Тоше Проески

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Едноставно не можам да издвојам.Го обожавам,ги обожавам неговите песни.Засекогаш ќе живее со нив....
Деновиве најмногу ја слушам Никој како тебе не бакнува..потоа ќе почнам некоја друга... и така да не можам да издвојам еднаш засекогаш
 
36695D714E2222499A2274864D8EE084.jpg

За нешто повеќе од еден месец, на 25. јануари 2009-та година, на денот кога е роден легендарниот македонски пејач Тоше Проески, ќе се роди и неговиот прв и за жал последен албум наменет за светскиот пазар. CD-то The Hardest Thing во исто време ќе биде објавено во шест земји – Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора, а до лето следната година и во бројни европски земји.

Но, без оглед што Тоше ги одработи сите напорни снимања во Ирска, на Јамајка, во Лондон и Стокхолм, за жал не успеа да стави шлаг на тортата и да одбере обвивка за својот албум наменет за светскиот музички пазар, за кој потроши стотина последни работни часови од својот живот.

65CFDFA0B7A14C4DBCA5FA8127470951.jpg

Со дозвола на Меѓународната фондација која го носи името на Тоше, менаџерката Љиљана Петровиќ и продукцијата Award решија одлуката за избор на каверот за тој албум во потполност да ја препуштат на верната публика и многубројните фанови на Тоше.

Гласот на Тоше секогаш беше пресуден во изборот на обвивка за неговите албуми. За жал не го доживеа излегувањето на најважното CD во кариерата, па решивме гласот на Тоше, во изборот на обвивката, да го отстапиме на неговите фанови и почитувачи на неговото дело, бидејќи благодарение на нив, тој и понатаму преку своите песни живее во стотина илјади домови – вели Љиљана Петровиќ.

2C35D4F0A8F68940BBAD2368AFC790B1.jpg

Предложените идејни решенија за обвивка за албумот од среда, 10. декември во 10 часот ќе бидат ексклузивно објавени на по еден одбран портал во неколку земји, во кои Тоше ги полнеше концертните простори. Честа македонските фанови да го изберат идејното решение ја имаат посетителите на MMM.com.mk. Во Хрватска тоа им е овозможено на читателите на еден од највлијателните тамошни портали – Index.hr, додека во Словенија таа чест им припаѓа на посетителите на Siol.net и Planet.si. Во Босна и Херцеговина изборот падна на web-порталот Sarajevo-x.com, а во Србија ќе гласаат посетителите на Svetplus.com.

608A7231C4682A4B9CAC9630B6F73A23.jpg

Читателите на порталите, верната публика на Тоше и неговите многубројни фанови, ексклузивно ќе можат да ги видат сите четири предложени идејни решенија, од кои едно ќе биде избрано за обвивка на последниот албум на Тоше. Својот глас за еден од предлозите ќе можете да го дадете на нашата анкета, а подолу во текстот, во делот предвиден за коментарите, ќе можете да оставите своето размислување, пофалба и критика.

Кога ќе се збројат гласовите од сите портали, ќе падне одлука која обвивка на 25-ти декември ќе замине на печатење.

8B11C33FA2E9E547A8226FBD9BA8F5D5.jpg

Сигурна сум дека на Тоше идејата неговата публика активно да учествува во создавањето на неговиот албум, многу би му се допаднала. Одбраниот кавер на накој начин ќе претставува подарок од неговата публика за неговиот 28-ми роденден, кој би го прославил на 25-ти јануари.

Тој ден, албумот The Hardest Thing ќе се најде на пазарот во шестте земји од регионот, а во поголемите градови во Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија ќе осамнат 500 билборди.

Тоа е подарок за споменот на Тоше од сите нас, кои ја имавме честа да соработуваме со него
– кажа Љиљана Петровиќ.

Важно: Гласањето е отворено до 20-ти декември 2008-ма!




================================================================

јас гласав за првата слика, некако ми е најубава:cry:
 
гласав за втората :) според мене најдобра е :)
 
И јас исто. Прекрасна слика, го доловува моментот и пред и по неговата смрт.
Само буквите треба да се земат од третата слика.
 
65CFDFA0B7A14C4DBCA5FA8127470951.jpg


Најубава слика и гласав за неа!
Една ѕвезда на небото ... :cry:
 
Срце. Мислам дека ќе се избере првата слика:pipi:
 
Гласав за првата иако и втората е прекрасна ама првата е помагична некако
 
Гласав за првата:cry:Сонце бе,какво е мило,најубаво:cry:
 
Сите слики се убави

865411989D2D4B7000E84C9ECBDF773DA834A7.jpg



Инаку и јас гласав за првата, како повеќето овде...

13425683D8DE9D313A394782CF73C27E1C943F.jpg

(некако звездата и небото ја прават сликата посебна)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom