Kostic
Sadio smokve oko Tadz Mahala
- Член од
- 31 јули 2009
- Мислења
- 9.856
- Поени од реакции
- 5.612

Tottenham v Chelsea
Сабота 17.04. 18:30h
Стадион:White Hart Lane
Втор од двата големи дуели во премиер лигата овој викенд,Тотенхем против Челзи,покрај оној на Сити Граунд,Манчестер Сити против Манчестер Јунајтед.Па што да кажеме,исто како и дуелот Сити - Јунајтед и овој дуел ќе биде живци кинење.Двата дуела се со еднаква тежина.Тотенхем го пречекува Челзи со победа во последниот дуел против Арсенал со 2-1,додека пак Сините од Стемфорд Бриџ гостуваат на Уајт Харт Лејн со последна победа од 1-0 против Болтон.
Овој дуел е од исклучителна важност и за двете екипи.Тотенхем се бори за влез во Европа преку лигата на шампионите,а Челзи се бори за премиерлигашка титула.Овогодинешните резултати на Челзи со големите екипи од големата четворка беа 100-отстотен учинок односно 2 победи против Јунајтед,2 против Арсенал,една против Ливерпул.На првиот меч помеѓу Спарси и Челзи резултатот беше 3-0 за Сините.
Последни 5 меча на Тотенхем во ПЛ:
Тотенхем 2-1 Арсенал
Сандерленд 3-1 Тотенхем
Тотенхем 2-0 Порцмут
Стоук 0-2 Тотенхем
Тотенхем 3-1 Блекбурн
Последните 5 меча на Челзи во ПЛ:
Челзи 1-0 Болтон
Ман.Јунајтед 1-2 Челзи
Челзи 7-1 Астон Вила
Порцмут 0-5 Челзи
Блекбурн 1-1 Челзи
Нека победи подобриот лондонски тим!!! :tv: