- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
- Возраст
- 72
Продолжение на # 926 на страна 62
За да се објасни зошто Јавната власт ја толерира и штити Топлификација, иако е очигледо дека се извршени кривични дела, најдов две можни објаснувања. Тие се дека: (а) Јавната власт не знае што се крие зад случајот Топлификација и (б) добро знае што представува Топлификација, но не превзема мерки бидејќи тоа ќе има големи негативни последици за Македонија.
Сега ќе ги образложам овие две можни објаснувања.
(а) Едно од можните објаснувања е незнаењето на нашите политичари.
Нашите политичари многу пати покажале дека немаат поим што стварно се случува. Ќе објаснам со пример:
Во предизборната кампања за време на минатите локални избори речиси сите кандидадити за градоначалници ветуваа „ брза “ гасификација во своите општини. Некои дури и изградиле локални гасоводи, а како не постои главна гасоводна мрежа низ Македонија, планираат со цистерни да носат гас од Бугарија. И сите тврдеа дека гасот е ефтино гориво, ама ете поради лошото (не)работење на конкурентскиот кандидат на граѓаните им е ускртен гасот, а тие штом ќе станат градоначалници ќе го поправат тоа.
И тоа го тврдеа, како кај нас се вели, со „ сиот памет “
На такви не вреди да им објаснуваш дека метанот не може да се втечни и дека економски не е исплативо компримираниот метан да се транспортира со цистерни, ниту пак компримираниот метан представува ефтино гориво, се работи за племенито и скапо гориво.
Локалните избори завршија и престана овој галиматијас со гасот. Но остана впечатокот дека нашиве политичари немаат поим за што се работи. Едноставно еден ќе спомне гас и сите како јато гуски ќе почнат да гракаат, гас, гас, гас....
Можно е и во случајат на Топлификација слично да се однесуваат. Слушнале дека струјата добиена од гас ќе биде ефтина, слушнале дека ќе има когенеративно искористување на гасот, слушнале за Карноовиот циклус.... И врз на ова веруваат во лагите на Топлификација:
Топлификација со години ја пласира следнава лага: „ Помина врмето на ефината енергија, сега енергијата е скапа “. Тоа е лага... Никогаш порано енергијата не била поефтина од колку што е денес. Никогаш порано, Човечкиот род не би опремен со помоќни дупчалки кои можат да дучат и на суво и под море, илјадници метри длабоко во земјата, барајќи нафта или гас и поминувајќи низ најтврдите карпи како низ сирење. Никогаш порано не постоеле по моќни рото-багери или комбајни за јаглен кои копаат по десетици тони јаглен во една секунда. Никогаш порано немало поголеми бродови, поголеми нафтоводи и гасоводи за да тоа гориво се пренесе до купувачите и тн.
Конкретно за случајов на исклучените, Топлификација пласира друга лага. Таа вели: денес струјата е многу скапа и ја нема. Зимно време се троши многу повеќе струја од колку што се троши во лето. Во зима е неопходно да се растерети електо системот и затоа граѓаните мора да се присилат да го користат парното на Топлификација. И еве, Топлификација го изградила ТЕ – ТО кое когенеративно го искористува гасот и на тој начин ќе се добие ефтина струја и ефтино затоплување и сите ќе бидат среќни и весели ако Топлификација продолжи да ги затоплува.
Ама и кај ова тврдењеТоплификација пласира повеќе невистини.
Топлификација затоплува помалку од 0,5%, од бројот на сите станови во Македонија и ништо нема да се смени ако Топлификација престане да затоплува. Зимно време е поголема потрошувачката на струја во сите земји, а тоа се должи не само на потребите за затоплување туку и за осветлување, зголемено производство, работењето на школите и тн.
Следна лага е дека струјата од увоз е посебно скапа. Струја лесно може да се увезе по цена од 50 US$/MWh, често и по пониска цена. Истовремено прикриваат дека гасот, кој е исто од увоз, има повисока цена сметано по еден MWh. Гасот во моментов чини 495 US$ за илјада нормални метри кубни, но минатата зима во еден период чинеше 580 US$. Еден метар кубен гас има 10 КWh енергија. Значи цената на енергијата од увозниот гас е од 49,5 до 58 US$/MWh, односно енергијата од гасот е повисока од енергијата од увозната струја.
И тврдењето дека ТЕ – ТО е вистинска когенеративна централа е лага. Вистинска когенеративна централа која има моќност од 200 MW струја има моќност од барем 400 MW за затоплување. Со 400 MW, можат да се затоплуваат барем 120 до 150 илјади станови. Толку станови нема во цело Скопје . А топлината од котларниците не може да се пренесува на поголеми далечини од неколку километри, што значи од ТЕ – ТО можат да се затоплуваат најмногу десетина илјади станови во населбите Аеродром, Ново Лисиче, Центар и Автокоманда, кој се блиску до ТЕ - ТО
Лага е дека ТЕ – ТО ќе произведува ефтина струја. Струјата од ТЕ - ТО ќе чини од 120 до 150 US$/MWh. Покажавме дека од ТЕ – ТО можат да се затоплуваат само десетрина илјади станови кој се наоѓаат во бизина на ТЕ – ТО. А тоа значи дека когенерација практично не постои, односно ТЕ – ТО е обична кондензациона електрана и трошковите на гасот ќе влезат во цената на струјата. А по таа цена струјата произведена во ТЕ – ТО нема да најде купувач.
Што е најстрашно, никој не пресметал колку ќе чини еден час работа на ТЕ – ТО. ТЕ – ТО нема технички можности да го менува капацитетот, ниту да прави прекини во работата. Во периодите кога работи тој ќе троши исто количество гас секој час. За еден час работа ТЕ – ТО троши 57 илјади нормални метри гас а тоа, со сегашните цени, месечно ќе чини:
495 дол. * 57 илјади м3 * 24 часа * 30 дена = 20 314 800 US$/за еден месец работа на ТЕ – ТО
За 6 месеци работење на ТЕ - ТО, само за гас ќе треба да се платат 120 милиони US$. А дали некој прашал од каде Скопјани ќе најдат толку долари секој месец. Ако Скопје има 600 илјади жители, секој од нас треба да плати месечно по 33 US$ за да се соберат ови 20 милиони долари месечно за гасот што ТЕ – ТО ќе го троши ( секој од нас треба толку да плати – секој, од бебињата во породилно, до старците на геријатриска нега )
Да ја разгледаме сега варијантат (б) – Јавната власт добро знае што представува Топлификација и ТЕ - ТО, но не превзема мерки бидејќи тоа ќе има големи негативни последици за Македонија.
Покажавме дека во дејствувањето на Топлификација е сторено барем едно кривично дело, за које постојат очигледни докази – остварување на несразмерна имотна корист опишано во член 260 став 1 од Кривичниот законик. Но тоа не е единствено кривично дело кое го сторија „ визионерите “ од Топлификација, има и други дела за кои би можеле да се гонат, но доволно е и ова едно. Но Јавната власт не ги гони и не само тоа, го исполнува секое барање на Топлификација. Одлуката исклучените да и плаќаат на Топлификација ја донесе Регулаторната комисија, но на барање на Топлификација. И Јавната власт се согласи тоа да го направи и покрај тоа што Уставниот суд во 2009 година донесе одлука исклучените да не плаќаат. Еве сега Уставниот суд молчи десет месеци. А како што веќе кажав во јуни 2012 се слушнаа гласини дека пред Уставниот суд „ поминала “ одлуката исклучените да плаќаат, односно дека работава е „ наредена.“ И веројатно сега Уставниот суд чека да почне сезоната на годишни одмори, па да ја потврди одлуката на Регулаторна.
И сега се прашуваме, зошто Јавната власт ја штити Топлификација и ги остварува сите нејзини желби?
Еве го моето видување на ова:
Воопшто не е проблем да се започне кривична постапка против „ визионерите “ од Топлификација. Постојат очигледни докази и секој суд ќе ги осуди за сторените кривични дела. Таа судска пресуда ќе содржи и одредба Топлификација да ја надомести противправно остварената имотна корист, која е остварена со вршењето на кривичното дело. А тоа значи дека ќе се конфискува имотот на Топлификација.
Имот на Топлификација е дел од ТЕ – ТО. ТЕ – ТО е промашена мегаломанска инвестиција која нема било какви изгледи некогаш да работи, а има долгови од 120 милиони евра главница. Дел од тие пари се позајмени од наши банки од страна на Топлификација ( околу 20 милиони евра). Поголемиот дел ( околу 100 милиони евра) од кредитот се пари кои рускиот партнер во изградбата на ТЕ – ТО, го земал од германска банка, но гаранција за тој кредит дала наша банка. Што значи ако ТЕ – ТО пропадне, Рускиот партнер нема да сака да ги врати парите на Германците и овие пари ќе треба да ги врати Македонија.
Од друга страна и корисниците на услугите затоплување на Топлификација ќе бараат надомест на штетата предизвикана со вршењето на кривични дела. Топлификација од нив остварила противправна имотна корист и тие имаат право да бараат надомест на штетата.
Трета оштетена страна се акционерите на Топлификација. Топлификација има 450 илјади акции кои се сопственост на 2700 акционери. Секоја од тие акции денес чини околу 1500 денари, но акционерите своевремено ги купуваа по многу повисока цена. И многу е веројатно дека, во случај на конфискација на имотот на Топлификација и тие да бараат оштета.
Можеме да процениме, дека во случај на конфискација на имотот на Топлификација вкупните обврски на Македонија ќе изнесуваат околу 150 милиони евра.
Според мое мислење ова е причината зошто Јавната власт ја толерира Топлификација.
Вие можете сами да процените која од варијантите (а) или (б) е поверојатна како објаснување на постапките на Јавната власт.
Oва беше последно продолжение.....