еве после доолго време.ве читам али не сум се наканал да пишам.
Прво мислам ако имас пријатели нема да јадат бурек за твојата врска во спротивно, треба да се преиспита колку ти се пријатели. Она за кое зборуваш најчесто се јавува поради новиот стил на живот кој наметнува се поретко да ги практикуваш дружењето со другарките на сметка на партнерот.Сосема логично никој нема да се почувствува рамнодушен на тоа, поради што со тоа се менува и нивниот стил на возење на животот (со самото твое отсуство на некои настани и случки). разликата е во тоа што..ти си го менуваш животот по своја одлука и желба додека исто време нив им се менува животот без нивна одлука и желба

...
така да, мрчењето од тој аспект и не е страсшна работа доколку сеуште ги почитуваш пријателите а и тие стануваат свесни дека кога тогаш..твојот живот продолжува со друга личност во главна улога

Ми се случува да немам време или сила да ги дружам другарите пошо се повеќе време посветувам на девојката.но треба да се биде умерен и во тоа не тераш со мислата: Она што било, било. и дека пред нас се нови предизвици, па треба да заборавиме кој ни бил friend.
Значи треба да се обидема да направиме некаков баланс, да не ги доведеме другарите/ките во сомнеж за нашето меѓусебно пријателство.
Сметам дека мрчењето не е страшна работа доколку умееш да направиш лесен разговор со пријателите дека во твојот живот се случуваат промени кои можат да влијаат и на нив, но да имаат слух и разбирање и да знаат дека не си ги заборавил, едноставно некои чувства се посилни и сакаш да ги доживееш целосно во сите бои

поздрав до следниот пост
