а зошто да неможе да се исклучи потрошувач ако веќе е решено дека и исклучениот плаќа !!
Еуку единствено решение е да се УДРИ против оваа спрега со ЕУ нормативи за штедење енергија кои задолжително бараат мерење на топлина. Е да ги видам кој ќе се нафати тогаш.
Патем, денес имаше на ТВ, еден граѓанин се жали зошто сега е слабо греењето бидејќи е надвор топло, кај него во станот било ладно. Е ова не го оправдувам, неможе спрема еден да се пушта греење, другите треба ли прозори да отвараат ?? Тој може да си догрева со струја. Впрочем, мнозинството луѓе кој не се на топлификација (исклучени, индивидуални куќи...) се уште не почнале да грејат редовно, некој воопшто уште не почнале да грејат, топло било..
..б.т.в. и мене ми студи, ладни се ѕидовите , но тоа е мој проблем...другите дома ме надгласуваат..
Зошто тој граѓанин ( а има уште многу други како него) да се догрева на струја кога секој месец плаќа за парно греење?!? Зошто исклучените да плаќаат за некаков дел (демек ја користат топлината на комшиските ѕидови!) кога ни нивните комшии немаат топлина од парното за кое плаќаат?!? Еве јас како исклучена наутро и навечер пуштам греење кај мене дома а моите комшии чекаат на милост од БЕГ да им ги стопли радијаторите. На кого да му наплатам јас сега за топлината од моите ѕидови, на комшиите или на БЕГ?