Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Друго не фрлајте бадиела големи пари по спортски часовници за кој реално немате потреба има апликации со GPS што ви е сосем доволно.
Ова како да речеш земи телефон од 2000ден не ти треба самсунг или слично, или земи Форд Ескорт од 95та што ќе ти пасат од 2015та. Се работи за функции, комодитет, мода, инспирација, мотивација и слично. Пример јас пливам и на отворено и гледам статистика брзина, далечина, нема ваљда со телефонот да пливам. Возам точак има интегрирани Страва сегменти и нотификации во реално време и други детали. Правиш тренинг планови или симнуваш веќе готови ги ставаш во саатот и следиш во реално време, со Гарминот ти одат бесплатно, ГПС апликациите за телефон овие опции ги наплаќаат, Страва е 60$ годишно, другите слично.
 
За пливање Гармин саат е топ, си го лоадираш тренингот и си го гледаш на саатот што ти следи, #вомоевреме тренингот го пишувавме со пенкало на стикери, па од водата избледило, хаос :pos:
 
не брат не сум заинтересиран за овој модел. Многу пари се за аматерско/рекреативно трчање.
Од модели што ги гледав 245, вивоактив 3, 645 и 735 сите овие се "пристојни" цени до кај 350€ да се купат (цените се во шведска). Повеќе од тоа стварно не ми се даваат. Али фала на инфо. Прашав да не има некој од нас поупатен зашто на редит се препуцаваат дали ќе имало надградба или не. Едни викаат дека треба да има зашто моделиве што ги пишав веке биле по две години стари, други викаат нема да има зашто сега брзо извадиле модели со музика од нив.

Forerunner серијата доби апдејт пред некој 3-4 месеци нешо така, мислам дека у скоро време нема да има таму нешто ново па ако си зацртал да земеш саат зимај сега, инаку ќе чекаш 2 години за новите модели.
Ако си за нешто поефтино земи 245, дури и 45ката ти е супер за трчање.
Ако сакаш музика имаше мислам 245 со музика.
Јас фукнав побааги пари за Феник 5 (сафир) ... не се каам ни малку, дури сум среќен што донесов таква одлука.

Што и да одлучиш нема да погрешиш со Гармин или Сунто :)
 
Ова како да речеш земи телефон од 2000ден не ти треба самсунг или слично, или земи Форд Ескорт од 95та што ќе ти пасат од 2015та. Се работи за функции, комодитет, мода, инспирација, мотивација и слично. Пример јас пливам и на отворено и гледам статистика брзина, далечина, нема ваљда со телефонот да пливам. Возам точак има интегрирани Страва сегменти и нотификации во реално време и други детали. Правиш тренинг планови или симнуваш веќе готови ги ставаш во саатот и следиш во реално време, со Гарминот ти одат бесплатно, ГПС апликациите за телефон овие опции ги наплаќаат, Страва е 60$ годишно, другите слично.
Не сме се разбрале точно или некаде нешто сум испуштил во реченицата или можда не? Убаво пишува за кој реално немате потреба. Ако трчаш од забава/рекреативно (Ок добро сите трчаме од забава и сме рекреативци без филозофија) и не се замараш со премногу тренинзи него едноставно за себе и ништо друго освен тоа не правиш немаш потреба од прескапа опрема часовници, тренинг програми., не знам Пегасус што коштаат јаче од пола плата. Али доколку се бавиш озбилно со атлетика, триатлон итн тогаш е итекако потреба да го имаш. Ова ти го кажувам како млад човек што тренира од 8до10 пати неделно. Гармин сум користел за битни трки или кога знам дека сум 120% спремен само за да имам евиденција на ритамот. Да не навлегувам колку може психолошки да делува тресењето на секој километар/круг поготово кога доага делот каде губиш сила и пејсот опаѓа. За тренинг програм не може никој али апсолутно никој да ме убеди дека некоја програма може да замени тренер што ќе ти ја следи и прати формата константно, ок и Гарминот го прави истото али дали гарминот ќе те научи како се прави техника? Дали Гарминот ќе ти даде добар совет и разговор кога ти е потребно и ќе те следи како се движиш каде грешиш каде напредуваш што да подобриш од естетска база. Нема! Поентата на се ова е да не се фрлаат пари на прескапа опрема што реално ништо нема да ти смени ако трчаш 5.20 пејс со дауншифтер , раналдеј или со пегасус35 ти е исто дали ќе те информира гарминот или апликацијата на телефон пак е исто Понатаму верен на стоперицата :D
 
За пливање Гармин саат е топ, си го лоадираш тренингот и си го гледаш на саатот што ти следи, #вомоевреме тренингот го пишувавме со пенкало на стикери, па од водата избледило, хаос :pos:
вери фани :) успеа да истролаш. Па никој не ти стави сосила гармин на рака, сакаш тренирај структуирано, по осет, со тренер, со саат - твоја работа.
 
Кој трола бе ало, професионално пливав 15 години, каде каде ти е олеснет тренингот денес ако имаш Гармин.
 
Не сме се разбрале точно или некаде нешто сум испуштил во реченицата или можда не? Убаво пишува за кој реално немате потреба. Ако трчаш од забава/рекреативно (Ок добро сите трчаме од забава и сме рекреативци без филозофија) и не се замараш со премногу тренинзи него едноставно за себе и ништо друго освен тоа не правиш немаш потреба од прескапа опрема часовници, тренинг програми., не знам Пегасус што коштаат јаче од пола плата. Али доколку се бавиш озбилно со атлетика, триатлон итн тогаш е итекако потреба да го имаш. Ова ти го кажувам како млад човек што тренира од 8до10 пати неделно. Гармин сум користел за битни трки или кога знам дека сум 120% спремен само за да имам евиденција на ритамот. Да не навлегувам колку може психолошки да делува тресењето на секој километар/круг поготово кога доага делот каде губиш сила и пејсот опаѓа. За тренинг програм не може никој али апсолутно никој да ме убеди дека некоја програма може да замени тренер што ќе ти ја следи и прати формата константно, ок и Гарминот го прави истото али дали гарминот ќе те научи како се прави техника? Дали Гарминот ќе ти даде добар совет и разговор кога ти е потребно и ќе те следи како се движиш каде грешиш каде напредуваш што да подобриш од естетска база. Нема! Поентата на се ова е да не се фрлаат пари на прескапа опрема што реално ништо нема да ти смени ако трчаш 5.20 пејс со дауншифтер , раналдеј или со пегасус35 ти е исто дали ќе те информира гарминот или апликацијата на телефон пак е исто Понатаму верен на стоперицата :D
Кажав веќе во два поста, сега и трет пат, Гарминот не те прави побрз и не е неопходен за аматерско тренирање атлетика. Но според мене е интерсна алатка што ми дава одредена контрола, нотификација за прогрес итн. Исто се согласувам дека саатот не е замена за тренер, особено за почетници, не знам зошто дебатава ја извртуваш во друга насока. Само за евиденција на ритамот што спомна дека си користек гармин (gps и heart rate monitor) не ти треба гармин имаш Xiaomi за 50$. Тоа тресење што го спомнуваш на секој км, може да се исклучи. Саатот можеш да го гледаш и доста ретко во текот на тренинг/трка, а мене психолошки баш подобро би влијае саатот на пример гледајки го пулсот знам дали имам резерви или не. Инаку друже пари секој троши каде сака и може еве за мене 300-400еур на секои 5години за добар гармин ќе дадам со мерак, а не би дал 1500еур за 7 дена у турција на одмор.
Автоматски споено мислење:

Кој трола бе ало, професионално пливав 15 години, каде каде ти е олеснет тренингот денес ако имаш Гармин.
ок извини не сум те разбрал :(
 
Денес Битола се одржа првата трка на 5км и 10км, пријатно сум изненаден од организацијата ко за прв пат, доста богати стартни пакети за разлика од другите трки кај што сум трчал. Стазата идеална за лични рекорди со оглед на то шо се трчаше 3км на блага удолница по круг значи вкупно 6км. Се надевам ќе прерасни во традиција. :)

Женска конкуренција:
1. Теодора Симович 34:50
2. Андријана Поп Арсова 37:29
3. Билјана Кираџиева 38:20

Машка конкуренција:
1. Кокан Ајановски 33:45
2. Атанас Анцевски 34:25
3. Димитар Петровски 34:29
 
На Трчај БЕ имало некоја ретардирана битолчанка им урлала на сите дека биле луѓе без работа :pos: со какви австралопитекуси сме полни мајко мила :(
 
штета, не ја приметив :D
 
Исто така вчера и денес се одржа младински куп на Македонија во Скопје Малку е тажно кога ќе се види колку малку деца на возраст од 2000 па натака се бават со кралицата на спортовите ...

Исто така имате на 21 нешто ново во Скопје NIKE ТРКА на 10км без котизација само е потребно име и презиме да се испрати на нивната страница. Додека пак на 22 ри во градски парк има хуманитарна штафетна трка подај рака која чини симболични 200 денари,можете да се пријавите на смарт рејс страната. Се трча 4х1000м
 
Последно уредено:
знае ли некој што стана со Бизнис ран годинава, го најавија и ставија и датум 29.Сеп, ама не отворија линк за пријавување. Лани памтам месец и пол претходно имаа отворено пријавување.
 
Има евент
 
Има евент на ФБ, ама нема линк за пријава и стои веќе еден месец „Пријавувањето ќе биде отворено наскоро.“ Ако почекаат уште малку никој ќе нема време да се пријави.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom