Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Што ги хакираат овие КУРир воопшто.....бомба за нив само...
 
ФОТО: Згодната скопјанка Моника ќе ви го сврти умот
Сабота, 12 Октомври 2013 18:15

Моника Атанасова има 19 години и студира на Факултетот за бизнис и логистика.



http://www.kurir.mk/magazin/scena/133327-FOTO-Zgodnata-skopjanka-Monika-ke-vi-go-svrti-umot


Признавам, ми го сврти умот. На гз паднав

:facepalm:


Аман бе, и макроа почнаа да изиграваат, под превезот на т.н. промоции на "атрактивни девојки". Бљак!!! :facepalm:
 
Најдобрите 11 нови серии.

Текстов ако го има пишувано човек со појше од 8 години, ја главава ја сечам. Толку неповрзани реченици и печатни грешки јас во тетратка од ученик немам видено, а не па во новинарски текст. Зар немаат сајтовиве бре некој што го проверува материјалот?
 
Најдобрите 11 нови серии.

Текстов ако го има пишувано човек со појше од 8 години, ја главава ја сечам. Толку неповрзани реченици и печатни грешки јас во тетратка од ученик немам видено, а не па во новинарски текст. Зар немаат сајтовиве бре некој што го проверува материјалот?
Даре Смиланов е млад и амбициозен автор роден во Валандово 1999 година...
 
Отварам ФБ и првото нешто што ми излезе на ѕидот

TV Sitel / ТВ Сител

Борис Трајковски - Македонски херој кој заслужува ЛАЈК за почит од секого!!!


1381213_10151945546690535_1769798585_n.jpg



Заслужува ЛАЈК... :facepalm:
 
Нема да ставам вакви статуси,ниту ќе цитирам некои новинари,најпрво мисллев да отидам со цитати ,но ќе отидам со коментарот објективно и сеопфатно,барем се надевам.Ќе ја критикувам тв сител,нивните водители на вести се однесуваат како да имаат свое политичко шоу или своја политичка емисија,се забораваат дека тоа се вести и треба да известуваат за настаните во денот во македонија и во светот,а не да се заборават пола саат критикувајќи ја опозицијата,и пола саат фалејќи ја власта, доста е да споменат некој од настаните.Потоа тоа што го прават они не е новинарство туку е манипулаторство на јавноста,ја менуват или некогаш не ја кажуваат вистината.Да не бидам разбран погрешно не ја бранам опозицијата и не ја напаѓам власта индиректно туку лично ја критикувам професионалноста на тв сител,за пример ќе ја земам канал 5,која исто така е предводена на некој начин од Ѕинго-гздата на тв сител,ја води неговиот син ,па се можеби и најпрофесионални во тој сегмент ,иако програмата им е по катастрофа од таа на сител.Се однесуваат како аматери ,а не како професионалци.
 
Владата вработува за плата од 3.000 евра- еве каде да аплицирате





vladanadvoresnog4.jpg

Државата вработува за плата од 3000 евра, објави Економски.мк.
Агенцијата за стански инвестиции бара економски промотори на определено време за следните локации:
Њујорк, Чикаго, Мајами, по еден промотор за секоја земја
Малезија, Индонезија, Сингапур, еден промотор за сите три земји
Норвешка , еден промотор
Франција, еден промотор
Русија, еден промотор
Кина, еден промотор
Јапонија , еден промотор
Платите се движат од 2.100 за Русија до 3.100 евра за Јапонија. Работното време е 40 часа неделно од 8:30 до 18:30.
Условите што треба да ги исполнуваат кандидатите се висока стручна спрема, работно искуство намјалку 2 години, меѓународно признат сертификат за познавање англиски јазик, возачка дозвола Б категорија, способност за комункација, тимска работа и презентациски вештини.
Избраните кандидати ќе бидат обучени, а за време на обуките ке добиваат плата од 24.000 денари
Рокот за пријавување е 12 ноември 2013.
Од владата за Економски велат дека целта на огласот е да се допре до најдобрите кандидати кои ќе ја промовираат земјата и ќе донесат нови странски инвестиции.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Јас ли сум географски неписмен или нешто друго е проблемот :facepalm: :facepalm: :facepalm:

Содржината на огласот и фактот дека ќе се вработат уште неколку скапо платени џаболебари кои ќе шетаат по светот со наши пари за да донесат резултат- последни по инвенстиции на Балканот- тоа ќе го занемариме.
 
Не знам дали е дискутирано, немам листано низ темава ама да кажам дека ми се сере од наслови за сообраќајки, жртви и сл. Значи, маме им ебам на оние фоторепортери/новинари што се тепаат за да дојдат до подобра слика и трчаат да ја дадат во редакција за да се објави. Па мајку му бе, имајте малку осет према семејствата. Покажете почит.

Другар ми вика, тоа го прават за да се крене свеста на народот, совесно да се вози. Абе, фиромјанин нема совест, заебете ги тие вести бре луѓе, заебете ги. Ако веќе толку сакате да известувате, дајте смао како вест. Заебете ги тие ударни вести, слики, видеа. Па плус и бараат аматерски видеа, па плаќаат за нив. Ужасни се, ужасни!
 
Не знам дали е дискутирано, немам листано низ темава ама да кажам дека ми се сере од наслови за сообраќајки, жртви и сл. Значи, маме им ебам на оние фоторепортери/новинари што се тепаат за да дојдат до подобра слика и трчаат да ја дадат во редакција за да се објави. Па мајку му бе, имајте малку осет према семејствата. Покажете почит.

Другар ми вика, тоа го прават за да се крене свеста на народот, совесно да се вози. Абе, фиромјанин нема совест, заебете ги тие вести бре луѓе, заебете ги. Ако веќе толку сакате да известувате, дајте смао како вест. Заебете ги тие ударни вести, слики, видеа. Па плус и бараат аматерски видеа, па плаќаат за нив. Ужасни се, ужасни!


Татко ми почина во сообраќајка неодамна, и кога видов линк од веста по фејсбук со лајкови испод ми се снеарни. Потполно се согласувам дека е без осет и дека нашите такозвани медиуми си потполнуваат простор и не размислуваат за реакциите.
 
Трендот на неписменост и познавање на јазикот на ниво од второ одделение се шири како епидемија низ мк медиумите . Еве еден таков :

Ни објаснија дека ќе нè убијат ако не се проституираме. Нè продадоа близу до Охридското Езеро, се сеќава Бугарката Светла која свјата трагична живтна приказна ја раскажа заза бугарската телевизиска станица ТВ7

:facepalm::facepalm::facepalm: Се откажав понатаму да го читам текстот .
 
Кога сме кај сообраќајки ми смета што сите овие порталчиња мислат дека заслужува да биде вест која било сообраќајка која се случила во градот а случајно ја сликнал некој од вработените. Скршил фар - Собраќајна несреќа на Партизанска - информации повеќе нема. Аман бе, не дека ме интересира сообраќајката или пак е добро и за поголеми сообрајаќки али не мора за буквални ситници да пишувате.
 
Естрадниот магазин ( :facepalm: ....естраден магазин!?!:facepalm:) прославил пет години лаксативно дејство врз малце нормален и маса прост народ што живее во земјава. Пет години ширење глупа занимација, трачеви и млатење празна слама. Се сеќаваме нели, дека не беше Шител инспириран да состави ваква малоумна „емисија“, туку во налетот на копирање на будалаштини од веќе покојната А1-телевизија - силом прилике мораше да го напраи тоа.
Прослава во музејот на ВМРО :facepalm:, за која да не биде без ништо, поделиле и некои награди (листата е доле наведена, неќу да ги коментирам...све мој до мојега - Есма, Каролина, ДНК....)...и колку ли пати само е спомнат во текстов зборот „проект“ (треба со закон да се забрани ваква злоупотреба)....
Им посакувам да не траат уште долго и да ги снема што побрзо од тв екраните.....не дека ги гледам, ама непоправливо е труењето на младината кое е резултат на нивното немање креативност, писменост и интелигенција, кое понатаму има реперкусии во јавниот живот, политиката и културата во државава. Таман кога помислив дека ликон што им е уредник го снемало од лицето на Земјава, тој се појави со „шоу-во“ :facepalm: и уште слави јубилеи :facepalm:

Бекстејџ со гала-забава за петтиот роденден - Вест е најуспешен печатен проект
"Вест" доби награда за најуспешен печатен проект, од естрадниот магазин "Бекстејџ" на МТВ, кој со гала-манифестација, го прослави петтиот роденден, во Музејот на ВМРО во Скопје. Лани "Бекстејџ" стартуваше со кампањата "Успех", со која ги наградува најуспешните во јавниот живот.
"Вест" ја доби наградата за насловната страница по повод својот 13. роденден, кога 13 новинарки се сликаа во градници, под мотото "Не покажувај ми ги мене, покажи му ги на лекарот".
"'Вест' е единствен, поинаков од другите, храбар и зрачи со добрина и разбирање. Такви се и дамите од Редакцијата што го направија овој потег, поинакви од другите, храбри и свесни за својата улога во општеството", рече главниот и одговорен уредник на "Вест", Горан Михајловски, кога ја прими наградата.
Низ кус документарец, "Бекстејџ" нe потсети на почетоците во малата редакција во 50 квадрати, до Канскиот и Берлински филмски фестивал, чиј редовен гостин е. Атрактивните новинарки и водителки стигнаа од МТВ до Музејот на оригинален начин, со новиот двокатен автобус, на кој е залепено нивното лого.
Тамара Тодевска доби награда за најдобра пејачка, Влатко Лозаноски за најдобар пејач, ДНК за најдобар албум за "Срце" и хит на годината, "Петар за појадок и пауза" на "Метрополис" за радиопроект, "Вкусот на традицијата" со Андријана Алачки за најдобар ТВ-проект, Скопскиот фестивал за најдобар фестивал. Лино Червар е најуспешен тренер, КК МЗТ - најдобар спортски клуб, С.А.Р.С. балкански бенд кој најмногу настапувал во Македонија, а Есма Реџепова е наградена за национален уметник. Легендарната српска актерка Сека Сабљиќ доби награда за особен придонес во македонскиот филм.
"Пет години се бориме со индиската сапуница 'Малечката невеста' и сличните на неа. Ќе постоиме додека Каролина снима албуми, а "Металург" освојува титули", рече одговорниот уредник на "Бекстејџ", Александар Блажевски.

http://www.vest.mk/?ItemID=35B19A5C228AD24C9364128A1741785F
 
Конструкција на реченица - неписменост тотална....нормално предзнак АЛАРМАНТНО:....и наместо „Скопјани над 100 дена годишно дишат неквалитетен воздух“ - играње к***т со сопствениот јазик....ама не би биле Шител, да е поинаку...

http://sitel.com.mk/mk/alarmantno-skopjani-godishno-dishat-nad-100-dena-nekvaliteten-vozduh
 
Непроверени информации без ниеден медиум дополнително да се корегира или да ги проанализира изјавите и информациите. Посебно вакви појави се приметуваат кога се пренесуваат статистички информации или општо економски теми.

Оваа анализа е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана одМетаморфозис. Анализата e овозможенaсo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на анализата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
Анализа на Жарко Трајаноски, м-р по човекови права
(Не)етичко новинарство: Математички утки и статистички манипулации
 
Туркиш Ерлајнс лета веќе четири пати дневно до Истанбул- секој ден по два пати.

:pos:
Но чекајте, во специјалниот пакет - згрешени дестинации, непостоечки линии, фрекфенции погодувани на жими мајка и прекари на авионски компании !
http://ekonomski.mk/2013/06/20/за-каде-се-има-авионски-летови-од-макед/
Велат од секое дрво не бива шупелка, ама овие македонскиве новинари све шупелка до шупелка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom