Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

а баш вчера добивме известување за пред тужба. сега со ва што го пиша, ........ имам одлука, законско решение со кое НЕМА опасност од тужби и сл? односно и да ме тужи, сега веќе нема лево/десно, него строго на моја страна?

Битно е да не им се плати на измамниците и крадците од Топлификација
А тие опомени пред тужби се само заплашување.
 
Битно е да не им се плати на измамниците и крадците од Топлификација
А тие опомени пред тужби се само заплашување.
чек сега, знам дека не сакаме да им платиме, но прашањето не ми беше за заплашувањето, него дали сега имам законска одлука на која ќе се повикам. заплашувањето е една работа и сеој субјективно реагира на неа, некои од страв ќе платат, јас искрено се мислам (и страв ми е од дополнителните трошоци кои би ми биле 5 пати поголеми од сметките), некои НЕ се плашат и спремни се ако треба да потрошат повеќе само за да ја истераат својата правда.
затоа уште еднаш, дали има законска одлука, решение кое ме чува и брани од потенцијалната тужба???
 
затоа уште еднаш, дали има законска одлука, решение кое ме чува и брани од потенцијалната тужба???
Tакво нешто нема
Топлификација може да тужи и да бара да и се плати
Само немој да заклучиш, подобро ми е да си платам 5-6 илјади одколку да се парничам со Топлификација. Тие се измамници и крадци и на тоа се надеваат
 
ок, значи сега за сега сеуште има шанси да се изеде стапот со камати и други трошци (извршител и сл) :(
 
ок, значи сега за сега сеуште има шанси да се изеде стапот со камати и други трошци (извршител и сл) :(

Нема ништо сигурно.....
Секој од твоите соседи може да те тужи за што сака но тоа не значи дека и ќе успее.
Конкретно за нашиов случај
Во правилата стои дека сме требеле до 01, 10 . 2012 да склучиме договор со Топлификација
Ние не сме склучиле договор со Топлификација
од Нова година наваму нема Топлификација туку БЕГ....
Уставниот суд тврди дека одредбите од член 66 се одредби кој важат само до октомври 2012
Што значат овие одредби не важат за да со БЕГ склучиме договор
Ова ќе биде еден од аргументите со кои ќе се браниме
 
Само што се вратив од кај лоповиве со известувањето за наплата ми викаат утужен сте за месец 5 2005 , а јас се исклучив 2010 . Му викам на тој таму засто не ме известиле ,засто кога се исклучував тој моронот на шалтер ми вика може да се исклучите немате долгови(а и според правилникот тогашен неможеш ако имаш долгови) па сега ке проверувам во суд дали сум на време тужен и дали тужбата е заведена во таа судска книга(прават финти нивни судии ставаат печати со регулар дати, ама ова со книгава немозат да го фалсификуваат (совет од адвокат-правна работа)неам намера да им плакам и ми викаат имаш долг за исклучен ако не го платиш до 1 .7 ке почнеле со тужби , му викам се гледаме на суд тој ми вика преку извршители јас му викам ке се жалам на извршителот и се гледаме во основен скопје.Зачудувачко гужва на луге исклучени кои чекаа да плакаат.Дали им е ова со опомениве апп (ако проџе проџе ) ке видиме ке се бориме со идиотиве до крај
 
Зачудувачко гужва на луге исклучени кои чекаа да плакаат.Дали им е ова со опомениве апп (ако проџе проџе ) ке видиме ке се бориме со идиотиве до крај
Со опомениве е само заплашување...
Моја препорака до исклучените е не плаќајте и пренесете на комшите и пријателите да не плаќаат.
Според моите сознанија веќе е понесена жалба до Уставниот суд. Како што разбрав жалбата ја поднел, нашиот познат Правник Стамен Филипов.
Веќе знаете - поднесени се жалби до Стразбур и Женева.
И јас планирам, во наредните денови да се жалам до Уставен
Ако сакате, можеме да започнеме со протести
Затоа не брзајте - не им ги полнете џеповите на арамиите од Топлификација.
 
ВАЖНО !

СИТЕ ИСКЛУЧЕНИ ОД СИСТЕМОТ ЗА ПАРНО ДА НЕ ПЛАЌААТ НИТУ ЕДНА СМЕТКА И ПОКРАЈ ТУЖБИ И ЗАКАНИ!
Платиш ли една сметка значи самиот се задолжуваш и после ќе ти нема спас .
Балкан Енерџи Груп нема капацитет за да го грее Скопје и најверојатно ќе се откаже од бизнисот. Тој Русинот не им праќа пари а вработените се финансираат само од авансните сметки што ги земаат од граѓаните . Владата ги поддржува нив со закони бидејќи не сака да го земе бизнисот а ако се откаже Русинот ќе мора . Но треба да мисли бидејќи се знае кој гласа на избори ! Башка како што очекувам ако ја поскапат струјата за 5-10 % а фактички треба да ја поевтинат бидејќи цената е околу 50 евра за мегават час во регионот тогаш ни св. ВМРО ни река Радика нема да ги спаси.
Да почекаме на 1 јули кога луѓето одат на одмори и да видиме што ќе се случи со струјата .
 
Кај живееме ние... Малце ни е скап животот па сега и виртуелни сметки уште да плаќаме... Пак да си ги изгласаме нашиве за на не ни се сменат судиите.... Ај лоповиштава од мајката Топлификација и 20-те фирми ќерки ама уставниот кога ќе го „пресече“ ми се плаче од се срце од сознанието во каква вукојебина живеам!
 
Лесно е да се вика НЕ ПЛАЌАЈТЕ ама колку е тоа правно издржано?!
Иницијативата на АМАН пропадна. Регулаторна не го смени Правилникот и според законот исклучените се должни да го плаќаат фиксниот дел. Кога ќе стаса тужбата со кој правен аргумент исклучениот може да се одбрани? Зошто ниту еден адвокат не се нафаќа да застапува исклучен? Ако знаете некој таков кажете да се здружиме со колективна тужба.

ПС. Да не ме разберете погрешно и јас сум од исклучените ама со инаетење и неплаќање не гледам дека нешто може да се постигне освен да се накалемат долгови кои преку извршител присилно ќе се наплатат. Како да не дојде до тоа?
 
Големи се шансите да не им платиме на арамиите од Топлификација. И тоа не е инатење, на наша страна се Уставот и Законот за облигациони односи.
Меѓутоа ако некој не сака да се бори за своите права тоа е друга работа
 
Не се глупирај повеќе зашто испаѓаш смешен . Ти на Топлификација им плаќаш па да те крадат или на Балкан Енерџи Груп . Вработените во овие фирми секогаш ќе бидат исти кој и да го превземе бизнисот , нема да останат без работа . А твоите зимски сметки за струја од 8 000 сега кога ќе ја поскапат и струјата од 1 јули ќе бидат 9000 денари. Толку е твојата интелегенција па некого нарекуваш крадци . Крадец е оној што сака да користи некоја услуга бесплатно како тебе а не Топлификација која од 1 јануари не е оператор во бизнисот со парно .
 
Големи се шансите да не им платиме на арамиите од Топлификација. И тоа не е инатење, на наша страна се Уставот и Законот за облигациони односи.
Меѓутоа ако некој не сака да се бори за своите права тоа е друга работа

Во неколку разговори со правни лица добив одговор дека колективното живеење во стамбени згради повлекува одредени права и обврски. Тука станува збор за користење и плаќање на лифт, за чистачка за ходниците /скалите, за светло/сијалици во ходниците. Тука е и користењето на заедничката подстаница. Поединци може да одбиваат да плаќаат за споменативе работи со изговор дека не ги сакаат тие услуги но законски не се ослободуваат. И поради ова а и поради јасно напишаното (објавено во Сл.Весник) дека исклучените мораат да го плаќаат фиксниот дел ниту еден адвокат несака да застапува исклучен повикувајќи се на Уставот и Законот за облигационо односи. Ако тие одбиваат како јас со истиот аргумент да се појавам на суд?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom