Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

и уште ова, мислам дека треба да се состави едно барање до Уставен суд, а сигурно ќе го потпишат 10000-корисници, барем од општина Аеродром, а да се спроведе законот донесен од 1989 за вградување на мерачи, барем таму каде има можност..т.е., во општина Аеродром мнозинството станови имаат спремен приклучок за мерач. Топлификацијата не сакаше да чуе, таа го форсираше системот со поединечни мерачи на секое грејно тело. а кој е скап. треба 50 евра за секое грејно тело. Инаку во самите потстаници се истите тие водомери за топла вода со инструмент кој внесува разлика во температура... така се мери секаде во светот, но изгледа на Топлификација и беше важно да спречи мерење па го измисли скапиот систем
Никаков закон не е донесен 1989 година за вградување на мерачи, Такво нешто не постои, ниту некогаш ќе постои. Системите за затоплување се различни од град до град
Впрочем и стариот начин на мерење нарече „ паушална наплата “ е исто начин на мерење и тоа најмногу користен и најточен начин на мерење на потрошената топлина
Инаку сегашниот начин на мерење не е точен и представува измама и грабеж.
Не се „ лакомите “ по начините на мерење, Секое мерење не е точно и со мерењето се прават најголеми измами. Од кога Топлификација го наметна начинот на мерење „ наречен „ мерење со калориметри “ сметките се поголеми 300%. Зарем тоа не е доволен доказ дека се работи за измама? Зарем мислиш дека претходно Топлификација работеше со загуба?
 
Никаков закон не е донесен 1989 година за вградување на мерачи, Такво нешто не постои, ниту некогаш ќе постои. Системите за затоплување се различни од град до град
Впрочем и стариот начин на мерење нарече „ паушална наплата “ е исто начин на мерење и тоа најмногу користен и најточен начин на мерење на потрошената топлина
Инаку сегашниот начин на мерење не е точен и представува измама и грабеж.
Не се „ лакомите “ по начините на мерење, Секое мерење не е точно и со мерењето се прават најголеми измами. Од кога Топлификација го наметна начинот на мерење „ наречен „ мерење со калориметри “ сметките се поголеми 300%. Зарем тоа не е доволен доказ дека се работи за измама? Зарем мислиш дека претходно Топлификација работеше со загуба?

sega ima merenje po potstanica.. a porano beše po m2... jal ne jal 3 i pol...imaše luge što imaa vrski, pušteno greenjeto do maksimum, so kratki rukaci sedat doma i so otvoreni prozori... a kaj mnogumina sediš so kebe pokrien i treseš klinci
Se razbira deka najdobro e otkažuvanje, ama eve sega ustaven sud i toa može ke go ukine...
 
sega ima merenje po potstanica.. a porano beše po m2... jal ne jal 3 i pol...imaše luge što imaa vrski, pušteno greenjeto do maksimum, so kratki rukaci sedat doma i so otvoreni prozori... a kaj mnogumina sediš so kebe pokrien i treseš klinci
Se razbira deka najdobro e otkažuvanje, ama eve sega ustaven sud i toa može ke go ukine...

Сега сите кои се корисници на Топлификација „ тресат клинци “ и тоа дебело го плаќаат. Топлификација треба секоја година да собере преку 20 милиона евра за отплата на ТЕ - ТО. ТЕ - ТО не работи, ниту има некави шанси да проработи. Затоа наивните ќе плаќаат 300% повеќе од колку што стварно чини парното. Реална цена на парното е максимум околу 25 денари месечно за квадрат. Значи за стан од 60 квадрати реално е помалку од 1500 денари. А прашај ги колку плаќаат тие.
Јас постојано ги предупредувам - Исклучете, спасете се од измамата и грабежот.
Но има една народна поговорка која вели: На човек можеш да му земеш, а не можеш да му дадеш.
 
поентата е дали треба согласност од комшиите да се исклучиш... ако треба, пиши пропало, едино продавај станот и оди у село у куќа :D .. ако не треба согласност, еден по еден ќе се исклучуваат станарите и на крај цела зграда.. Инаку се сеќавам пред 30 години мислам беше, во Тафталиџе индивидуални куќи не им дозволуваа да се одкажат од Топлификација, демек Топлификација го градела далекуводниот систем ... сега има друга работа, општина Аеродром наметнува за технички прием задолжително 15 дена пробно централно греење, на сметка на инвеститорот на зградата, а со што се врши своевиден притисок на станарите.
Но има и ЕУ регулативи, еве како е во Р Хрватска..
http://www.zapadstan.hr/ugradnja-razdjelnika-zakonski-obavezna.htmlедино они се во предност каде има градски плин па таму ја набркаа топланата, а има и ЕУРО директива против монополи, за конкурентност. Впрочем ако градскиот плин е скап може да не го користиш за греење, само за готвење, кај плинот нема огромни паушални трошкови
 
Денес ми пристигна ПОСЛЕДНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ПРЕД ТУЖЕЊЕ од БЕГ на кое стои архивски број 2013 (само година) кој всушнот и мислам дека не е никаков архивски број, нема потпис туку само печат од БЕГ. Во него стои ’’ПРЕДЛОГ за донесување на решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа’’
Дали некој може да каже нешто за овој ’’документ’’ треба ли да се даде приговор до нотар или е повторно заплашување.
Во тој ’’документ ме третираат како ’’должник’’ а веке пет години не сум корисник на овие услуги. Знае ли некој до каде е со одлуката на Уставнот суд во врска со овој проблем.Ние сме во општина Карпош па ме интересира дали и во другите општини се испратени вакви известувања.
 
Ако добро го разбрав ова што ти го опиша - дека си добил опомена од БЕГ - тоа е само заплашување.
Вистинска опасност е кога ќе добиеш решение со кое се дозволува извршување врз основ на веродостојна исправа од нотар. Тоа решение обавезни прими го и на тоа решение треба да поднесеш приговор.
Приговорот е до судот преку нотарот. Во прилог имаш урнек приговор, направи копи-пејст, зголеми ги буквите, внеси свои податоци, дотерај го и промени го како сакаш и ќе бидеш подготвен
Инаку од (не)уставниот суд нема никакви вести, Судот од 13 јули до денес заседаваше вкупно само три пати - прво одмара, па се селеа, денес одбраа и нов претседател, да видиме дали сега ќе почнат да заседаваат
Инаку ниту двете жалби, една моја и една од друг, ниту двете иницијативи сеуште не се разгледани, ниту се ставени на дневен ред
 

Attachments

тоа е само како би изгледало ако го пуштат на нотар (мислам или извршител) и кај мене такво дојде и пишува ако не се плати до 20 .11 е тогаш ке иде на извршување , па после он ти прака известување мора лично да го примиш и имаш рок од 8 дена мислам да пуштиш жалба дека не го признаваш и после тоа или се откажуваат или се продожува на суд( вака ми дојде долг од банка преку извршител да си наплатат со некакви квази документии а се е застарено и работата се однесе на суд па чекам рочиште)
а на суд ке се повикуваме на тоа дека немаме договор ,не сакаме услуга , прочитај наназад има добри објаснувања , е сега какви ке бидат пресудите ке видиме
 
Eлена Гошева е избрана за нов Председател на (не) Уставниот суд. Сите медиуми го забележаа овој настан.
Во веста објавена на Канал 5 е даден и коментар на читател кој гласи:

G-ospogo cestitam i se nadevam ke rabotite vo zastita na Ustavot na RM i ke go ispravite krsenjeto na Ustavovot so molcenjeto na odlukata da plakaat za parno i tie sto ne sakaat da gi koristat uslugite na Toplikradacija.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=21486
 
Во Нова Македонија најдов интересен напис:
Во Куманово монтер за системи за парно измамил четири кумановци. Полицијата му поднела кривична пријава:
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=26554
Тоа е тоа...
Ако измамиш четворица си криминалец....
А ако измамиш десетици илјади си менаџер
 
Eлена Гошева е избрана за нов Председател на (не) Уставниот суд. Сите медиуми го забележаа овој настан.
Во веста објавена на Канал 5 е даден и коментар на читател кој гласи:

RISTO



G-ospogo cestitam i se nadevam ke rabotite vo zastita na Ustavot na RM i ke go ispravite krsenjeto na Ustavovot so molcenjeto na odlukata da plakaat za parno i tie sto ne sakaat da gi koristat uslugite na Toplikradacija.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=21486

Абе тие сакаат на мала врата да ја го протнат членот од Правилникот на БЕГ со кој се забранува одкажување без согласност од сите соседи !!!.. а го одби тоа Уставниот во мај кога реши да плаќаат исклучените, ама сега испага не го офилизирал написмено тоа судот па повторно ќе решава... Е сега бидејќи беше на иста седница решавано и за одлуката исклучените да плаќаат, како сега парцијално едното е официјално а за другото пак ќе се решава ??
 
Ретка добра вест е, што топланата во Тафталиџе прекинуе со мазут и продужуе на гас.
Имаше во минатото, на неколку пати поплаки и протести од околните жители заради загадувањето од неа.
 
Ретка добра вест е, што топланата во Тафталиџе прекинуе со мазут и продужуе на гас.
Имаше во минатото, на неколку пати поплаки и протести од околните жители заради загадувањето од неа.
Во бизнис планот им е уште една те-то во тао мало ама со помал капацитет,
И реплика од погоре Те-то
работи ама само во зимските месеци.
 
Во Нова Македонија најдов интересен напис:
Во Куманово монтер за системи за парно измамил четири кумановци. Полицијата му поднела кривична пријава:
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=26554
Тоа е тоа...
Ако измамиш четворица си криминалец....
А ако измамиш десетици илјади си менаџер

Утепај еден тогаш си убиец, утепај милион тогаш си освојувач :facepalm:
 
(не)Уставниот суд ја одби жалбата на Организацијата на потрошувачи околу одредбите исклучените да плаќаат.
Во жалбата Организацијата на потрошувачи го навела и следново:
Во иницијативата се наведува дека во Организацијата на потрошувачи на Македонија биле примени голем број претставки на потрошувачи кои го истакнувале своето незадоволство во однос на нееднаквоста во наплаќањето за услуга која не ја користат, поради што Организацијата ја поднесува иницијативата со предлог Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорените одредби од Правилата.

Елеонора Стојкова, како подносител на иницијативата, наведува дека бидејќи никогаш не биле приклучени на парно греење (само две цевки поминувале во станот и тоа било се), таму не живееле со години и немале потреба од греење и никогаш не добивале сметки за греење кое не го користеле, не го користат и немале намера да го користат, со добивањето на сметки според член 53 ставовите 1 и 2 и член 54 од Правилата за снабдување на топлинска енергија, повредени биле член 8 (заштита на сопственоста) и член 26 (неповредливоста на домот) од Уставот.

Подносителот Никола Павлоски го оспорува член 66 од Правилата, поради тоа што предвидувал недозволено повратно дејство за претходно исклучените корисници, спротивно на член 52 од Уставот, како и наведува дека во целокупниот текст на Правилата бил присутен монополистичкиот дух во корист на снабдувачот со топлинска енергија, што не било во согласност со член 55 од Уставот, кој определувал рамноправност на субјектите на пазарот. Имено, во Правилата се овозможувало едниот субјект (продавачот на топлинска енергија) да стапи во договорен однос со сите други субјекти (купувачи) без оглед на околноста дали купувачите имаат интерес да стапат во деловен однос со тој продавач. Како дополнителна аргументација, подносителот се повикува на одлука на Уставниот суд од 2009 година (без да ја прецизира одлуката), во која Судот утврдил дека:„ Исклучените потрошувачи не треба да плаќаат без оглед на околноста што цевководите поминуваат низ нивните станови за да се снабдат со топлинска енергија становите над нивните.“
Но ништо не помага - (не)Уставниот суд цврсто ја брани Топлификација.
Ако сакате да го прочитате ова решение со број У.Број:197/2012-0-0
На адресата на Судот
http://www.ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf
од лева страна одберете Одлуки и Решенија и на пребарувачот од десна страна отчукајте го бројот на решението 197/2012-0-0
--- надополнето: 6 ноември 2013 во 16:29 ---
На денешната седница (не)Уставниот суд повторно го одложил олучувањето за членот 36 од мрежните правила

На денешната седница се расправало за актот наречен Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија, донесен од Трговското друштво „Дистрибуција на топлина“ во 2012 година. Со членот 36 се предвидува корисниците на топлинска енергија приклучени кај ова трговско друштво да можат да се исклучуваат од топлификациониот систем, ако добијат согласност од мнозинството станари од колективната зграда и во согласност со правилата за користење топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика. Судот, по расправата, заклучи да го одложи одлучувањето за наредната седница со цел да се доутврди фактичката состојба.

http://a1on.mk/wordpress/archives/232783
http://denesen.mk/web/2013/11/06/sednica-na-ustaven-sud-2/
 
а зошто да неможе да се исклучи потрошувач ако веќе е решено дека и исклучениот плаќа !!
Еуку единствено решение е да се УДРИ против оваа спрега со ЕУ нормативи за штедење енергија кои задолжително бараат мерење на топлина. Е да ги видам кој ќе се нафати тогаш.
Патем, денес имаше на ТВ, еден граѓанин се жали зошто сега е слабо греењето бидејќи е надвор топло, кај него во станот било ладно. Е ова не го оправдувам, неможе спрема еден да се пушта греење, другите треба ли прозори да отвараат ?? Тој може да си догрева со струја. Впрочем, мнозинството луѓе кој не се на топлификација (исклучени, индивидуални куќи...) се уште не почнале да грејат редовно, некој воопшто уште не почнале да грејат, топло било..
..б.т.в. и мене ми студи, ладни се ѕидовите , но тоа е мој проблем...другите дома ме надгласуваат..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom