Трема и нејзино совладување

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
па како и секој нормален човек имам трема... ( сите имаат трема но некои маат мноогу малце па викаат дека намаат воопшто) и да се разбира трема мемам секаде но кога ќе треба да зборувам пред 30 или повеќе луѓе имам трема првите 5 минути.. после се опуштам и немам гајле( и ако ми се тресат рацете ) :pipi:
 
јас имам многу трема поготово кога станува збор за јавно претставување т.е дебатирање, од таа моја трема никогаш се немам вклучено во некакви организациии а секогаш сум имала желба и нормално таа трема секогаш ме сопнувала и кога сум требала усмено да полагам испит дури до таа мера што сум паднала а сум имала научено, а колку пати сум имала научено за 10 на пример и никогаш не сум барала дополнително усмено испрашување само заради таа трема и многу други важни работи испуштив од рака само од терма ... денес помлаку ме мачи но сеуште преставува пречка и ме обесхрабрува во повеќето работи!

затоа никгоаш не би можела да бидам професор или некој пратеник со самата помисла на народот, на толпата пред мене која гледа и нестрпливо чека да зборам, јас онемувам! страшно!
 
Најголема трема настапува кога треба да се упознаеш со родителите на девојчето(ако треба) :vozbud::drk::vozbud:
 
Како минува времето, се повеќе имам самобоверба и тремата во разни ситуации се намалува. Порано бев многу срамежлива, всушност само изгледаше така. Бев повлечена и избегнував да зборувам со многу луѓе, евентуално со блиските и другарките од училиште. Имав трема при секое јавување на телефон, дали добро ќе кажам се, да не се збунам и разни смешни случки. Сега веќе сум поопуштена, трема имам се помалку и помалку и сум повеќе храбра да земам некои работи во свои раце, не плашејки се како ќе го направам тоа.
 
па кога сум била мала,ми направиле операција...да неам срам и трема:pos2:
ама понекогаш за концерти нешо ова она кога ќе треба да пеам имам сосема мала трема,ама одма се губи кога ќе застанам на сцена...така да немам проблем со тоа...како ја совладувам не знам,можам да кажам само дека се опуштам и се чувствувам слободно,не се замарам со тоа дали ќе згрешам нешо или не...
 
ретко ме фаќа трема на состанок испит и слично ама знам дека пред одмор ќе ме фати огромна трема посебно кога ќе треба на плажа да се соблечам по костим за капење пред партнерот некако ми е.... нз неубаво така многу на светло да ме гледа у тело:tapp:
 
Пред тестови немам многу трема освен сега екстерните кога ги правевме.
Ама оваа година требаше да правам презентација пред луѓето од USAID веднаш ме фати трема го побркав текстот ама бргу се вратив во нормала и се извлеков некако. Како водителка на патрониот празик баш кога требаше да ја најавам директорката го згрешив акцентот неможев никако да кажам Ви благодарам. Ме фати паника ама пак се бидна добро.

Имам трема,ама многу бргу ја совладувам.
 
а што ако имаш дрил? дали таму таа трема се смета за корисна? зошто срцето побрзо ќе чука и побрзо крв ќе пренесува а баш тоа е потребно. Ако има некој што поминал дрил(тест на физичка способност за МВР,АРМ, итн...) нека пише од тоа искуство.
 
Ехххх таа трема........као помал сум имал мноогу,посебно коа тренирав фудбал,тоа пред секоја утакмица нозе ми се треселе,страв у коски,да не згрешам нешо,
ради таа трема не ме земаа за репрезентација,на тренинзи опуштен сум бранел ко ненормален не можеле гол да ми дадат,и коа дое таа утакмица,кога ме гледаа и селектор и сите,од трема испогрешив и ништо:kesa:

али сеа па ич неам,за ништо.........скроз сум опуштен:helou:
 
Се наоѓам во луѓето што помислуваат да се откажат од нешто ради трема!:toe:
Голема тремаџика сум,ама тремата се совладува со тек на време,најтешко е првиот пат ама веќе кога ќе се направи по втор,се е поразлично(барем за мене):pipi:Кога ми беше првиот концерт од играорна знам дека срцето си го чувствував дека ми е во петици и многу ми беше страв за тоа што како ќе излезе!Кога веќе излеговме по некоја минута на сцената во себе си реков-леле веќе почнал настапот!:pos2:
Не ни бев свесна што се случува околу мене ама се добро помина!:pipi:
А за совладување,мислам дека нема лек,тоа е тоа!
 
МА имам трема и тоа понекогаш огромна и дури претерана.Кога треба да дебатирам нешто или да презентирам нешто пред многу народ тогаш немам воопшто трема и тоа ми е многу чудно.Ама најчесто трема имам пред некои важни тестови, понекогаш од порано се случуваше ако не ја смирам тремата ке се онесвестам затоа што ми беше во огромна мера.Сега со текот на времето успејав полека да ја спласнам до определен степен.Секогаш кога имам трема ми е потребно да се тргнам неколку минути настрана да бидам сама и така да ја совладам да се успокојам и да продолжам понатака.
 
Чуден сум со вакви работи.
Трема на дебитанскиот настам во Ракомет на (кадетската лига) на почетокот (5мин) имав трема ама не многу онака малку. Во другите натпревари исто така сум немал трема, но од друга страна кога се сретнавме со Металург имав стварно да не речам многу трема али пак имав, незнам зошто така некогаш имам некогаш не.

Далеку од спортот, имам треба да одам на испитување и разни такви школски работи. Запознавање така немам трема имам повеке срам. :)
Милсам дека во сите можни ситуации почнувам да ја совладувам тремата некако си верувам во себе иаку неможам јас упорен и шознам понатака не се опишува ... :)
 
dali moze nekako da se spreci tresenje na race i slina tahikardija koi se javuvaat kako rezultat na silna trema na pr. pri javni govori,nastani koi odat do golema mera
 
Одамна ја совладав тремата, фрлајќи све у канта. Баш пред некој месец имав трема кога ме викаа у скопје на интервју за работа, у 3 фирми отидов, у првата имав трема, зашто кога влегов у тоа студио, се осетив некако како да не припаѓам тамо, зашто пред тоа работев у помали фирми. И така интервјуто ми помина у трема, после една недела ме викнаа пак од друга фирма, на патот накај Скопје фрлив све у “канта“, си реков дека ке бидам она што сум ни помалце ни повеќе, и гордоста и амбициите, и уствари трема е страв, затоа го фрлив и стравот у канта.
Интервјуто ми помина супер, со смеа и јас и Арт Директорот... и ми кажа дека некој ден ке ми се јави за работа (жими кур). Битно ја победив трематааааа... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom