TotalTV Македониjа Сателитска DVB-S телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
Fox movies има македонски титл или не?
Сега за сега нема македонски титл, само српски, но наскоро може ќе пуштат како и на FOX LIFE и FOX CRIME. :)



P.S Конечно им текна на Сител и Сител 3 да стават телетекст и сега почна да има EPG на Сител и Сител 3. :)
 
Доколку се задоцни со плаќањето на сметка колку толерираат Тотал ТВ или веднаш исклучуваат ?
 
Доколку се задоцни со плаќањето на сметка колку толерираат Тотал ТВ или веднаш исклучуваат ?
Два месеци толерираат, односно вториот месец те опоменуваат со порака на цел екран, ти кажувам од лично искуство, а тоа беше поради тоа што кога го земав тотал тв два месеца не ми дојде сметка и на екранот на секои десет минути ми пишуваше дека ќе ми го исклучат, и после уплатив на обична пп10 уплатница и тоа ми се изгуби.
 
Дали може некој да ми каже дека сум нов корисник на Total TV како можам да ја зголемам сликата на HBO Comedy,или кај сите е иста?:)
 
Дали може некој да ми каже дека сум нов корисник на Total TV како можам да ја зголемам сликата на HBO Comedy,или кај сите е иста?:)
Мислам дека може, ама не знам кај се иде. Иначе го имаш HBO пакетот? Како го активира?


P.S. Да ве прашам сите како ги плаќате сметките, дали секој месец ви доаѓаат или како мене на два месеца?
 
Како да го зголемам ако може да ми кажете не се гледа вака филм..а јас сум нов корисник и кога си нов работат сите пакети ;)
 
Дали е можно:
Јас имам антена со DiseqC мотор...Они само да ми дадат ресиверот со картицата и да им плаќам месечно онолку колку што си кошта пакетот ?
 
Дали е можно:
Јас имам антена со DiseqC мотор...Они само да ми дадат ресиверот со картицата и да им плаќам месечно онолку колку што си кошта пакетот ?
Па и ја имам така, само ресивер ми дадоа и картица а антената и моторот си беа мои, дилерот само ресиверот ми го монтира. Не е ништо чудно, само ресиверот ќе си го земеш, и ќе му платиш на дилерот што ќе ти го намести ресиверот и што ќе ти ја активира картичката.
--- надополнето: 8 април 2012 во 17:06 ---
Како да го зголемам ако може да ми кажете не се гледа вака филм..а јас сум нов корисник и кога си нов работат сите пакети ;)
А ќе го зголемуваш само за еден месец? :D :D Иначе кој дилер(како се вика?) ти ја местеше опремата?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom