včera zboruvav so eden komšija...toj veli kaj sinmu, vo blizina, vo naselba novo Lisiče pred godina ipol so gi pismo povikuvale stanarite koj ne se isklučeni da dojdat vo Toplifikacija i da potpišat za otkažuvanje.. i nabrgu izlegla Toplifikacija od nivnata zgrada... no sama Toplifikacija počnala da gi povikuva koga ostanale mnogu malku stanari mislam <30% ...
..e sega prašanje e normativot za plaćanje na isklučenite kakov e, po koja formula, kolku se plaća po m2 ako brojot na isklučenite se dobliži do 50% i poveće?
Порано, во правилата, имаше ако се исклучат 70%, а останат 30% и овие 30% сакале - не сакале се исклучуваат. Сега нема такви одредби.
Еве како изгледа моето писмо до Балкан Енерџи и Топлификација со кое јас ним им пратив фактури
..............
.Предмет: Допис, пресметка и фактура
Во Законот за енергетика (Службен весник на Република Македонија број16/2011), членот 115 став 1 алинеа 7, како обврска на операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија е наведено: „ 7) пренесување на топлинската енергија од местата на приклучок на производните постројки до местата на приклучување на потрошувачите на системот (топлинска потстаница), во согласност со мрежните правила за дистрибуција и условите утврдени во лиценцата “. Но, без обзир на оваа одредба од Законот за енергетика Вие праќате фактури до исклучените. Овие Фактури Вие ги праќате врз основа на одредбите од Правилата за снабдување со топлинска енергија број 01 – 1302/1, кои на крајот од јули 2012, ги донесе Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија и кои се применуваат од почетокот на грејната сезона 2012/2013. Во самите Правила не е наведена причината зошто Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија донесе вакви одредби но очигледно е дека со овие одредби на исклучените, меѓу кои сум и јас, им е наметнато да учествуваат во намирување на трошоците за затоплување на приклучените поради тоа што живеат во колективни згради за домување.
И јас добив повеќе вакви фактури. Сите вакви фатури Ви ги вратив и за нив вложив приговори. Вие не одоворивте на ниту еден приговор и сметам дека Qui tacet consentire videtur, но јас имам побарување врз основ тоа што живеам во колективен објакт за домување. Тие мои побарувања се засновани на два факти:
( а ) Ја користитете инсталацијата за затоплување во колективниот објект за домување која е делумно и моја сопственост, која се амортизира и за која сум обврзан да учествувам во намирување на трошоците за одржување.
( б ) Имате материјална корист од фактот што мојот стан е на највисок кат веднаш под рамна тераса. Низ плочата од рамната тераса постојат големи трансмисионите топлотни загуби кои сега јас ги плаќам, а Вие за нив наплатувате од Вашите приклучени корисници на услуги.
За ( а ): Во Вашите фактури е наведено дека од истото мерно место затоплувате вкупна станбена површина од 3516,35 метри квадратни. Цената за изградба на инсталација за централно затплување, во станбени објекти е повеќе од 40 евра по метар квадартен станбена површина. Што значи целата на ова инсталација чини 3516,35 м2 * 40 евра = 140 654 евра. Јас сум идеален сопственик само на еден дел од оваа инсталација пропоционално со површината на станот кој е во моја сопственост и кој има 72 метри квадратни станбена површина. Тој мој дел изнесува: 140 654 * ( 72/3516,35 ) = 2880 евра или 2880 * 61 = 175 680 денари. За користење на овој мој имот барам да ми платите 5% на име годишна амортизација и 5% на име годишни трошоци за одржување. Тие 5% изнесуваат 175 680 * 0,05 = 8784 денари.
За ( б ): Порано Топлификација имаше добри инженери и техничари кои добро ја познаваа техниката на затоплување. Денес се тие во пензија, а за жал некои не се повеќе меѓу нас. Денес има такви кои се убедени дека станови можат да се затоплуваат со „ поминување на цевки “ и со „ топли ѕидови “. Ако некогаш Ве посетат овие стари и добри инженери и техничари можете да се распрашате и тие ќе Ви кажат дека станови не можат да се затоплуваат со „ поминување на цевки “ и со „ топли ѕидови “. Впрочем во моите приговори веќе наведов дека во мојот стан нема „ поминување на цевки “, а нема ниту „ топли ѕидови “. Но овие стари и добри инженери и техничари исто ќе Ви кажат дека становите кој се наоѓаат на најгорниот кат, каков што е мојот, имаат огромни трансмисиони загуби на топлина кон покривот.Трошоците за овие трансмисиони загуби само јас ги плаќам во целост, но Вие од тоа имате корист, бидејќи ако јас не ги плаќам трошоци ќе требаше Вие да ги платите. Тие трансмисиони загуби се пресметуваат вака:
Q = K *( tv – tn) *SD
tv e температура на внатрешноста = 26 С
tn е просечна надворешна сезонска температура и таа во Скопје изнесува + 6 С
SD е време на затоплуване во една сезона и тоа во Скопје изнесува 176 дена или ако се пресмета во секунди изнесува 176 дена * 24 часа * 3600 секунди = 15 206 400 секунди
К - е коефициент на премин на топлината и се мери во W/(m2*K)
За бетонска касетирана таваница каква што има во мојата зграда К = 0,74 – 081 W/(m2*K),
Потрошената сезонска количина топлина, за еден метар квадратен затоплувана површина изнесува
Q = 0,78*(26–6)*15 206 400 = 237 219 840 J = 65,89 KWh за еден m2 за еден метар квадратен затоплувана станбена површина.
Мојот стан има 72 квадрати и вкупно за овие трансмисиони загуби трошам 72 * 65,89 KWh = 4744 KWh. Еден KWh јас го плаќам 5,25 денари и овие трансмисиони загуби во минатава грејна сезона ме чинеа 4744 KWh * 5,25 денари = 24906 денари. Под мојот стан се наоѓаат уште три стана. Едниот од нив е исклучен, но два сеуште се приклучени на Вашиот систем, па Вие треба да ми платите само половина од оваа сума – 12453 денари.
Да ги резимирам моите побарувања од Вас. Треба да ми платите за амортизација на мојот дел од имот 8784 денари; за тековно одржување 8784 денари и за трансмисиони загуби 12453 денари или вкупно 30021 денар. Од оваа сума Балкан Енерџи-Подружница Центар барам да ми плати 7/12 или 17512 денари, а Топлификација – Снабдување Центар 5/12 или 12509 денари. Измината грејна сезона Балкан Енерџи-Подружница Центар затоплуваше 3,5 месеци, а Топлификација – Снабдување Центар 2,5 месеци.
Прилог: фактура
...........................