Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Уште една од традиционалните теми на форумов...
Секоја година, овој период се водат дебати за тоа што да се слави: Св. Валентајн или св. Трифун. Често кај нас се водат според заблудата дека Трифун е ден на пијаниците, иако е тоа далеку од вистината, на св. Трифун се кројат лозјата, ден кој се верува дека ќе им помогне на лозарите да имаат бериќетна година. Од друга страна го имаме католичкиот Валентајн или попопуларно Денот за заљубените, ден кој паровите си го потсетуваат еден на друг, ден во чест на светецот Валентин кој тајно венчавал парови и покрај забраната за истото. Тие што не го сакаат Валентајн велат дека е искомерцијализиран празник, кој е наменет за трошење пари, а тие што го сакаат мислат дека е фино да се прослави. Од друга страна во православието има и ден за прослава на љубовта - 30 септември - св. Софија - Вера, Љубов, Надеж.
Каков е вашиот став и што славите секоја година или зависи од вашиот љубовен статус што ќе славите? Или секоја година славите исто?
Не мора да се повторувам непримерни постови и досетки резултираат со санкции...

...Прибидејќи Трифун не бил баш празник на пијаници, а Валентин реално е празник на продажбата на плишани мечиња, цвеќе и слично...