Marinka
~petit etoile dans mon coeur~
- Член од
- 7 март 2007
- Мислења
- 590
- Поени од реакции
- 2
Да, точно дека тремата се совладува со текот на времето и искуството. Јас попрво би рекла дека се совладува бидејќи учиме од сопствените грешки. Откако ќе пропуштиме и изгубиме многу работи ќе може да почнеме да размислуваме како да ја совладаме тремата.
Имав голема трема кога требаше да полагам приемен на факултет. Мислев дека се изгубив и заборавив дури и како се викам кога ја видов таа толпа. Ама си реков мораш да го направиш ова, сконцентрирај се и победи ја тремата. Седнав изброив до 10, вдишав длабоко и толку. Мислам дека финтата беше во тоа што се исклучив од се и потоа ми беше лесно.
Се е до нас, односно јас мислам дека психата и потсвеста имаат голема улога општо за се.
Баш така. Уште фали добро спиње, по некој добар збор од личност која ти значи многу и малку повеќе доверба во себе и никој неможе да ми застане на патот.