Толеранција

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Толерирам, ама укажувам дека постапката или нештото е толерирано. Ако продолжи, а ми значи, протестирам, санкционирам.. све по ред :), а ако не значи баталувам.
 
Tолерирам, значи и тоа некогаш и премногу, којзнае што живци ќе имав.. значи треба човек на ептен ама незнам претерано да ја премине границата за да избувнам, е ако тоа се случи тогаш веќе е страшно и нема назад или пу пу неважи, тогаш со сите средства и сили одам во напад, и затоа поарно е да бега него да остане:wink:
 
Што е со толеранцијата кај вас?
Дали сте толерантни и колку? Имате некоја граница за се` или имате само работи кои ги толерирате скроз или не ги толерирате ич.
Што можете, а што неможете да толерирате?
Колку преголемата или премала толеранција знае да биде лоша или добра за нас?
И така ...:salut:
Толеранцијааа...хммм тоа го нема кај мене.а добро е да можеш да толерираш,помага некогаш зависи од ситуации и случки...лично јас неможам ништо да толерирам...тоа што ми смета одма си кажувам :)
 
Јас толерирам и тоа многу повеќе од колку што треба.Тешко ми пука филмот пред тој што го толерирам, иако во себе може и се јадам, ама трпам. Ама ако ми пукне филмот е тогаш , како што вели еден мој близок „бегајте змии и смокови“ :pos2::pos2::pos2::toe:
 
Ама тоа што не ги толерирам не значи дека избувнувам туку едноставно ги игнорирам.
Баш така, ни јас не сум ибувлива личност, само ги игнорирам ситуациите кој што почнуваат да ми идат на нерви.
Најчесто ме нервира лижење гз, памењтаковичи кој што се ставаат над сите, и жени кој глумат неспособност. :)
 
Хм...некои работи ги толерирам и тоа премногу(надевајќи се дека ќе се сменат..) ама некои воопшто не ги толерирам...
Лесно сум избувлива и се си земам при срце(can't help it:smir:)...
 
Што е со толеранцијата кај вас?
Дали сте толерантни и колку? Имате некоја граница за се` или имате само работи кои ги толерирате скроз или не ги толерирате ич.
Што можете, а што неможете да толерирате?
Колку преголемата или премала толеранција знае да биде лоша или добра за нас?
И така ...:salut:
Па, да речеме дека имам некоја граница на толеранција, но таа варира во зависност од проблемот, некогаш да биде прениска за екстремните случаи, но и превисока, што често може да е лоша за мене. Значи да, постојат работи кои не ги толерирам воопшто, но сепак не сакам да избрзувам па им давам ниска граница на толеранција. Не толерирам неправди, лаги, неверства, работење зад грб, предавство и сл. Сепак, ако се работи за ситници, на пр. ситна лага и може да преминам преку тоа. За други не толку сериозни работи имам доволно толеранција, се додека не се најде некој да го искористи тоа и да ја премине и таа граница... Впрочем, се што не можам да поднесам се трудам да го избегнам или да се оддалечам, ако тоа не е можно трпам колку можам, што може да е и максимално секако додека не се премине и крајната граница!!!:helou:
 
Не толерирам скоро ич!Ретко,бргу филмот ми пукат. Живчан чоек сум:)))
 
Толерирам колку што е потребно. Треба да се направи добра проценка за тоа дали толеранцијата би наштетила на нешто или не, во некој случаи треба брзо да се интервенира и толеранцијата би влијаела многу лошо.
Али да, толерирам.
 
Што е со толеранцијата кај вас?
Дали сте толерантни и колку? Имате некоја граница за се` или имате само работи кои ги толерирате скроз или не ги толерирате ич.
Што можете, а што неможете да толерирате?
Колку преголемата или премала толеранција знае да биде лоша или добра за нас?
И така ...:salut:
За мене толеранцијата има мнооогу широк фазон на граници... Сепак и покрај оваа енормна граница постоја и работи кои ниту во најмал случај не ги толерирам, а не пак да поставувам граници за нив.
Можам да толерирам буквално се’, освен лаги и лицемерие. Преголемата толеранција може со тек на време да прерасне во мулти-толеранција, што би не’ направило личности на кои за се’ би им било гајле, додека пак нулти-толеранцијата би не’ направила луѓе кои би биле заслепени од ставови кои само за нас би биле нормални и прифатливи.
 
Мнооооогу толерирам, ама се знае граница, ако некој ја помине тешко него :duel:
 
Toлерантна сум кон многу работи..значи толерирам работи шо стварно ми одат на нерви,со надеж дека тој паметниот ќе му текни до кај стигнал, ама си има и мојата толеранција граница.. е тогаш веќе кога некој толкав паметњакович ја прешол границата , ми пука филмот и стварно тогаш не се контролирам колку зборвам и како зборвам, кој и да е не ме интересира..после можда ќе се каам шо сум кажала нешто што не сум мислела баш така,ама тој/таа нека си мислеле порано до каде си поигрувале со мојата толеранција.
 
Толеранцијата за мене е многу релативна работа ,кога се работи лично за мене можам многу да толерирам ,но недај боже да се работи за мои блиски и драги лица сум тотално нетолеранта и реагирам веднаш и остро . инаку во принцип тешко толерирам предавство.
 
Се обидувам да бидам толерантна колку што можам повеќе...Но, не секогаш успевам во тоа. На крај краева и јас сум човек како и секој др. и мене ми „пука“ филмот...
Е тек тогаш е најлошото... Губам контрола врз себеси, се карам со сите, и со тие што се криви и со тие што не се виновни за ништо... Ама во тие моменти на лудило не сум свесна што правам... Иако подоцна за тоа мн. се каам...за жал нема назад:(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom