Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Суперспорт не беше на Панче?
 
Ја не сум у тек па ако е така ко што велиш тогаш јасно ми е од каде смрди.
 
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=22801#.Ug5J322yG88

Местото „Ареа 51“ за средба со вонземјани навистина постоело!
По симнувањето на ознаката за тајност, американската разузнавачка тајна служба ЦИА потврдила дека постоела тајната база „Ареа 51“ за која со децении се претпоставуваше и говореше дека американската војска имала контакт со вселенски летала
16082013145400_roswell_vanzemaljc_503125S1.jpg

Националниот безбедносен архив на Универзитетот Џорџ Вашингтон го добил на увид извештајот на ЦИА за програмата за развој на шпионско летало У-2, кое поминало во тајната база „Ареа 51“
Во извештајот на 400 страници детално е објаснетата програмата У-2, а било претставено и мапата на тајната база, која е сместена на североисточниот раб на големиот воен полигон во Невада. Базата била наречена „Рајски ранч“.
Во сега достапните документи не се споменуваат средби со марсовци и со нивните летала. Некои делови од извештајот биле цензурирани и не се достапни за јавноста.
 
Чудно ве гледам сите тука... Јас кога прочитав дека некоја наша битна естрадна момичка во слободно време читала квантна физика или нешто атомска и нуклеарна физика беше, се смеев три дена :pos: Така слатко не сум се изнасмеала кој знае од кога... А инаку, певаљки, старлети и слично се популарни дека мажите кога ќе видат цицка на насловна страна одма читаат ситни букви да видат која е сопственичката а жените пак да загледаат дал’ се силикони или прави!
И толку треба милион клика ова-она... Старите викаат „пусто око“.
Тоа е се дел од шаренилото на нет-от и тоа не може да се смени; но можат да се укинат дебилни емисии од типот на Фарма или не знам како викаше другото со наметнување на цел систем дебилни вредности што младите со леснотија го усвојуваат.
Ме нервираат лаги и индивидуални мислења кои се пласираат како општоприфатена вистина!
Ме нервираат потенцирања на религиозни, национални и хомофобочни случки кои несвесно ги продлабочуваат јазовите!
Ме нервира неквалитетна музика и отсуство за нормални музички емисии!
Ме нервира недостаток на филмови и преплавеност на плачливи серии! (наместо да направат термин crytime од 17:00-20:00 и да не поштедат после)
Ме нервираат емисии од типот на Ексклузив или Тротоар што многу прецизно ме известуваат за шлицот на некојаси водителка....
Тука ќе застанам...
 
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=23479

ФОТО: Цел свет во шок: Малечката невеста во бикини!
Пратјуша Банерџи, актерката која ја глуми Ананди, се сликала во базен со бикини, и сликите ги поставила на Фејсбук


Ovie barem ne bea vakvi ...
 
Добро до кога вака со овие wannabe "медиуми" ?

Зарем нема закони во врска со постирањето на вакви работи, мора ова некако да се преземе некој решенија и кој се овие што ги постират овие работи.
Факт е дека на интернет секој може да отворе страна и да си глуме медиум но цабе е кога се нема професионалност.
 
Да ми е да знам зошто оној дебилен портал mkd-news содржи „news“ во името. Случајно кликнав на некој линк на Фејсбук со ретардиран наслов бидејќи од време на време имам мазохистички нагони и сакам да видам што хипи популацијата овој пат дефинирала како извор на сите зла. Доколку досега никој не ве предупредил, да знаете дека овој пат флуорот се користи за следново
Вистинската причина е дека флуорирањето на водата, има за цел да го редуцира отпорот на луѓето на масовна доминација и контрола на недостатокот на реакција од губењето на слободата.
На банерот им стои „real investigative journalism“ а на фан страната на Фејсбук храбро изјавиле
Од нас вистината тешко се крие !!! JOURNALIST UNITED CAN SAVE THE TRUTH
Кликнав пар пути да видам од што им се состои, пред сѐ, новинарството, а и истражувачкиот дел ме заинтересира исто така. Истражувањето им се сведува на random ужасно преведена статија од сајтовите за заговори (претпоставувам дека „новинарот“ кој се занимава со истражување изгледа отприлика како персоната на приложената слика).
tinfoil_hat_antenna.jpg

Но, тажниот дел не е што постојат вакви сајтови (Боже мој, демократија, нели, секој може да ја удри главата два-три пати од тастатура и да го објави своето ремек дело), туку мизеријата се состои во тоа што ваквите сајтови се најпосетени.
103,439 people like this. Само напред, интелектуалци!
 
Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски домаќин на самитот на Г-20 во Санкт Петербург, Владимир Путин разговарале околу дваесет минути, но и натаму се разијдуваат во ставовите по сириското прашање, изјави високиот советник на рускито претседател за надворешна политика, Јуриј Ушаков.
obama-i-putin-razgovarale-za-sirija-bez-promeni-vo-stavovite-148605.jpg

„Разговараа во четири очи околу дваесетина минути", изјавил Ушаков за Reuters, додавајќи дека главната тема на нивниот разговор била Сирија. На новинарско прашање дали нивните ставови се приближиле, тој одговорил негативно.
Кинеската државна агенција Синхуа пренесува дека кинескиот претседател Си Џинпинг во петокот на својот американски колега Обама му порачал дека кризата во сирија треба да се реши преку политички пат, а не со воен удар. „Политичкото решение е единствен вистински пат за решавање на кинеската криза, а со воен напад не може од коренот да се реши тој проблем", изјави Си по разговорот со Обама, воден исто така на маргините од самитот на Г-20. „Очекуваме дека некои земји ќе размислат пред да биде преземена акцијата", рекол кинескиот претседател.
Обама во Санкт Петербург во четири очи разговарал и со францускиот претседател Барак Обама кому му истакнал дека особено ја цени неговата силна поддршка за „ограничена воена акција против сирискиот режим".

Овој шо го пишувал текстов, пијан или надуван бил кога пишувал ?:pos:
--- надополнето: 6 септември 2013 во 17:21 ---
Извор кајгана :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom