитивно. Да не се разбереме погрешно, мислам на личности кои ти мислат добро, кои ти се блиски, кои од страна ги гледаат поинаку работите, кога се трудат на некој начин да ти ги отворат очите. Иако сум против слушање други, некогаш е позитивно да чуеш нечие мислење за целата ситуација. Иако никој нема право да се меша во туѓ живот, секој е одговорен за сопствените постапки, ако излезе на лошо сам си виновен за тоа и сам ќе ги сносиш последиците.
Дури и оној кој ти е близок може погрешно да те разбере, нема да сфати дека сакаш да помогнеш и на крај излегуваш виновен и лошиот. Затоа можеби е најдобро да се молчи.
Тешко е да им се верува на луѓето, никој не сака да те види во арно.
 
Точно така Форчн, но затоа сето тоа што ке ни го кажат блиските или било кој друг треба да си го прашаме партнерот дали и колку има вистина во тоа нели? Само така ќе дојдеме до вистината било да е болна или не.
 
Devilish Angel напиша:
Точно така Форчн, но затоа сето тоа што ке ни го кажат блиските или било кој друг треба да си го прашаме партнерот дали и колку има вистина во тоа нели? Само така ќе дојдеме до вистината било да е болна или не.
Во ред, до некаде можам да се сложам со тебе за ова. Нормално е дека ќе разговараш со партнерот (доколку тој сака да зборува), ќе се обидуваш да дојдеш до вистината, ќе се надеваш дека тој ќе ти ја каже. Најлесно е да ти рече: „Доста за тоа, не се замарај што зборуваат другите, треба да ми веруваш мене.“ Точно дека во врската ако нема доверба меѓу двајцата, врската не може да се нарече врска.
Но, од друга страна, ако е вистина она кое ти го кажал некој друг, партнерот претпоставувам дека нема да ти го признае тоа, најверојатно зошто би се плашел да не те изгуби ако те сака. Можеби се работи за негова грешка (без разлика за што се работи), но најголема грешка би му била што сам не ти го кажал тоа, дошло време да дознаеш од други. Тука постои и друга можност - да признае дека згрешил, дека е вистина она кое се зборувало, па после на тебе би останало дали ти ќе простиш или не. А може и да не ти признае, да веруваш во она кое ти го кажува, а всушност да е вистина тоа што ти го кажала таа блиска личност од страна.

Како и да е, вистината може да се дознае, а постои веројатност и да не се дознае.
 
Трети личности ... па да, ги има секогаш. Не верувам обично во све што ќе слушнам, но секако се појавува сомнеж во мене доколку довербата во партнерот не ми е на завидно ниво. Значи, ако кажува третата личност нешто во што јас сум се сомневала малку, секако ќе ја направам големата додека не дознаам дали е така или не. Продолжението на врската зависи од резултатот на проверката.:)
Е сега ... ретко кому верувам бескрајно, а на таквите поединци не се ни трудам да ги испитувам или слично ... евентуално ќе прашам и ќе поверувам во све што ќе ми каже, па ќе се свртам накај третата личност да ја обработам:)
 
FortunE напиша:

На лагата и се кратки нозете .. а башка ако партнерот се обиде да крие нешто ке го осетиш нели? Ке почне да врти тема или кратко ке ти рече само не е точно. Се осеќаат таквите работи нели :icon_lol:
Како и да е .. се зависи од нас дали и колку сакаме да простиме и да веруваме на тие трети личности, а најмногу и зависи од тоа колку сакаме да знаеме
 
divine напиша:
Трети личности ... па да, ги има секогаш. Не верувам обично во све што ќе слушнам, но секако се појавува сомнеж во мене доколку довербата во партнерот не ми е на завидно ниво. Значи, ако кажува третата личност нешто во што јас сум се сомневала малку, секако ќе ја направам големата додека не дознаам дали е така или не. Продолжението на врската зависи од резултатот на проверката.:)
Е сега ... ретко кому верувам бескрајно, а на таквите поединци не се ни трудам да ги испитувам или слично ... евентуално ќе прашам и ќе поверувам во све што ќе ми каже, па ќе се свртам накај третата личност да ја обработам:)

И трети и четврти и којзнае колку „ред се редат мале„ континуирано и по никоја цена не може да се избегнат. Во главно, исфрустрирани, искомплексирани и изгубени особи, кои како по правило не можат да се најдат себе си и не знаат како да си го средат сопствениот живот.
Продолжението на врската секако зависи од извршените проверки,ако имало некаква вистина во информациите, доаѓа моментот на вистината,дали таа врска била вистинска или само изгледала како таква....но ако се покажат како неточни.....хе хе хе ....убаво кажано Divine...ќе си добие таква фина обработка и глазура, што нема да знае дали била ловец или жртва на сопствените фрустрации:pishtoldz
 
Obi;no drugarki se mesaat,mu naogjaat mani na tipot i taka,toa uzasno me nervira.Sekogas zagrizena drugarka ratoborna ja brani drugata od rasipani decki
 
Абе луѓе да ги нема нив нема да биде интересно!Секогаш има такви што повеќе од вас мислат на врската,немаат свој живот јебига,мора нечиј да живеат!
Ти ја тестираат врската,ако успеат да те отргнат од човекот што го сакаш значи не сте биле еден за друг ако поминете и преку нив тие само ви ја зацврстиле врската!
 
RealGirL напиша:

Значи ја и љубената иаме ептен стабилна „конекција“ со оглед на тоа што 80 % од нејзините другарки беа против мене и и љубомореа на неа и гледаа по секоја цена да раскинеме ама тоа не се случи :)
Љубов е тоа или панаѓур!? Нема лабаво!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom