Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Добро а знае ли некој зошто ТЕ-ТО не работи односно не произведува струја. Има бројни шпекулации а од она што имам проверено ТЕ-ТО има огромен капацитет за производство на струја (малтене доволно да го замени целокупниот годишен увоз). Дали производството им е неисплатливо доколку не ја продадат топлинската енергија?
 
TE - TO не само што не работи,туку најверојатно , никогаш,нема ниту да работи.
Се работи за однапред промашена мегаломанска инвестиција.
ТЕ - ТО троши за еден час работа 57 илјади метри кубни гас што по сегашната цена на гасот чини 33 илјади долари на час.
За еден час работа ТЕ - ТО ќе произведе 215 000 KWh електрична енергија.
Во таквото производството, во цената на еден KWh електрична енергија, само трошоците за гас ќе учествуваат со: 33 000/215 000 = 0,15 долари во еден KWh
0, 15 долари * 48 денари за еден долар = 7, 2 денари, а плус се сите други трошоци ( амортизација, профити, плати )
Сешната цена на струјата за домаќинствата е во Македонија е 6, 56 денари
7, 2 денари е повеќе од сегашната цена.
Што значи неопходно е корисниците на Топлификација да ја „ дотираат “ цената на струјата.
Но топлинската енергија може да се пренесува на далечина само неколку километри од котларницара. Од ТЕ ТО може да се затоплува само Аеродром, Центар и Ново Лисиче.
Ниту тие граѓани, ниту сите потрошувачи на Топлификација не се во состојба да го „ дотираат “ ТЕ - ТО
За да ТЕ - ТО работи 6 месеци потребни се
33 000 долари на час * 24 часа * 30 дена * 6 месеци = 142 милиони долари, а ниту третина од оваа сума не можат да платат дваесет или триесет илјади корисници на Топлификација заедно со исклучените
На овој начин ТЕ - ТО можеше да функционира да имаше моќ од 5 - 10 MW, тој има дваесет пати повеќе, а вака тоа е само една промашена, мегаломанска инвестиција за која допрва ќе слушаме
 
oplifikacij AD - Skopje
Друштво за производство и дистрибуција на топлинска енергија
Лондонска б.б.
1000 Скопје
Р.Македонија
Тел.централа: +389(0)2/30 97 600
Факс: +389(0)2/30 76 057
toplif@toplif.com.mk
www.toplif.com.mk
дата: 31.12.2012
Предмет: Соопштение
Топлификација АД потпиша договор за закуп на основните средства неопходни за вршење на дејноста
производство на топлина со новиот носител на лиценца Производство на топлина Балкан Енерџи Груп.
Согласно договорот за закуп новиот носител на лиценца има обврска да инвестира во основните средства
износ во висина на годишната амортизација на основните средства со цел вредноста на истите да не се
намалува. Исто така новиот носител на лиценца на Топлификација АД ќе и плаќа закупнина во висина на
одобрениот принос на капитал за оваа дејност кој во согласност со постојните акти на Регулаторната
Комисија за Енергетика изнесува околу 1 милион евра на годишно ниво.
Согласно договорот за преземање на вработените, новиот носител на лиценца се обврза да ги преземе
сите вработени од фирмите кои досега беа носители на лиценците за производство, дистрибуција и
снабдување со топлинска енергија.
Согласно деловниот план на Топлификација АД за наредните три години се очекува позитивен биланс на
успех и тоа: за 2013 година добивка од околу 700.000 евра, за 2014 година добивка од околу 2,2 милиони
евра и за 2015 година добивка од околу 2,6 милиони евра. Позитивниот нето готовински тек во 2013
година се очекува да биде околу 10,4 милиони евра, во 2014 година околу 4,3 милиони евра и во 2015
година 3,1 милиони евра. Ваквите резултати за нето готовинските текови во следните три години ќе
овозможат намалување на задолжувањето на Топлификација АД во висина од околу 17,6 милиони евра.
Детална информација за акционерите на Топлификација АД и Деловниот План за наредните пет години се
објавени на интернет страната на Топлификација АД.
Топлификација АД Скопје
До:
МАКЕДОНСКА БЕРЗА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
19 65
 
@ Acme Inc.
На врвот од страницата на http://www.toplif.com.mk/glavna.htm има две нови работи:
Информација за акционерите....
Деловен план 2013 - 2017
Таму е по опширно истото напишано а има и ова:
2. Ефектите од основната дејност на Топлификација АД во минатото
Топлификација АД повеќе од 45 години се занимава со производство, дистрибуција и
снабдување со топлинска енергија.
Во целиот тој период основната дејност никогаш не била економски атрактивна дејност.
Во најголем дел од овој период годините се завршувани со мали позитивни или мали
негативни резултати. Исклучок од таквите состојби се средината на осумдесеттите години
од минатиот век кога Топлификација АД е најголем загубар во тогашна Југославија и 1993
година која Топлификација АД ја завршува со загуба од десетина милиони долари и со
вкупен долг на крајот од 1993 година од дваесетина милиони долари. Ваквата состојба е
присутна и во моментот во скоро сите топлификациони системи во регионот.
Од 1994 година до 2011 година Топлификација АД континуирано покажува позитивни
финансиски резултати.
Во тој период од 2006 до 2009 година Топлификација АД покажува сериозни загуби од
регулираните дејности. Вкупните резултати на фирмата се позитивни бидејќи во 2006 и
2007 години Топлификација АД ги продава своите акции во Комерцијална Банка АД
заради финансирање на инвестицијата во ТЕ ТО АД. Најголемиот дел од акциите се
продадени по максималната вредност на акциите на Комерцијална Банка АД воопшто
постигнати на пазарот (7700 денари за акција). Од таквата продажба е остварена билансна
добивка од околу 7 милиони евра и вкупен приход од околу 8,5 милиони евра.
Вкупниот приход од продажбата на акциите е инвестиран во ТЕ ТО АД, а билансните
добивки од овие продажби ги покрија загубите од регулираните дејности во тој период.
Со тоа Топлификација АД вложувањата кои ги имала во Комерцијална банка АД ги
трансформира во вложувања во ТЕ ТО АД во момент на највисока пазарна вредност на
вложувањата во Комерцијална Банка.
Оперативните загуби направени од регулираните дејности во периодот 2006 – 2009
година се покриени со кредити од комерцијалните банки. Највисоката вредност на овие
кредити беше околу 10,5 милиони евра, во моментот е околу 8,5 милиони евра.
За периодот 2006 – 2009 година и за причините на оперативните загуби од регулираните
дејности се направени повеќе независни експертизи. Првата е направена по нарачка на
Регулаторната Комисија за Енергетика (РКЕ) во 2008 година за периодот 2005 – 2007
година. Оваа експертиза РКЕ никогаш не ја објави јавно, иако за тоа беше обврзана со
актите кои го регулираат работењето на РКЕ. Неофицијално оваа анализа само за две
години покажала оперативни загуби од околу 4,2 милиони евра.
Двете други експертизи, нарачани од Топлификација АД се направени за периодот 2006 –
2009 година. Едната ја правеше PriceWaterhouse Coopers (PWC). Оваа анализа е правена
за информација на акционерите на Топлификација АД и на Владата на РМ за причините на
штетите од регулираните дејности во тој период. Втората експертиза за истиот период е
направена од Moore Stephens. Оваа експертиза е направена за судскиот процес против
РКЕ во кој Топлификација АД побарува надомест на штета од околу 16 милиони евра за
периодот 2006 - 2009 година. Двете овие анализи од PWC и од Moore Stephens
покажуваат оперативни загуби од регулираните дејности во анализираниот период од
околу 10 милиони евра и заедно со неостварената добивка од регулираните дејности
вкупните штети се проценети на околу 18 милиони евра од PWC и на околу 16 милиони
евра од Moore Stephens.
Како последица на пријавата од Топлификација АД за штетите кои РКЕ ги направилa со
носење на одлуки за цени во периодот 2006-2007 година Јавниот Обвинител на град
Скопје во јули 2010 година поднесе кривична пријава и покрена истрага против петте
члена на РКЕ кои биле во периодот 2006-2007 година.
Во моментот тече спорот помеѓу РКЕ и Топлификација АД за штетите направени со
одлуките кои РКЕ ги носел во периодот 2006 – 2009 година, во висина од 16 милиони
евра.
.........
Не само што Топлификација не опљачка, туку сега бара уште 16 милиони евра оштета, бидејќи и биле ниски цените Се разбира ќе бара и камата.
 
Знае некој кои се Balkan Energy Group? Турци да не се?
 
Знае некој кои се Balkan Energy Group? Турци да не се?
Јас првпат деновиве слушнав за ова претпријатие. Имаше по весници дека е тоа неко претпријатие со двајца вработени и 50 илајди евра капитал а регистрирано на Кипар.
 
Јас првпат деновиве слушнав за ова претпријатие. Имаше по весници дека е тоа неко претпријатие со двајца вработени и 50 илајди евра капитал а регистрирано на Кипар.
Не е тоа прочитав дека Балкан Енерги Груоп е керка фирма на ТЕ-ТО и Синтес Гроуп од Русија. А топлификација има удел во ТЕ-ТО...А имаше некоја информација дека удели во Топлификација купила акции некоја офф-шор фирма дали е истата незнам. Е сега каде е регистирана Балкан Енерги Гроуп незнам ама имаше некои правила каква фирма може да конкурира на тендерот неможе некоја оффшор и нова фирма...Ситуацијава е бајаги замешана. Но едно е јасно Русиве го презимаат производството на топлина во МК.
 
Acme Inc.
Eве во Фактор мк. има напис за Балкан Енерџи Гроуп и се вели:
Бизнисот со топлинска енергија од денеска наместо Топлификација, го води “Балкан енерџи груп”. Оваа компанија е оформена на Кипар од руските газди на Те-То, гасната централа во Скопје. Во Македонија фирмата фирмата е регистрирана како Балкан енерџи груп-Скопје и претставува Друштво за инвестиции, производство, трговија и советодавни услуги. Според податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност акционери се две странски правни лица кои поседуваат 250 акции по цена од 200 евра, а номиналната вредност на капиталот на компанијата е 50.000 евра. Седиштето на фирмата е во општина Кисела Вода.
Кој сака може да го прочита целиот напис на:
http://faktor.mk/archives/19033
 
http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=&rub=8&item=23003
Oва е страница на Телма и таму го најдов ова:
Регулаторната комисија за енергетика воедно ги донесе и измените на лиценцата на АД Електрани на Македонија - подружница Енергетика, во државна сопственост, Скопје.
Изменувањето на лиценцата е направено како резултат на Договорот за закуп на мрежата во делот на подрачјето од општина Гази Баба, односно подрачјето во кое од 1 јануари годинава ќе испорачува топлинска енергија за потрошувачите.

Ако има некој од Автокоманда кој претходно бил на Топлификација нека опише колку претходно плаќал затоплувањето, а колку ќе се плаќа сега
 
Oва го направи еден наш Сограѓанин, а јас само го препишав и го ставив моето име.
Идеата е следна: Ние исклучените да и доставиме фактура на Топлификација да ни плати амортизација за користење на инсталацијата на зградата, бидејќи ние не коритиме парно но сме сопственици на дел од инсталацијата. Јас ќе им поднестам ваква фактура, а кој сака нека направи, copy - paste
Еве како изгледа Известување, Анализа на трошоците и фактура
..........................................
До Снабдување Центар Скопје
бул. Партизански одреди бр 22
Од Смрт за зони и пајак возила
Ул.Форум „ Кајгана “ Скопје
Предмет: известување
Исклучен сум од топловодното греење во зградата на горната адреса. Независно од тоа, и понатаму сум сопственик на еден идеален дел од инсталацијата за греење како и на градежниот дел и опремата на топлинската потстаница. Тој мој идеален дел вие го користите за снабдување со топлинска енергија на останалите станови кои не се исклучени од системот и на тој начин заработувате.
За користењето на истиот мој имот ви испраќам фактура бр 1/2012 од 20.11.2012 година како и анализа како е дојдено до висината на месечниот надоместок што треба да го плаќате.
Барам фактурата да ја платите на време или алтернативно да се откажете од користењето на мојот дел од инсталацијата. Доколку не ја платите фактурата или не престанете да го користите мојот имот, ве изветувам дека ќе бидам принуден да ви забранам пристап до топлинската потстаница и инсталацијата.

Прилог кон ова писмо:
-фактура бр 1/2012
-анализа од 15.11.2012 година

20.11.2012 Со почит:
Скопје
_________________
Смрт за зони и пајак возила
....................................................
АНАЛИЗА
За трошковите на амортизација на инсталацијата за централно отоплување во зградата на каде се наоѓа мојот стан во Скопје, во делот на идеалната моја сопственост

ПОВРШИНА НА СТАНОВИТЕ:
Влез 1 8 станови х 56 м2 ........................................................= 448 м2
2 стана х 119 м2 .......................................................... = 238 м2
__________________
Вкупно: 686 м2

Влез 2 8 станови х 68 м2 ...................................................... = 544 м2
8 станови х56 м2 ....................................................... = 448 м2
4 станови х 126 м2 .................................................... = 504 м2
2 стана х 30 м2 .......................................................... = 60 м2
__________________
Вкупно: 1.556 м2

Влез 3 како влез 1 ........................................... Вкупно 686 м2

Или вкупна станбена површина: ......................................... 2928 м2

ВРЕДНОСТ НА ИНСТАЛАЦИЈАТА:

Инсталација во зградата 2928 м2х 40 евра .......................... 117.120 евра
Топлинска потстаница 1. градежен дел ............................... 12.000 евра
2. инсталација ................................. 15.000 евра

АМОРТИЗАЦИЈА И ТЕКОВНО ОДРЖУВАЊЕ НА ГОДИШНО НИВО:

Инсталација во зградата, амортизација117.120: 40 год......... 2.928 евра/1 година
Тековно одржување 117.120 х 5% ........................................ 5.856 „ „
Потстаница:
Градежан дел амортизација 12.000 евра: 2% ......................... 240 „ „
Градежен дел одржување 12.000 евра х 5% .......................... 600 „ „
Инсталација амортизација 15.000 евра х 5%............................ 750 „ „
Инсталација одржување 15.000 евра х 5%............................... 750 „ „
________________________________________
Вкупно амортизација: 11.124 евра/1 година

Амортизација на м2 на годишно ниво: 11.124 евра: 2928 м2= 3,8 евра/ м2

Амортизација на делот кој е моја сопственост на годишно ниво:

119 м2 х 3,8 евра = ..................................................................... 452,20 евра
Или месечно 452,20 : 12 = ................................. 37,68 евра
Месечна кирија ................................................... 10,00 евра
Персонален данок ............................................... 1,00 евро
_________________________
Месечен надоместок: 48,68 евра

Или во денари: 48,68х61,5 = 2.994,00 денари.

Скопје,15.11.2012 Анализата направена од:
_______________________
Смрт за зони и пајак возила
......................................................................

До Снабдување Центар Скопје
бул.Партизански одреди бр 22
Од Смрт за зони и пајак возила, Скопје
Ул. Форум „ Кајгана “ Скопје

ФАКТУРА БР. 1/2012

За користење инсталација за топловодно греење во моја сопственост

1. Надомест за 2011 година
12 месеци х 2.944,оо денари ...................................................... 35.328,оо денари

2. Надомест за 11 месеци од 2012 х 2.944,00 денари................= 32.384,оо денари
__________________________
Вкупно: 67.712,оо денари

Со букви: шеесет и седум илјади седум стотини и дванаесет денари.

Плаќањето да се изврши на име Смрт за зони и пајак возила
Трансакциска сметка бр. 3454ххххххххх во Таа и таа банка.

Рок за плаќање 8 дена по добивањето на фактурата. За задоцнето плаќање се пресметува законска затезна камата.

Скопје 20.11.2012 Фактурирал:
______________________
Смрт за зони и пајак возила
.....................................................................
 
ова ти е јако, многу јако и ....... ух колку само сакам да ти успее.
само имам 2 прашања.
првото за вредноста на инсталацијата. како ја утврди дека е по 40 евр. и 40 евра што? метар?
потоа, ....... за потстаницата ..... 12к? мислев дека е поефтина а и оние 15к не ми се јасни
тоа е првото прашање. второто е
околу амортизацијата. контам дека ТИ не користиш парно, ама ОНИ ти го користат твојот дел. но во првата ставка имаш 40год????? тоа е дека зградата е 40години стара? тоа би значело дека ако некоја зграда е 25 год, со некоја вредност на инсталација на отприлика 115 000 дека цената на м2 би била 4600евра?
верувам дека не се глупи прашањава
 
Ај белким овие русиве ќе бидат подобри од Топлификација.
 
Ај белким овие русиве ќе бидат подобри од Топлификација.
не умри магаре до зелена трева. баш денес дискутирав за ова и реков дека СЕКОЈ кој има можност да заработи повеќе, тоа и би го направил. односно, ако видат дека луѓето си плаќаат, не се бунат, не се откажуваат, дека цените ќе си останат исти. па дури и условите за услуга исти ќе си останат. дека во 21 часот ќе се гаси, дека во 5-6 ќе се пали, дека ако надвор е +12 степени ќе нема и сл.
дај боже да грешам, треба да се доведе во ред овој башибозлук.
П.С. и дали ќе се реши проблемот со исклучените кои сега плаќаат
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom