Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Сите знаете дека Регулаторна „ остро “ реагираше зошто БЕГ не започна да затоплува кога температурите беа ниски на пошетоков на октомври. Па во медијумите даваа изјави дека ќе ги казнеле... ќе им ја одземеле лиценцата
Еве што всушноста превземаа лепотаните од регулаторна:
На 9 октомври Регулаторна го објави следново соопштение во кое вети дека ќе го казни БЕГ:
http://erc.org.mk/odluki/2013 10 09 ИЗВЕСТУВАЊЕ.pdf
И таму се вели:
„2. По предупредувањата на Регулаторната комисија за енергетика, АД ЕЛЕМ-Подружница Енергетика Скопје, како и Скопје Север АД Скопје стартуваа со работа и испорачуваат топлинска енергија, додека друштвата за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на групацијата Балкан Енерџи Груп се уште не
започнале со испорака на топлинска енергија до потрошувачите.
3. Регулаторната комисија за енергетика ќе ги превземе сите мерки и активности согласно Законот за енергетика и другите закони со цел на потрошувачите да им се
обезбеди сигурно, безбедно, континуирано и квалитетно снабдување со топлинска енергија. “

Ама ова заканување траеше само еден ден, па на 10.10 - регулаторите - лепотани дадоа ново известување
http://erc.org.mk/odluki/2013.10.10 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТАРТ НА ГС.pdf

Во ова ново известување лепотаните велат:

„Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија врз основа на информациите добиени од групацијата Балкан Енерџи Груп, известува дека грејната сезона 2013/2014 за потрошувачите на топлинска енергија кои се снабдуваат со топлинска енергија од овој систем, ќе започне на 15.10.2013 година. “

Ете ....така заврши казнувањето.....

Сега чинам е....и појке од очигледно....дека (и) Регулаторната си е „изрегулирана„...од т.н. компанија Б.Е.Г.
Поинаку .....тоа е сликовито опишано како...ставање на двете „нозе„ се подразбира на Регулаторната Комисија.....во еден единствен „чевел„.
Па ....сега таа (мора и да) си ЦУПКА...
Во МЕСТО .....разбирасе.:(
--- надополнето: 18 октомври 2013 во 19:32 ---

Незнам што се чудите толку, јасно е дека се остварува перење на пари.
Најдобро човек да си го исклучи парното и да се спаси :)
 
Незнам што се чудите толку, јасно е дека се остварува перење на пари.
Најдобро човек да си го исклучи парното и да се спаси :)
не зезај сега, не ли читаш дека не е така едноставо. дека и покрај тоа што си исклучен, ќе добиваш сметки
 
не зезај сега, не ли читаш дека не е така едноставо. дека и покрај тоа што си исклучен, ќе добиваш сметки
Да, али колку толку си се откачил од нив, па после ќе ги рамниш сметките :)
 
Да, али колку толку си се откачил од нив, па после ќе ги рамниш сметките :)

А дали не е поедноставно вака...
Регулаторна-та Комисија да си го „регулира„ греењето според Законот за Енергетика , а не и според нечиј (Ad Hoc) искажан „список„ на желби!?. :(
 
Порака за исклучените!
Штотуку добив информација дека арамиите од Топлификација - Снабдување исток праќале опомени да им се платат сметките за исклучените за октомври, ноември и декември 2012.
Јас во Центар, не сум добил ваква опомена.
Дали Вие добивте вакви опомени?
 
Едни пријатели, кои живеат во Центар и кои се исклучени од лани, добиле опомена од БЕГ за неплатените сметки за 2013 година. Се мислат дали да си ги платат или да чекаат да ги дадат на извршител.

Инаку, има ли некој што знае како се вршат пресметките за исклучените? Нели станува збор за фиксен надоместок што треба да биде подеднакво поделен за сите корисници? Не ми е јасно како може кај мене да наплаќаат 11,2 денари од квадрат корисна површина, а за иста, потполно иста клон зграда карши нас да наплаќаат 8,5 денари од квадрат. Знае ли некој како се вршат пресметките, по која формула, од што зависи и сл.? Да биде иронијата поголема, во другава зграда има околу 15 исклучени станови, а кај мене само 3. Оди па најди го крајот.
 
1.За Пријателите - нека не плаќаат. БЕГ досега никого не тужел. Последен пат кога бев таму ми рекоа дека можеби во декември или јануари ќе тужат
2. Како се пресметува „ ангажирана моќност “
„ Ангажираната моќност „ се пресметува според тарифниот систем
http://erc.org.mk/odluki/2013.07.11- TARIFEN SISTEM ZA PRODAZBA NA T.E.pdf
За да се определи колку треба ти или некој друг да плати треба да се определи цената која ја нарекуваат тарифниот став за еден KW „ ангажирана моќност “. И количината која ти си ја „ ангажирала “. Со множење на цената и количината се добива колку треба да платиш
Цената на „ ангажираната моќност “, ја утврдува Регулаторната комисија - и тоа нема да го објаснувам
А количината се одредува според член 34 од Тарифниот систем кој гласи:
Ангажирана топлинска моќност
Член 34

(1) Топлинската моќност според која се пресметува надоместокот на топлинска енергија е
ангажираната топлинска моќност Wan (kW).
(2) Ангажираната топлинска моќност на категорија потрошувачи е збир на пресметаните ангажирани
топлински моќности на сите потрошувачи од таа група.
(3) Ангажираната топлинска моќност на мерно место е збир на пресметаните ангажирани топлински
моќности на групите на потрошувачи приклучени на мерното место.
(4) Ангажираната топлинска моќност (Wan) се определува со следење на потрошувачката на енергија
во определен период, на следниот начин:
Wan = W * Epot / Epre

Wan - ангажирана топлинска моќност за разгледуваниот период; [kW]
W - инсталирана топлинска моќност во разгледуваниот период; [kW]
Epot - потрошена топлинска енергија во разгледуваниот период; [kWh]
Epre - пресметана топлинска енергија во разгледуваниот период во (kWh),
пресметана согласно член 36.
[kWh]
......
 
Дали добро разбирам? Ако има повеќе корисници на парно во зградата, тогаш се ангажира поголема моќност, оттаму и поголема потрошена количина, ерго повисока цена по m2 корисна површина.
 
Дали добро разбирам? Ако има повеќе корисници на парно во зградата, тогаш се ангажира поголема моќност, оттаму и поголема потрошена количина, ерго повисока цена по m2 корисна површина.

Не си разбрала добро
„ Ангажирана моќност “ - Плаќаат и исклучените и приклучените и таа не зависи од тоа колку проценти се исклучени. Секој плаќа за себе количина пресметана по формулата
Wan = W * Epot / Epre
 
Utre Ustavniot sud ce gi ocenuva:
2. Член 36, член 37 и член 38 од Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење (“Службен весник на Република Македонија” бр.100/2012), донесени од Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија „Дистрибуција на топлина„ ДООЕЛ-Скопје
Реферат У.бр.95/2013
http://ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf
 
Utre Ustavniot sud ce gi ocenuva:
2. Член 36, член 37 и член 38 од Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење (“Службен весник на Република Македонија” бр.100/2012),донесени од Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија „Дистрибуција на топлина„ ДООЕЛ-Скопје
Реферат У.бр.95/2013
http://ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf

мислам дека беше мај 2013 кога Уставен одлучи дека а медиумите пренесоа дека и исклучените треба да плаќаат, а исто така дека не треба да имаш согласност од соседите за исклучување...Но тоа било само НЕЗВАНИЧНО, немало писмен документ... сега може и да се изврти, да ја внесат и клаузулата за согласност... а каква согласност кога има уште многу згради што немаат ни управител ни куќен совет, неможе да се соберат... башка сигурен сум ако ЦЕЛА зграда реши да се откаже. лоповите ќа најдат 2-тројца да оспорат
--- надополнето: 30 октомври 2013 во 20:29 ---
и уште ова, мислам дека треба да се состави едно барање до Уставен суд, а сигурно ќе го потпишат 10000-корисници, барем од општина Аеродром, а да се спроведе законот донесен од 1989 за вградување на мерачи, барем таму каде има можност..т.е., во општина Аеродром мнозинството станови имаат спремен приклучок за мерач. Топлификацијата не сакаше да чуе, таа го форсираше системот со поединечни мерачи на секое грејно тело. а кој е скап. треба 50 евра за секое грејно тело. Инаку во самите потстаници се истите тие водомери за топла вода со инструмент кој внесува разлика во температура... така се мери секаде во светот, но изгледа на Топлификација и беше важно да спречи мерење па го измисли скапиот систем
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom