Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Царовска го гледаше „Исцелител“ во кино на отворено
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА
Од Плусинфо Објавено 27/06/2020 23:46:38

5,363
Сподели

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска вечерва заедно со својот партнерот го гледаше филмот „Исцелител“ од своето возило.
Филмот беше дел од проекцијата на киното на отворено на паркингот кај салата „Борис Трајковски.

Импресиите од филмот, Царовска ги сподели на својот Фејсбук профил каде што сподели и фотографии.
„Како во филм. Отворено кино во Скопје – го гледаме нашиот добро познат „Исцелител”. Животот продолжува со нови правила. Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме“,напиша Царовска на својот Фејсбук профил.
avto-kino-300x158.jpg

:toe:
 
Лундгрен му предложи на убавата русокоса која работи како личен тренер пред една недела во Стокхолм, а двајцата ги открија среќните вести на своите профили на Инстаграм.
Ема е по потекло од Норвешка, додека Долф е по потекло од Шведска, каде му предложил на својата девојка, за која вели дека премногу ја сака.“

Имаат ли некој што ги чита текстовите пред да се објават?

*инаку овој што му предложил брак на русокосата во живо е многу јако типче...Импресивен примерок...
 
Еве уште нешто клучно поврзано со Царовска:

Клучна објава е ова, дефинитивно. Неверојатно е какво дно пробиваат секој ден овие Фактор, не дека некогаш беа којзнае каков медиум, ама последниве 2-3 години или цепаат некаков идиотски кликбејт или вакви дебилни објави имаат, кои пак се кликбејт во суштина.
 
како не бе
:lolzz:
 
Толку појма немаат од фудбал или со слика од Нелсон од Барса повеќе кликови се собираат? Се плашам дека оделе на второто :facepalm:

Screenshot_20200719-104332_Chrome.jpg
 
Дефинитивно е првото

Ако немаат појма, значи веста е копирана. А ако ја копирале веста ќе ја копирале и сликата.
Од друга страна доволно е на гугл да го напишеле името и презимето, ќе нашле соодветна слика.

Ипак мислам дека е очаен обид за собирање повеќе кликови.
 
Нешто што го имам приметено кога нашите медиуми прават интервјуа. Не знам што е толку тешко за еден новинар пред интервју да се информира малку повеќе за соговорникот за да не тресе глупи прашања и да не настанат незгодни ситуации.

Читам тука сосема добро интервју со Ристо Вртев и се’ беше океј додека не дојдов до последното прашање. Па добро бе, секој што малку е информиран знае дека Вртев веќе сам ја тера приказната на Архангел, ниеден друг член на оригиналниот бенд не свири со него.

Не е ова единствен случај. Паметам и бетер. Ми текнува на еден од тие естрадните магазини, на А1 мислам беше, правеа интервју со пејачот на Прљаво Казалиште, Младен Бодалец. И го прашуваат зошто пеел тој а не Даворин Боговиќ, кој се споменува во песната „Црно-бијели свијет“? Овој ептен се збуни од прашањето и зеде да им објаснува дека Боговиќ не е во групата од 1985 година. :facepalm: Веројатно поглупо прашање му немаат поставено.
 
A дали се сеќаваш кога на статии за фудбалерот Ван Дијк ставаа фотографии од ди-џејот Ван Дајк?!
 
Нешто што го имам приметено кога нашите медиуми прават интервјуа. Не знам што е толку тешко за еден новинар пред интервју да се информира малку повеќе за соговорникот за да не тресе глупи прашања и да не настанат незгодни ситуации.

Читам тука сосема добро интервју со Ристо Вртев и се’ беше океј додека не дојдов до последното прашање. Па добро бе, секој што малку е информиран знае дека Вртев веќе сам ја тера приказната на Архангел, ниеден друг член на оригиналниот бенд не свири со него.

Не е ова единствен случај. Паметам и бетер. Ми текнува на еден од тие естрадните магазини, на А1 мислам беше, правеа интервју со пејачот на Прљаво Казалиште, Младен Бодалец. И го прашуваат зошто пеел тој а не Даворин Боговиќ, кој се споменува во песната „Црно-бијели свијет“? Овој ептен се збуни од прашањето и зеде да им објаснува дека Боговиќ не е во групата од 1985 година. :facepalm: Веројатно поглупо прашање му немаат поставено.

Има една само личност, Бранка или Бранкица, многу симпатична жена, плава, која многу ги разработува интервјуата и мислам дека баш поради тоа, некои личности од културата може само кај нејзе да се видат на интервју и никаде на друго место. Ги остава да зборуваат и ги прашува многу конкретни прашања што се однесуваат и на моментот и на минатото.
Не можам да не спомнам дека „тренд од кој невидено ми се кења“ е дека истата остана без работа откако Телма од телевизија на културата стана ништо.

Не ми текнува во моментов на друг таков тв лик...може и да има.
 
Веројатно Бранка Костиќ
91428749_167597984320870_5836891801151078400_n-e1585739724328.jpg

Но, еве една малку постара вест. За разлика од македонските глупи калаштури, Ава Карабатак се издигна на друго ниво. Имено, Карабатиќ веќе некое време се допишува (можеби и се слуша) со Никола Тесла. Разговорите се достапни за извесна цена, а задоволната старлета заработила 3255$, што го покажува големиот интерес на рајата што има Тесла да соопшти од оној или од некој друг свет.
Не е женската крива. Секој треба да се снајде во овие тешки времиња. Ама е дно да се шири фекалијава од информација.

Симпатична упм...
Зборува течно, чисто, концизно, слуша внимателно....ако не ти се дига на нејзе, извини за хајпот.
Не знам шо да кажам за онаа твојана муза Сара или вотевр, според која градиш политички ставови, филозофски гледишта, вкус за уметност и животен стил...
 
Кога медиумите ќе ја научат географијата на својата држава. Дури и самите во текстот подолу напишале ПС Дебар. Џепиште и Октиси се едно до друго, на граница од Дебар надолу. Тетовско е Џепчиште
 
Кога медиумите ќе ја научат географијата на својата држава. Дури и самите во текстот подолу напишале ПС Дебар. Џепиште и Октиси се едно до друго, на граница од Дебар надолу. Тетовско е Џепчиште
Дебарско се Џепиште и Отишани едно до друго (Октиси е накај Струга), а тетовско е Џепчиште.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom