Ф
Фидо Дидо
Гостин
Вака изгледа прелиминарно Претсавката:
Почитувани, Ви се обраќаме Вам со надеж да ги оствариме нашите повредени граѓански права.
Со одлука на Уставниот Суд е решено:
Уставен Суд на Р.М. врз основа на член 110 од Уставот на Р.М. член 28 алинеа 1 и член 71 од Деловникот на Уставниот Суд на Р.М. (Службен Весник на Р.М. бр. 70/92) на седницата одржана на 17.12.2008 год. донесе: РешениеВо кое во точка 5 алинеа 7 Судот оцени дека со изнесената законска регулатива не била утврдена обврската за лицата кои веќе немаат статус на корисници, да плаќаат надомест како резултат на исклучување од енергетскиот систем. Во истото решение точка 5 алинеа 1 стои: „Според член 8 став 1 алинеа 3 и 7 од Уставот на Р.М. владеењето на правото и слободата на пазарот и претприемништвото се темелни вредности на уставниот поредок на Р.М.“ Во спротивност со Уставот и решението на уставниот суд, Регулаторната Комисија за Енергетика на ден 01.08.2012 донесува подзаконски акт цитирам: „Член 53 став 2. Исклучените од став 1 на овој член се задолжуваат со плаќање на надоместок за ангажирана моќност (?) (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија кој се определува согласно со тарифниот систем за топлинска енергија“. Со ова Регулаторната Комисија ја става АД „Топлификација“ над Уставните одредби и решение на Уставниот Суд. Со наведениот подзаконски акт се наметнува неоправдана парична обврска на граѓаните за плаќање паричен надоместок за услуга која не ја добиваат, воедно граѓаните немаат склучено договори со АД „Топлификација“ за вакви односи, поради што обврската за плаќање паричен надоместок за услуга која не ја примаат е спротивна на уставниот принцип кој се однесува на владеење на правото. Со вакви апсурди и нелогичности произлегува дека јас од АД „Топлификација“ треба да барам паричен надоместок за догревање на цефките поради што загревајќи го мојот стан ги догревам и цевките од инсталацијата за греење.
Добредојдени се било какви корекции и надополнувања.
Претставки има во седиштето на Народниот правобранител [зградата на Пелагонија каде што е сместена и РКЕ
] или тука.